Пандемијата заврши, па заврши и златното време за лабораториите


  Заврши златното време на приватните медицински лаборатории од двете години на пандемијата со корона вирусот. Милионските добивки веќе ги нема. Две од петте најголеми лаборатории влегоа во минус, покажува анализата на порталот „Пари“ направена во соработка со компанијата за деловни и бонитетни информации „Таргет груп“ и платформата „Бизнис мрежа“. Приватните лаборатории и понатаму се значајна алка […]

Предавање на добитник на Нобелова награда за хемија во Скопје – слушнете го Даниел Шехтман


Од 22 до 29 мај во Македонија престојува професор Дaн Шехтман, добитник на Нобелова награда по хемија за квазикристали  во 2011 година. Ова е прв пат нашата земја да ја посети Нобеловец од областа на природните науки. Денес , проф. Шехтман ќе одржи предавање на Институтот за хемија при ПМФ. Предавањето под наслов: „Technological Entrepreneurship – Key to World Prosperity […]

Без вода дел од Центар


 Поради изведување водоводен приклучок од Ф-80 мм, без вода од 09:00 часот ќе бидат корисниците на дел од улиците „Киро Крстевски Платник“ и „Коле Неделковски“ во општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде во прекин до завршување на работите, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Претпладне сончево, попладне локален пороен дожд и град


Времето денеска претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност, попладне со […]

Тренчевска: Еднакви права и еднакви можности уште од најрана возраст


Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со Здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања – Раст. Здружението постои уште од 2007 година и ги застапува правата на сите деца во Република  Северна Македонија кои имаат нарушувања на растот, кои примаат хронична хормонска терапија за раст, како и останати ендокринолошки заболувања. Претставниците […]

Учесниците во европското хуманитарно патување Black Cab – Europe Charity Trip пристигнаа во земјава


Групата Македонци кои живеат во Велика Британија пристигнаа на македонскиот граничен премин кај Делчево, како последна станица во рамки на хуманитарната иницијатива Black Cab – Europe Charity Trip. Со популарното такси возило ,,Black Cab” петмината ентузијасти пропатуваа низ 15 европски земји за 10 дена меѓу кои Англија, Германија, Холандија Швајцарија, Словенија и поголем дел од […]

Заврши општиот претрес за измените и дополнувањата на Законот за градење


Собранието попладнево во рамките на 115-тата седница го заврши општиот претрес по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење, кој е дел од измените на петте законски решенија неопходни за реализација на договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10д. Гласањето за законското решение ќе се одржи дополнително. Во […]

Надлежните да проверуваат лиценци на туристички агенции и превозници


 Надлежните што издаваат лиценци на туристички агенции и превозници да ги проверуваат лиценците, апелираше попладнево градоначалникот на Кавадарци  Митко Јанчев, откако се појави видео на кое кавадаречки средношколци,  туркаат автобус на екскурзија во Франција.  Тој повика државните органи да вршат поголеми контроли во овој сектор, а да се воспостават и подобри критериуми за транспорт.  – […]

Меџити на настан за унапредување на ургентниот здравствен одговор во Украина и пошироко


Министерот за здравство Фатмир Меџити, на маргините на 76. Светска здравствена асамблеја учествуваше на настан организиран од неговите колеги од Украина и Полска, Виктор Лиашко и Адам Ниџиелски, посветен на унапредување на ургентниот здравствен одговор во Украина и пошироко, информираат денеска од Министерството.   – Механизмите за одговор можеме да ги зајакнеме преку заедничка соработка, […]

Шукова: Немаме официјални информации од албанската страна што се гради кај Тушемиште


Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова денеска во Охрид изјави дека македонските власти официјално немаaт информација за градежните активности што се спроведуваат кај изворите кај Дрилон, на албанската страна од Охридското Езеро. – Информацијата ја добивме преку медиумите. Официјално известување од албанската страна немаме. Минатата седмица имавме средба на Комисијата за УНЕСКО, […]

Син на пратеник и висок полициски службеник приведени за трговија со дрога


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за време на гостувањето во вестите на Канал 5, одговарајќи на прашање за приведувањето на син на пратеник и висок полициски службеник, а во врска со недозволена трговија со дрога и оружје, рече: „Интензивни активности имавме изминатиот период. Две акции се за одбележување – на подрачје на СВР Скопје […]

Измените на Законот за експропријација поминаа на Комисијата за европски прашања


Членовите на собраниската Комисија за европски прашања дадоа поддршка за Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за експропријација, по скратена постапка, кој е дел од пакетот закони за изградбата на коридорите 8 и 10д. Во рамки на комисиската седница беа одбиени трите амандмани поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на овој Предлог-закон. По поминатиот […]

На покривите на три училишта во Центар ќе се постават фотоволтаици


ТД „Енергија Центар“ ќе ги постави првите фотоволтаични централи во општинските основни училишта „Киро Глигоров“, „11 Октомври“ Скопје и „Јохан Хајнрих Песталоци“. Советниците од Општина Центар на денешната 24 седница на Советот дадоа согласност за поставување фотоволтаични системи на кровните конструкции на првите три општински училишта. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски на седницата појасни […]

Од септември нови насоки – ученици и наставниците да кажат со што се соочуваат за да се надмине врсничкото насилство


Дополнителни препораки во делот на создавање побезбедни училишта, како и стратегија за создавање посебни прирачници за учениците, родителите и наставниот кадар се дел од активностите кои се најавуваат со цел намалување на меѓуврсничко насилство во училиштата. Исто така, при креирањето на политики и стратегии, важно е да бидат вклучени оние кои се директно засегнати – […]

Лога: Образованието на експертите важен чекор во сузбивањето на компјутерскиот криминал


Кибер-безбедноста може да се оствари само ако се располага со ефективни и ефикасни капацитети, но и ако се работи на превенција. Искуството е најдобра пракса. Образованието на експертите и размената на искуствата се важен чекор во сузбивањето на компјутерскиот криминал, истакна денеска министерот за правда Кренар Лога. Како што информираат од Министерството за правда, говорејќи […]

Студенти од Харвард и МИТ на средба со Ковачевски


  Промоција на демократските вредности, различните култури и потенцијали на Македонија, размена на искуства и можност за заеднички проекти беше темата на која денеска премиерот Димитар Ковачевски дискутираше со магистранти и докторанти на универзитетите Харвард и Масачусетс Институтот за технологија во САД.  На средбата присуствуваа и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, како и советничката […]

Белчишкото блато е второ по издашност извориште во Охридскиот регион


Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, денеска со евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир, по повод 21 Мај – Денот на ЕУ Директивата за живеалишта и Светскиот ден на биолошката разновидност – 22 Мајго посетија Белчишкото блато во Општина Дебрца, локалитет што е во фаза на прогласување за строго заштитена зона како Парк […]

НСДА бара да се врати укинатиот додаток за судска служба


Да се врати исплатата на додатокот за судска служба до 35 проценти што беше укинат минатиот месец откако функционерите добија 78 проценти повисоки плати и да се промени Правилникот за додатоци на плата побараа денеска од Независниот синдикат на државна администрација, кои во име на граноковиот Независен синдикат на судска служба (НССМ) остварија средба со […]

Четворица судии заминуваат во пензија, одлучи Судскиот совет


  Судскиот совет на Република Северна Македонија на денешната 442 седница утврди престанок на судиска функција поради исполнување на услови за старосна пензија на четворица судии. Станува збор за судиите Аце Бакиевски од Апелацискиот суд Битола, Елези Исмаил од Основен суд Кичево, Зоран Стевановски од Основен суд Прилеп и Александра Зафировска од Основен суд Тетово. […]

Шаќири: Имало пополаки за врсничко насилство, а од училиштата не реагирале


Мислам дека во проценката на МВР е дека некои безбедносни активности ќе се зајакнат. Една од препораките беше сите родители да се запознаат со кривичниот законик, каде што имаме одговорност во начинот, пред и после наставата, одговорноста до одредена година спаѓа и кај родителите. МВР во сите ситуации со службите во наредниот период ќе изработи […]