Отворена првата „Фабрика за учење“ на Машинскиот факултет – Скопје


Во рамки на активностите на проектот „Learn4SMEs – Learning Factory for Improving Digital Competitiveness and Industry 4.0 Readiness of SMEs in the Balkans“ овозможен од Европскиот институт за иновации и технологија (EIT Manufacturing) и кофинансиран од Европската Комисија на Машинскиот Факултет во Скопје се одржа работилница на тема „Подготвеност на малите и средните претпријатија (МСП) […]

Барањата за повластени паркинг услуги за лица со попреченост може да се поднесуваат до 1-ви декември


Од ЈП „Градски паркинг“, Скопје, информираат дека во тек е процедурата за прибирање барања од страна на лицата со попреченост за користење на повластени паркинг услуги за календарската 2023 година. Од таму, ги потсетуваат своите корисници дека поднесувњата на барањата кое започна на 1-ви ноември 2022, ќе трае до 1-ви декември 2022 година. -Ги повикуваме […]

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека трансформаторот за РЕК Битола е преплатен


ВМРО-ДПМНЕ реагира на информациите околу доцнењето на реактивирањето на третиот блок во РЕК Битола порачувајќи дека ниту трансформаторот кој е на поправка е поправен, ниту новиот трансформатор е пристигнат. -Додека ги слушаме фалбите на Владата на „нашата земја“ за тоа колку енергија произвела државната компанија ЕЛЕМ, новиот трансформатор за третиот блок во РЕК Битола ќе […]

Од утре задолжително поседување на зимска опрема


Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од утре 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема, согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилото, за безбедно учество во сообраќајот на патиштата. (Службен весник бр. 31 од 2010 година). Апелираме до граѓаните да се придржуваме кон законската обврска […]

Лидија Димова не се појави во суд, одложено судењето за „Еразмус“


Судењето против поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, е одложено за 2 февруари, откако првообвинетата денеска не се појави во Основниот кривичен суд – Скопје. Како што информираше судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, обвинетата со поднесок до Судот побарала одложување на рочиштето поради влошена здравствена состојба. Одложување побарала и […]

ССМ: Закажана итна седница на УО на скопски „Водовод“ за отказот на претседателот на СО на СУТКОЗ


На барање на Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва (СУТКОЗ) при Сојуз на синдикатите на  Македонија (ССМ), Управниот одбор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје утре ќе одржи итна седница во врска со отказот на претседателот на Синдикалната организација на СУТКОЗ. Од ССМ велат дека отказот даден од […]

(Во живо) Обраќања на Ковачевски и Рама на заедничката седница


Владите на Северна Македонија и на Албанија денеска во Скопје ќе одржат меѓувладина седница на која официјални обраќања ќе имаат премиерите Димитар Ковачевски и Еди Рама. На меѓу владината седница ќе се одржи и церемонија на потпишување на договори и меморандуми од страна на министрите на двете влади со цел продлабочување на соработката меѓу двете […]

Мојсова-Чепишевска: Скопје е величествен феномен на македонскиот дух – да го направиме центар на светот


  Сите ние сакаме да го направиме Скопје средиште, центар не само на Македонија, туку на светот. Или средиштето на светот да го поместиме или сместиме токму во нашето Скопје. Центарот, особено во последно време, е престижна категорија, па во тој контекст и борбата за центарот станува премногу актуелна, зашто таа прераснува во борба за […]

ВМРО-ДПМНЕ: Богоев ќе гради хотел на брегот на Беровското Езеро, тој вели, не наскоро


Семејството на Стефан Богоев купило имот со маркица за хотел на четири ката на самиот брег на Беровско Езеро по цена од 400 денари за м2, вели ВМРО-ДПМНЕ. „Имотот на Богоев се простира на над 7.000 метри квадратни на самиот брег на езерото, и на истиот има маркица, за градба на хотел. Со хотел на […]

Без вода дел од „Илинденска“ и „Аминта Трети“


Поради менување вентил во шахта, без вода утрово од 9 часот без вода ќе бидат корисниците на ул. „Аминта Трети“ и дел од бул. „Илинден“ (потегот од Фонтана Парк до Влада). Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санација на дефектот, информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Задолжувањето од 530 милиони евра од ММФ на седница на Собранието


Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да ја одржи 92. седница. На предложениот дневен ред се две точки. Пратениците треба да ги разгледаат Предлог законот за задолжување на Република Северна Македонија кај Меѓународниот монетарен фонд со Кредитна линија за претпазливост и ликвидност и Предлог законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај […]

Советот на ЈО ќе одржи седница за именување на Абази за шеф на ОЈО ГОКК


Советот на јавни обвинители денеска ќе ја одржи седумдесеттата седница на чиј дневен ред е донесување одлука за именување на Ислам Абази за основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје. На дневен ред на 70-тата седница, исто така, е и носење одлука за објавување на оглас […]

Амбасадорот Гир во посета на Гостивар во рамки на кампањата ЕУ со тебе


Шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир во рамки на кампањата „ЕУ со тебе“ денеска ќе ја посети општина Гостивар. Ова е втора од низата посети на општините по отворањето на преговорите за пристапување на Северна Македонија во ЕУ, во јули 2022 година. Целта на посетите е да се презентираат новите чекори во […]

Посебен режим на сообраќај во Скопје


Во Скопје денеска ќе има посебен режим на сообраќај по сообраќајниците во поширокото централно подрачје. Како што информира Министерството за внатрешни работи, ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот поради делегацијата од Република Албанија, која е во официјална посета на земјава. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници […]

Светски ден против дијабетес, во државава дијагностицирани 172 949 пациенти


Околу 422 милиони луѓе ширум светот имаат дијабетес, а мнозинството од нив живеат во земји со низок и среден приход. Речиси 1,5 милиони од смртните случаи на светско ниво се препишуваат на дијабетес секоја година. Според информациите од Светската здравствена организација (СЗО), бројот на случаи на дијабетес постојано се зголемува во последните неколку децении. Дијабетесот […]

Сончево со мала облачност, претпладне магла


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне со појава на магла или ниска облачност по котлините. Ќе дува слаб јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени. Во Скопје претпладне со појава на магла или ниска облачност, а […]

Протест на движењето „Студентски отпор“, најавена средба со Шаќири и пратеници


Младинското движење на студентите „Студентски отпор“ за денеска во 16 часот најави мирен протест пред Собранието под мотото „Стоп за уништување на студентскиот стандард“, додека во 16 и 30 часот треба да се сретнат со министерот за образование Јетон Шаќири и со пратениците предлагачи на измените на Законот за студентски стандард. „Студенстки отпор“ бара повлекување […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 14 ноември 2022 година, 317-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 48 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 22 минути, а ќе зајде во 16 часот и 14 минути. Денов трае 9 часа 51 минути. Месечината ќе изгрее во 20 часот и 52 минути, а ќе […]

Доделени наградите „13 Ноември“ за 2022 година


Град Скопје вечерва  ја  додели наградата „13 Ноември“ за 2022 година, на свеченост во Националната опера и балет, по повод Денот на ослободувањето на Скопје. Добитници на наградата „13 Ноември“ од областа на публицистиката се: 1. д-р ИГОР РАДЕВ -за особен придонес на полето на книжевно-преведувачката дејност. 2. ЉУПЧО ЈОЛЕВСКИ -за  четиридецениска интензивна и професионална […]

Миленко Неделковски го изгуби судскиот спор против Секуловска, Србиновски и Пировска


Основниот граѓански суд Скопје го одби како неосновано тужбеното барање на Миленко Неделковски за утврдување на одговорност за клевета и надомест на штета против новинарите Пред Основниот граѓански суд Скопје на ден 06.12.2021 година беше поднесена тужба од страна на Миленко Неделковски против новинарите Дејан Србиновски и Билјана Секуловска како и против директорката на Хелсиншкиот […]