Штип бара референдум за парите што со децении се замрзнати во трезорот


Штипјани ќе се изјаснуваат за уште едно прашање – дали средстватата од самопридонесот ќе може да се пренаменат за реконструкција на дотраената водоводна мрежа, ако има референдум за последниот Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија.   Локалната самоуправа ќе побара да се изјаснат и дали се согласни да се пренаменат парите […]

Филип Јованов, Македонец роден во Швајцарија, е еден од шампионите на „SwissSkills 2022“


Македонец роден во Швајцарија, по потекло од Радовиш – Филип Јованов освои бронзен медал и стана еден од годинашните шампиони на саемот „SwissSkills 2022“ што се одржува во Берн. Како што јави известувачот на МИА, Јованов е проектант на водоинсталации, а занаетот „го печел“ низ швајцарскиот модел на дуално образование. Откако најпрво се остручил за […]

Зголемен сообраќај низ државата, на границите нема подолги задржувања


 Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти Автомотосојузот. АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, […]

До 10 години затвор за загадување на животната средина


Долготрајното и широкораспространето загадување на животната средина ќе стане ново кривично дело – Екоцид, доколку се усвои актуелниот предлог текст на новиот Кривичен законик, а ќе се казни со доживотен или најмалку десет години затвор. Во делот на еколошкиот криминал, како што појаснуваат за МИА од Министерството за правда освен тоа што се воведуваат некои […]

Во Тетово се оценува квалитет на мед од 260 пчелари од 21 земја


На Универзитетот во Тетово денеска триесетина судии започнаа со органолептичка анализа на пристигнатите примероци мед во рамки на четвртиот натпревар за квалитет на мед „Тетово награди за мед“ (Tetovo Honey awards) што го организираат здруженијата „Полошки мед“ и „Градот на пчелите“. Пристигнаа 260 примероци на пчелари од 21 земја. -Го организираме натпреварот по четврти пати благодарение на помошта […]

Објектот ОВР Делчево за првпат целосно реконструиран


Објектот на ОВР Делчево е целосно реконструиран, информира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по денешната посета на објектот. Тој на неговиот фејсбук профил истакна дека за оваа реконструкција се одвоени 20 милиони денари. – ОВР Делчево е 76 реконструиран објект – изграден во 80-те години и сега за прв пат целосно реконструиран, во сите […]

Јубилејни 20 синдикални игри на МПС, опремена полиција – задоволни граѓани


Министерот Оливер Спасовски денеска во присуство на претседателот на Македонскиот полициски синдикат, Марјан Кицев, претставници на синдикатот и министерството и гости од странство ги отвори јубилејните 20 по ред синдикални игри на македонскиот полициски синдикат. Министерот Спасовски во своето обраќање потенцираше дека традицијата на одржување на спортскиот дух, на здравата компетиција, запознавањето и другарувањето, се […]

Сончево со мала до умерена облачност, попладне дожд


  Времето денеска сончево со мала до умерена облачност. Во западните делови ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а ќе има и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 32 […]

Македонските гастроентеролози во глобална акција за борбата со потхранетоста предизвикана од болести


Македонското здружение за ентерална и парентерална исхрана се приклучува кон глобалната акција за борба со потхранетост предизвикана од болести, преку потпишување на Декларација со која се признава правото на нутритивна поддршка како посебно човеково право. Како што информираат од Клиниката за гастроенетерохепатологија Декларацијата ја потпишала претседателката на Здружението, проф. д-р Калина Гривчева Старделова на меѓународен […]

Нема потреба од грижи за наводно преземање на податоци на граѓаните, уверуваат од МОН по хакерскиот напад на веб страната


Веб-страницата на Министерството за образование и наука (МОН) од синоќа е хакирана.  Во моментов страната е целосно исклучена и до неа нема пристап. На сајтот на МОН пишува дека е хакирана од грчки хакерски тим „Netwatchers“. -Mинистерството за образование и наука е во комуникација со Националниот ЦИРТ центар за компјутерски инциденти при Агенцијата за електронски […]

„Создавање надеж преку акција“ – Светски ден за превенција од самоубиства


  Секоја година на 10 септември се одбележува Светскиот ден за превенција од самоубиства што има за цел да ја зголеми свеста дека самоубиството може да се спречи. „Создавање надеж преку акција“ е тригодишна тема за Светскиот ден на превенција од самоубиства од 2021 до 2023 година, како потсетник дека надежта постои и има за […]

Историја на три најстари континуирани училишта во Битола


Најстарите битолски училишта се изградени во периодот од 1847 до 1882 година и тие и ден денес се значајни образовни институции, објекти со непроценливо вредна архитектура. Според одредени хроничари, образовната дејност во Битола датира од средниот век, а почетоците се врзуваат со словенската просвета и кирилското писмо во повеќе училишта. Првото училиште во Битола било […]

На панаѓур со воз од Скопје до Демир Капија


  Недела, Голема Богородица. Се одлучивме за една несекојдневна авантура, да се појде на панаѓур, со воз од Скопје до Демир Капија. Тргнавме во 6:25 часот.   Уживавме во пејзажите што се менуваа како на филмска лента. Градски и селски средини, лозја и овоштарници, зелени ливади, кози растрчани по сочна тревичка. Во меѓувреме, навираат сеќавања […]

Променливо облачно, наместа со пороен дожд, грмежи и засилен ветер


  Времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со силни електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена. […]

Рускиот патријарх Кирил му пиша на архиепископот Стефан


  По донесената одлука од 25 август 2022 година на Свештениот собор на Руската православна црква за признавање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, на 8 септември оваа година, патријархот Московски и на сите Руси Кирил испрати писмо до архиепископот Охридски и македонски Стефан, во кое го известува за прифатената автокефалија. Еве […]

„Детска стоматологија“ – првата дама Ѓоргиевска меѓу авторите на првиот сеопфатен учебник кај нас


  Првиот сеопфатен учебник по детска стоматологија кај нас – Детска стоматологија од група автори, ќе биде промовиран на 13 септември (вторник), во 12 часот, во амфитеатарот на Стоматолошки факултет во Скопје. На промоцијата ќе се обратат проф. д-р Ќиро Ивановски (декан на Стоматолошкиот факултет), проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска (уредничката и една од авторите на […]

Регистрирани 34 случаи на Ковид-19, пријавени се три починати лица


Во последните 24 часа направени се 223 тестови, а регистрирани се 34 случаи на КОВИД-19, од кои осум се реинфекции. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, регистрирани се три починати лица во период од 10 до 29 август. Оздравени се 264 пациенти, а активни се вкупно 1032 случаи на коронавирусот, […]

Пендаровски стави крај на пародијата на Милошоски, го прескокна за амбасадорите


Претседателот Стево Пендаровски денеска реши да ја прекине пародијата во Комисијата за надворешни работи на Собранието, каде со месеци се оддолговлекува сослушувањето на кандидатите за амбасадори на Македонија во повеќе земји. Неговиот кабинет соопшти дека Пендаровски, во рамки на своите уставни надлежности, ги потпишал указите за двајца предложени амбасадори кои не дојдоа на дневен ред […]

И Весна Јовановска не стана уставна судијка


Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска не го утврди предлогот судијката од Управниот суд, Весна Јовановска, да биде судијка во Уставниот суд на Република Северна Македонија.Пратениците досега, освен кандидатката Татјана Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство, дадоа поддршка и за кандидатурата на граѓанскиот судија […]

Ќе се собира кабаст отпад во Кисела Вода


Во периодот од 19 до 30 септември, Општина Кисела Вода ќе го собира кабастиот отпад од граѓаните. – Продолжува практиката за собирање кабаст отпад по урбаните и месните заедници на наша територија. Со оглед на тоа што одложувањето на кабастиот отпад на несоодветни локации претставува проблем за домаќинствата, во период од 19 до 30 септември […]