Трајковски: Стоп за точење алкохол на малолетници, има контроли


 За време на викендот што измина пазарниот инспекторат во координација со МВР спроведе акциски контроли во угостителски локали кадешто се организираат забави за малолетници (junior забави), при што беше констатирано дека се точи и продава алкохол на малолетни лица.

-Точењето алкохол на малолетници е кривично дело, а казните за оние угостители што ќе бидат фатени како точат алкохол на малолетници се ригорозни и се движат до 4.000 евра,  велат од ДПИ.

Освен парични казни, како што додаваат, се изрекуваат и казни за забрана за работа во период од еден месец, а за повторување на делото може да следува и целосна забрана за работа. 

-Апелирам ваквата појава веднаш да престане! Апелот го упатувам и до угостителите, но и до родителите. Родители, разговарајте со децата за штетноста од конзумирањето на алкохол, бидејќи се работи за нивно добро и здравје. Заедно со колегите од инспекторатот, но и со другите надлежни институции, и понатаму ќе спроведуваме интензивни заеднички акции со цел спречување на ваквите случувања. Секој кој ќе го прекрши законот, нема да биде поштеден од изрекување на соодветна санкција!“, потенцираше директорот на ДПИ, Горан Трајковски.