Претежно облачно, кон крајот на денот врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде претежно облачно, со сончеви периоди во источните делови. Кон крајот на денот и во текот на ноќта почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21 степен. Во […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 2 мај 2023 година, 122-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 243 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 29 минути, а ќе зајде во 19 часот и 33 минути. Денов трае 14 часа и 4 минути. Месечината која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее […]

Арсовска на 1 Мај на излет во Сарај


Спортскиот Центар Сарај во минатото беше едно од најпосетените излетнички места за скопјани, а со неговата реконструкција се враќа во својот полн сјај. Градот Скопје во континуитет вложува во нови спортски содржини за сите свои граѓани со цел создавање навики за спортување и здрав живот кај сите генерации.   „Денеска ги посетивме спортските терени во […]

„Средноленд“ на повеќе локации од утре во Скопје


Утре на Плоштад Македонија, Културно-информативниот центар (КИЦ), Младинскиот културен центар (МКЦ) и Градски парк – Школка во Скопје, организираат средношколски настан СРЕДНОЛЕНД. Настанот кој оваа година се одржува од 02-06 Мај за првпат, има за цел да ги промовира талентираните средношколци и нивните училишта, да ги насочи кон вистинските вредности, и да го зголеми интересот кон […]

Без струја утре делови од Чаир, Аеродром, Карпош и Кисела Вода


Од 7 до 10 часот утре без електрична енергија ќе бидат корисниците од улица „Битпазарска“ брoj 60 во општина Чаир, односно само корисниците од зградата спроти слаткарницата „Охрид“. Според известување од  ЕВН Македонија АД, утре од 9 до 13 часот струја ќе немаат корисниците од улица „Живко Фирфов“ во општина Кисела Вода и корисниците од […]

Покачување на сите плати за 78 отсто, порачаа денеска на протест од ССМ


Зголемувањето од речиси 80 отсто на платите на политичарите и функционерите и предвидените 60 часа неделно за изградба на коридорите 8 и 10д беа во фокусот на синдикалните обраќања на годинашниот првомајски протест организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), кој побара достоинствена плата и фер услови за сите. Протестот на членството, поддржан од […]

МНР: Осумчленото семејство заглавено во Судан ќе биде евакуирано


По добиената информација за осумчлено семејство, државјани на Република Северна Македонија, кое се наоѓа во загрозените подрачја на Судан, Министерството за надворешни работи, преку својата амбасада во Каиро веднаш стапи во контакт и доби потврда дека сите нејзини членови се во добра здравствена состојба.    Министерството преку дипломатската мрежа во регионот е во постојана комуникација […]

Џафери и координаторите утре ќе се договараат за презентација на Договорот со „Бехтел и Енка“ во Собранието


Во Собранието утре се очекува да се одржи координативна средба на претседателот на Собранието, Талат Џафери со првите луѓе на пратеничките групи. Една од темите на средбата, според најавите, би требало да биде и договор за тоа како и на која собраниска комисија би бил презентиран Договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на делови […]

Без струја утре делови од Чаир, Аеродром, Карпош и Кисела Вода


Од 7 до 10 часот утре без електрична енергија ќе бидат корисниците од улица „Битпазарска“ брoj 60 во општина Чаир, односно само корисниците од зградата спроти слаткарницата „Охрид“. Според известување од  ЕВН Македонија АД, утре од 9 до 13 часот струја ќе немаат корисниците од улица „Живко Фирфов“ во општина Кисела Вода и корисниците од […]

КСС на протест пред Владата: Кебап за работникот – бифтек за владата!


Скара се разврте за Први мај пред владата. Конфедерацијата на слободни синдикати традиционалниот првомајски протест го почна во 10 часот утрово, одделно од протестот на Сојузот на синдикатите на Македонија.  Со транспарент испишан и закачен на тарабите пред владатана кој пишува „Кебап за работникот – бифтек за владата“, членовите на КСС ја нагласуваат разликата во […]

Синдикатите со одделни протести, но со исти барања ќе го одбележат Меѓународниот ден на трудот


Со барања за зголемени и достоинствени плати за работниците, пристојно работно време и почитување на колективните договори, денеска синдикатите ќе го одбележат Меѓународниот ден на трудот. Најавени се одделни протести на двата најголеми синдикати во земјава.  Под мотото „Работниците се државата“, Сојузот на синдикати на Македонија ќе го почне протестот точно напладне пред зградата на […]

Најголем дел од ѓубрето лани завршило на депонија, селекцијата учествува само со 18,3% [инфографик]


Селекцијата на отпад останува голем проблем за македонското општество. Само 18,3 отсто од комуналниот отпад во Македонија лани минал низ примарна или секундардна селекција, а со тоа е овозможен соодветен третман преку рециклирање на ова ѓубре. Наспроти ова, над 80 отсто од целокупниот комунален отпад собран во 2022 година завршил на општинските депонии. Податоците на […]

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавени првомајски протести


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денес (01.05.2023) во периодот од 10.00 часот до 12.30 часот е најавен протест организиран од страна на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија со траса на движење од пред канцелариите на КСС на ул.„50-та Дивизија“, по ул.„Јордан Мијалков“, бул.„Климент Охридски“ се до Владата на Република Северна Македонија […]

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне локален дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има повремен локален дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 22 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 1 мај 2023 година, 121-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 244 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 30 минути, а ќе зајде во 19 часот и 32 минути. Денов трае 14 часа и 1 минута. Месечината која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее […]

„Во Скопје се губи и она малку зеленило што остана“ – Градскиот парк да се прогласи за заштитено подрачје


Биологот Кирил Арсовски – Пржо, кој се занимава со истражувања на националниот биодиверзитет и урбаната екологија повика Градскиот парк во Скопје да се прогласи за заштитено подрачје, објаснувајќи дека овој дел од градот ги исполнува условите да биде внесен во таа категорија. Како што вели, поради интезивното и агресивното урбанизирање на Скопје, се’ повеќе се […]

Од утре упис на првачиња за учебната 2023/2024 година


Од утре и до крајот на мај ќе трае електронското запишување ученици во прво одделение во учебната 2023/2024 година. Уписот е преку порталот uslugi.gov.mk каде што родителите/старателите треба да пополнат апликација, да изберат училиште и да ги прикачат потребните скенирани документи. Откако апликацијата ќе биде прифатена, се одредува термин во кој ученикот ќе треба да дојде на […]

Анкета: Две третини од граѓаните не зарабатуваат доволно да ги покријат месечните трошоци


Над 60 проценти од граѓаните опфатени со анкетата што за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС), изјавиле дека изјавиле дека нивните месечните приходи не им ги покриват потребите кои ги имаат за еден месец, додека 34,6 отсто рекле дека заработуваат доволно за да си ги покријат трошоците. Вредноста на синдикалната минимална […]

Ликот на Таравари злоупотребен во реклами за брзо слабеење, тој тврди дека се лажни


Градоначалникот на Гостивар и доктор Арбен Таравари се огласи по повод рекламите за брзо слабеење. Тој вели дека како лекар, длабоко е загрижен за ширењето лажна реклама во негово име за производ за слабеење, за којшто се тврди дека придонесува за губење на телесната тежина. „Ги повикувам луѓето да бидат исклучително внимателни кога наидуваат на […]

Жичницата на Водно од утре ќе работи два часа подолго – од 10 до 20 часот


Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ утре, поради празникот 1 Мај, ќе сообраќаат по неделен возен ред, а билетарниците и центрите за персонализација нема да работат. Жичницата на Водно од утре ќе работи од 10 до 20 часот. – Од мај жичницата работи два часа повеќе од изминатиот период, односно од 10 до 20 часот, […]