Магла на Плетвар, слаб снег на Попова Шапка


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Слаб снег провејува на Попова Шапка. Појава на магла има на Плетвар со видливост од 20 до 30 метри. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез […]

Променливо облачно и студено со сончеви периоди попладне


Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, со сончеви периоди во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно и студено со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 4 степени. […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 13 декември 2022 година, 347-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 18 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 53 минути, а ќе зајде во 16 часот и 3 минути. Денов трае 9 часа 10 минути. Месечината која е во фаза на полна Месечина, нема да изгрее […]

Дезинформациите ја намалија довербата во имунизацијата и во здравството


Во ерата на дигитализација и исклучително брзиот пренос на вести и информации, глобален предизвик е справувањето со постојниот наплив на непотврдени информации и дезинформации. Точните и навремени информации се клучни за заштита на здравјето на децата како и на целокупната популација. Изминатиот период поради ковид-19 здравствениот систем се соочи со бројни предизвици, меѓу кои и […]

Продолжуваат блокадите на „Илинденска“, граѓаните поканети да ги посетат нивните автобуси


Приватните автобуски превозници попладнево за МИА информираа дека нивните автобуси засега остануваат паркирани на булеварот „Илинден“ пред Градот Скопје. – Секој што сака да го донесе своето дете или внуче, да ги разгледаат автобусите внатрешно, да седнат на возачкото столче, да свирнат со сирените на автобусите, да го држат воланот во рацете, да се почувствува […]

Задутре почнува првото судење во најголемата судница во државава


  Првото судење во најголемата дигитална судница во државата, сместена во Идризово е предвидено да се одржи во среда на 14 декември. Ова во интервјуто за НоваТВ како одговор на прашањето за реформите на пенитенцијарниот систем, го потврди министерот за правда Никола Тупанчески. Објектот се простира на површина од 1.089 м2 со капицитет за 120 […]

Естонци ги тестираа нашите капацитети за одбрана од сајбер напади


Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска заедно со e-Governance Академијата од Естонија организираше вежба за проверка на нашите капацитети за управување со кризи поврзани со сајбер напади. – Ова е вежба која ќе ни помогне на сите да ја унапредиме свесноста за потребата на воспоставување на систем […]

Обновата на патот Битола – грчка граница тече под полна пареа


  БИТОЛА – Магистралниот пат Битола-грчка граница конечно се реконструира. Тој е во должина од околу 14 км и минува низ Пелагониската котлина. Битолчани се радуваат на почетокот на градежните работи, оти велат дека ова е патот кој ги поврзува со Европската унија. Деновиве патот е затворен во едната лента на две испрекинати делници во […]

Сали: Новиот Закон за здравство нема да ги присили оние кои не сакаат, да се вакцинираат


Комисијата за европски прашања ја одложи денешната седница на која требаше да се расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на население од заразни болести, кој кај населението предизвика различни коментари. Министерот за здравство Беким Сали, денеска објаснуваше што ќе значи носењето на овој закон за целокупното население.  – Тоа не […]

Откажани летови од и до Обединетото Кралство


Силен снег и неповолни временски услови (замрзната магла) го погодија Обединетото Кралство на 11 декември, што доведе до големи нарушувања во копнениот јавен превоз и сите авиокомпании кои летаат во и надвор од Обединетото Кралство. Прекините во локалниот копнен јавен превоз го спречија персоналот на аеродромот (агенти за безбедносна проверка, агенти за копно, персонал за […]

МВР: Лажни се пријавите за поставени експлозивни направи на повеќе локации во Скопје и во Кавадарци


 Направени се сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта и други објекти во Скопје и Кавадарци, кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, информираа од Министерството за внатрешни работи. – Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се […]

Поради густа вегетација на коритото оневозможена потрагата по лицето што скокна во Вардар


Центарот за управување со кризи информира дека продолжува потрагата по лицето што вчера скокна во реката Вардар. – По направената координација од страна на ЦУК со МВР, ДЗС, локалните самоуправи Гази Баба, Аеродром и Град Скопје, како и Црвениот крст, денеска се врши потрага низводно по течението на Вардар во ширина на пресекот на струјата […]

УКИМ и Амбасадата на Франција потпишаа Меморандум за соработка


Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје проф. д-р Никола Јанкуловски и францускиот амбасадор во земјава Сирил Бомгартнер, денеска потпишаа Меморандум за соработка. Потпишувањето на Меморандумот, како што информираат од УКИМ, е со цел за меѓусебна соработка, иницирана од потребите на високообразовната дејност, за реализирање на повеќе цели.  – Промовирање на уписите на студиската програма Француски јазик […]

МОН: Досега се дистрибуирани над 90 отсто од учебниците, испораката продолжува


Министерството за образование и наука информира дека дистрибуцијата на учебниците за учениците од прво, второ, четврто и петто одделение во основното образование се одвива согласно однапред утврдената динамика. Во тек е испораката на учебници согласно последниот од вкупно четврто потпишани договори за учебници за прво, второ, четврто и петто одделение и таа ќе се заокружи […]

Конференција: Фокусот на децентрализацијата на краток рок да биде ставен на зајакнување на општините


Фокусот на децентрализацијата на краток рок треба да биде ставен на зајакнување на општините преку подобрување на рамката за финансирање и зголемување на нивните надлежности, овозможувајќи висок степен на автономија, без притоа, тој никако да не биде на штета на граѓаните, туку во нивна полза, овозможувајќи исполнување на нивните основни права, истакна вицепремиерот за економски […]

Зајкова: Импресиите од посетата на студентскиот дом „Стив Наумов“ се лоши, потребно е итно санирање од корен


По барање на студентите од Универзитетското студентско собрание, денеска пратеничките Моника Зајкова и Фиснике Бектеши и претседателот на Универзитетското собрание при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, Славчо Темелковски извршија увид на просториите во студентскиот дом „Стив Наумов“, со цел да оценат дали поправките и реновирањето се одвиваат согласно предложениот Акциски план за реализација во студентските домови […]

Таравари: Да се најде решение за проблемот со приватните превозници


 Политичката партија Алијанса за Албанците дава поддршка на приватните превозници кои веќе неколку дена протестираат со блокада на улиците во Скопје барајќи исплата на долгот што го побаруават од Град Скопје и ЈСП. Според в.д. претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, неопходно е да се изнајде решение за овој проблем. Таравари смета дека Владата […]

Грковска: Со „Е-инспектор“ ги зајакнуваме капацитетите на сите инспекциски служби


Преку електронскиот систем за инспекција кој ни овозможува електронско поврзување и работење на сите 28 инспекциски служби што се под надлежност на Инспекцискиот совет, не само што ги зајакнуваме капацитетите на сите инспекциски служби, туку и ја овозможуваме нивната поголема ефикасност во работењето, подобра координираност, а сето тоа во интерес на граѓаните, истакна вицепремиерката задолжена […]

Наместо за кафани и патувања, Герасимовски ќе потроши 700 000 денари за ранливи семејства


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, средствата за репрезентација, угостителски услуги и патувања во странство, кои беа предвидени во годинешниот буџет, а останаа непотрошени, ги пренасочува како еднократна парична помош за семејствата од социјален ризик. Како што информираат од Општината, станува збор за средства во висина од околу 700.000 денари. -Општина Центар има градоначалник кој […]

Битиќи: Одземање ингеренции на Град Скопје би било враќање 20 години назад во децентрализацијата


Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи денеска порача дека Град Скопје треба да го реши проблемот со приватните автобуски превозници, а евентуалното одземање на ингеренциите на градските власти би било враќање 20 години назад во процесот на децентрализација. Битиќи во одговор на новинарско прашање рече дека Владата е секогаш тука за граѓаните но, како што […]