Болдерот во Битола е наменет за љубителите на авантуристички спортови 


Битола, викендов и официјално го доби првиот болдер – ѕид за качување со трибина која дава мултифункционалност на објектот кој ќе се користи и за спортски и за уметнички дејности и е лоциран во долниот дел на градскиот парк. Дизајниран да ги инспирира и предизвика и сегашните и идните ентузијасти за болдеринг, а е неколкугодишна […]

Македонија се приклучи на Европската советодавна комисија за рибарство и аквакултура


Северна Македонија како 37 членка се приклучи кон Европската советодавна комисија за рибарство и аквакултура (EIFAAC) на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Од ФАО информираат дека министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски го информирал за одлуката генералниот директор на ФАО, Ку Донгју. – Македонскиот сектор за рибарство и аквакултура […]

Вучиќ: Секој ден може да дојде до ескалација на судирите


Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва говорејќи за настаните на северно косово кажа дека „судирот во Звечан не го започнале НАТО војниците, туку косовската полиција“ и дека „Приштина и Албин Курти се виновни, бидејќи сакаат Србија и НАТО да влезат во судир, што не е во интерес на Србија“, јави дописникот на МИА од Белград. -А […]

Ќе се воспостави систем за контрола на размножувањето на кучиња


 За решавање на проблемот со бездомните кучиња недостасува една важна алка, а тоа е регистрација на одгледувачници на кучиња. Во оваа насока, веќе се подготвени предлог-измени и дополнувања на Законот за благосостојба на животните со кои се предвидува воспоставување систем за контрола на размножувањето на кучињата токму преку регистрација на одгледувачници и евидентирање на регистрираните […]

Фестивал на биодиверзитет „Коктел на вкусови“ во Паркот на Франкофонијата


Во Паркот на Франкофонијата во Скопје, денеска, од пладне до 20 часот по трети пат ќе се одржи Фестивалот на биодиверзитет „Коктел на вкусови“ што го организира Слоу Фуд Водно со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. -Слоу фуд Македонија во своите редови ги има најдобрите производители кои ја бранат агендата поврзана со […]

Поради асфалтирање затворен за сообраќај патот Велес – Градско


Делницата Велес – Градско на регионалниот пат 1102 денеска ќе биде целосно затворен за сообраќај поради градежни активности, односно асфалтирање.  Како што соопшти АМСМ, прекинот во сообраќајот ќе биде во периодот од 08 до 16 часот. 

Меѓународен детски фолклорен фестивал „Св.Троица“ во општина Илинден


За прв пат денеска во општина Илинден ќе се одржи меѓународниот детски фолклорен фестивал „Св.Троица“, кој претходно има осумгодишна традиција во Долно Лисиче. Фестивалот се одржува во чест на празникот Св.Троица.  Со почеток од 17 часот пред спортската сала „Гоце Делчев“ во Илинден ќе почне фестивалското дефиле со сите учесници кои ќе се упатат кон […]

Денеска е Задушница, утре Педесетница (Духовден)


Православните христијани денеска ги празнуваат Светиот цар Константин и Светата царица Елена и Задушница, а утре Педесетница – Слегување на Светиот Дух (Духовден). Царот Константин Велики и неговата мајка, царицата Елена, за нивните заслуги во признавањето и ширењето на христијанството Светата црква ги прогласила за светители и рамноапостолни, што значи по значење рамни на апостолите. […]

Претпладне сончево, попладне на места нестабилно со пороен дожд


Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а од пладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал […]

За викендов и наредната недела претпадне сончево, а попладне нестабилно


 За време на викендот и во текот на следната недела во попладневните часови ќе се задржи нестабилно време со појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и услови за изолирана појава на град, соопшти УХМР.  […]

Повредениот во сообраќајката кај Штип кој беше пренесен во Скопје е во стабилна состојба


 Во стабилна состојба е повредениот во сообраќајната несреќа на автопатот Штип – Миладиновци, кој со тешки телесни повреди беше пренесен од штипската Клиничка болница на скопските клиники, изјави за МИА доктор Неџати Јакупи од Клиниката за торакална и васкуларна хирургија. -Повредениот е на возраст од 29 години, во стабилна состојба е, со скршени ребра и […]

Бесплатна одбојка на кејот на Вардар во Аеродром


И ова лето, одбојкарското игралиште на кејот на реката Вардар во Општина Аеродром ќе биде отворено за сите љубители на одбојката на песок. – Термините се бесплатни и се закажуваат на телефонскиот број 076 960 180. Пожелно е да се резервира неколку дена однапред, информираат од општината.  – Терените се отворени секој ден од 10 […]

МПЦ-ОА и СПЦ на заедничка литургија во Охрид


По повод годишнинатата од доделувањето на Томосот за автокефалност на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) од страна на Соборот на Српската православна црква (СПЦ) на 5 јуни во црквата „Света Софија“ во Охрид ќе се одржи света архиерејска литургија. „Светиот архијерејски синод на МПЦ-ОА го повикува македонскиот богољубив народ да земе молитвено учество на света архијерејска […]

Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер


 Попладне на места во земјава ќе преовладува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град. Максималните температури ќе бидат во интервал од 23 до 29 степени. Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне […]

Пендаровски на инаугурацијата на турскиот претседател Ердоган 


Претседателот Стево Пендаровски, на 3 јуни 2023 година, сабота, во Анкара ќе присуствува на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.  По церемонијата на стапување на должност, предвидено е присуство на свечена вечера во замокот Чанкаја која ја приредува домаќинот за шефовите на држави и влади и другите високи […]

Малите урбани шуми презентирани на собир на Зелените во Виена


Делегација на зелената партија ДОМ во состав Маја Морачанин и Христа Најданов, учествуваа на Округла маса на Зелените од Централна и Југоисточна Европа, која се одржа на 31 мај и 1 јуни, во Виена. На собирот, тие ги презентираа малите урбани шуми засадени во Скопје и Битола, по методот на јапонскиот професор Мијаваки. Ова се […]

За едни Задушница, за други продолжен викенд


Денешниот неработен ден, поради верскиот празник Задушница и продолжениот викенд, предизвикаа зголемен број возила да има на Граничниот премин „Богородица“. Најмногу возила утрово се упатиле кон соседна Грција, на преминот „Богородица“, додека на „Меџитлија“ кај Битола бројот е помал. На граничните премини кон Србија утрово не се забележани поголем број на возила.

Над 30 пациенти во земјава живеат со механичка потпора на срцето, расте свеста за органодарителството


Мала машина во срцето приклучена на батерии или живот на батерии. Вака  Боре Минов, член на Здружението „Храбро срце“ во видео разговор за МИА го опишува животот на повеќе од 30 пациенти со механичка потпора на срцето. Најмалиот пациент е неколкумесечно бебе. Овие пациенти немаат едноставен живот. Секоја недела имаат преврски, проверка на електрониката, контроли […]

Пристигнаa новите лесни оклопни возила JLTV наменети за македонската Армија


Министерството за одбрана информира дека пристигна воен конвој со новите возила на Армијата – лесните оклопни возила JLTV Oshkosh, кои се од американско производство. Лесните оклопни возила JLTV се дел од процесот за модернизација и опремување на Армијата на Република Северна Македонија согласно НАТО стандардите и истите ќе бидат поддршка на Лесната пешадиска баталјонска група […]

(Видео) Канта за отпадоци  што зборува


Градот е покриен со ѓубре, Скопје и Македонија се прекриени со отпадоци. Поаѓајќи од овој факт решивме да креираме интерактивна канта за смет која зборува со минувачите и ги опоменува да не фрлаат ѓубре наоколу. – Се надеваме дека опоменувајќи ги граѓаните но и надлежните на ваков креативен и по малку хумористичен начин ќе успееме […]