Едрилица се превртела во водите на Охридското Езеро, спасени три лица


  Денеска, постапувајќи по пријава дoбиена околу 17.45 часот во СВР Охрид дека во водите на Охридското Езеро, кај Дебрцка плажа, има превртен пловен објект, полициски службеници на Полициската станица за граничен надзор “Охридско Езеро” веднаш излегоа на терен, информираат надлежните. Појаснуваат дека по преземени мерки и активности околу 18.00 часот пловниот објект е пронајден […]

Постигнат договор за платата на машиновозачите, железничкиот сообраќај ќе се нормализира од 20 часот


Железничкиот сообраќај  во државава ќе се нормализира вечер во 20 часот откако претставниците на машинскиот извршен персонал и на раководството во ЖРСМ Транспорт доцна попладнето постигнаа договор за исплата на вториот дел од платата за јуни и за старт на преговори за измени во актот за систематизација, потврди за МИА Тони Димовски, претставник на машинскиот […]

На 1 и 2 август со посебен сообраќаен режим и мерки на патиштата што водат кон Крушево


Секторот за внатрешни работи Битола информира дека на 1. и 2. август, поради одржување на прослава по повод националниот празник Илинден, во Крушево, ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. СВР Битола ќе воведе посебен режим на сообраќај, почнувајќи од 15.00 часот на 1 август година кои ќе важат до […]

Чествување на 2 Август, Ковачевски во Скопје, Џафери во Крушево, Пендаровски во Пелинце


На 2 Август- Денот на Републиката – Илинден, што годинава се чествува под слоганот „120 години Илинден – Огниште на татковината“, премиерот Димитар Ковачевски ќе се обрати на свеченост на тврдината Кале во Скопје, претседателот на Собранието Талат Џафери на Мечкин Камен во Крушево, а претседателот Стево Пендаровски во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, информира […]

МНР: ВМРО-ДПМНЕ нанесува штета со пласирање шпекулации за повлекувањето на амбасадорот во Јапонија


Како што веќе објавивме, повлекувањето на досегашниот амбасадор во Јапонија беше спроведено во редовна постапка, согласно законските прописи и внатрешните уредби во Министерството за надворешни работи и со почитување на сите процедури. Во оваа прилика дозволете да информираме дека Комисијата во рамките на Министерството, како причини за повлекувањето на амбасадорот констатираше причини кои не се […]

Дебелината, невакцинирањето, пост-ковид кризата се пречки за соодветен развој на децата


И покрај тоа што помалку деца умираат денес отколку пред 30 години, земјата сѐ уште има висока перинатална стапка на смртност во споредба со земјите-членки на ЕУ и членките на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа. Поради дезинформации, децата испуштаат шанса да примат вакцини кои спасуваат живот. Освен тоа, дебелината кај децата зема замав, со што […]

Од 13 часот блокада на железничкиот сообраќај, бојкот на машинскиот и извршниот персонал


Машинскиот и извршниот персонал на МЖ „Транспорт“ денеска од 13 часот ќе стапи во бојкот, со целосно блокирање на железничкиот сообраќај низ земјава. Како што изјави за МИА претставникот на машинскиот и извршниот персонал и претседател на Синдикатот на машиновозачи, Тони Димовски, бојкотот е поради неисплатен втор дел од платата за јуни, но и за […]

Камерите во Зоолошка не работеле, нема увид кој им се доближувал на угинатите коњи


Трите монголски коњи што угинаа во скопска Зоолошка градина, според сите сомневања се отруени, но не од храната што им била давана изминатите недели. Тоа се покажало од досегашните испитувања, така што сега се чека наод од обдукцијата и токсиколошката анализа за да се покаже дали животните биле намерно отруени, како што пријавил вработениот кој […]

„Национални шуми“ нема доволен број пожарникари, авионите полнат гориво само на едно место


  Директорот на Центарот за управување на кризи, Стојанче Ангелов, денеска информираше дека ЈП „Национални шуми“ имаат пожарникари, но недоволен број. Како што истакна, со закон се должни на одреден број жители, да пријават одреден број пожарникари. Ќе пријават 40, но реално некој од нив има здравствени проблеми, некои се отсутни и тие во реалноста […]

ЦУК: Три нуркачки тимови од Тигрите ја продолжуваат потрагата по 30 годишниот маж во Липковското езеро


Три нуркачки тима од Тигрите ги пребаруваат водите на Липковското езеро на местото на кое исчезнало 30-годишен маж, информираат од Центарот за управување со кризи. Како што информираат од ЦУК, се работи за 30-годишен маж кој вчера исчезна во браната Глажња, Липковско. Лицето коешто се информира дека е од село Никуштак вчера во езерото влегол […]

Кавадарци општина за пример, за другите градоначалници заштитата и спасувањето се на последно место


Општините имаат пари за обнова на опремата на пожарникарите, а имаат и камиони за гасење шумски пожар набавени од Владата и доделени на повеќе општини, кои не се одржуваат и не можат да помогнат во ситуација кога на нивна територија има пожар, обзнани денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути.  – Има […]

До петок сончево, викендов дожд и опаѓање на температурите


До петок времето ќе биде стабилно со слаб до умерен јужен ветер и со пораст на температурата. Во сабота во попладневните часови се очекува локален пороен дожд и грмежи, најавуваат од УХМР. Ќе дува засилен ветер од јужен, а во недела од северозападен правец, кој ќе предизвика опаѓање на температурата. 

Од денеска Дебар по три часа во денот ќе нема вода


Од денеска се воведува тричасовна  рестрикција во водоснабдувањето во Дебар, и тоа во периодот од 13 до 16 часот. Според Бурим Каба, директор на Јавното комунално претпријатие “Стандард” кое стопанисува со водоводот Росоки-Дебар, тоа поради нерационално користење на водата. –  И покрај нашите апели за рационално користење на водата за пиење, корисниците продолжија со старата […]

(Фото) Кученце се качи на бината додека зборуваше Петровска – министерката одлучи да го вдоми


Несекојдневен настан се случи денеска во касарната „Јане Сандански“ во Скопје. Додека свој говор имаше министерката за одбрана Славјанка Петровска, мало улично кученце се качи на бината срамежливо барајќи вода. Истото кученце дефилираше и додека им честитаа на новите потпоручници и офицери во Армијата, со што ова кученце ги освои срцата на сите присутни. Пред […]

Угина и третиот пржевалски коњ во скопската зоолошка


Откако викендов беше пријавено дека два од ретките пржевалски коњи со потекло од Монголија угинале во скопската зоолошка градина, утринава стигна информација дека угина и третиот коњ, донација на австриски национален парк. Угинувањето на коњите вчера беше пријавено и во полиција од страна на вработените, под сомнеж дека станува збор за труење. Сомнежот за намерно […]

„Лајка“ заловува во Гази Баба


Од ЈП Лајка информираат дека од денеска (31.јули 2023) заловувачкиот тим на ЈП Лајка ќе започне со стратешко заловување во општина Гази Баба. – Имено, нашиот тим на заловувачи оваа недела ќе заловува во општина Гази Баба и тоа во следните реони: Железара, Фабрика Железара, Автокоманда, Ќерамидница, Маџари, Ченто, Инџиково, Стајковци, Трубарево, Гоце Делчев, Јурумлери, Колонија, Идризово. […]

Во тек е исплатата на пензиите за јули


Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 31.07.2023 година (понеделник) започнува етапната исплата на пензиите за месец јули. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во две групи, според висината на пензијата: За пензии со висина до 14.000 денари, исплатата се […]

Во Битола завршува Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“


Со доделување награди и признанија за најдобрите ансамбли, инструменталисти и етнокореграфи, во Битола завршува 53. издание на Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“. Во чест на наградените на платото пред битолскиот Офицерски дом ќе се одржи Вечер на интернационална музика и игра на која ќе настапат ансамбли и фолклорни групи од Србија, Бугарија, […]

Променливо облачно со сончеви периоди


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. UV индексот ќе биде […]

Промоција на 23. класа потпоручници на Воената академија


Во Воената академија  „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје, денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска ќе присуствува и ќе се обрати на свеченоста по повод промоцијата на 23-та класа питомци во чин потпоручник. Како што најавија од МО, на свеченоста ќе присуствуваат началникот на Генералштабот, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски, претставници на воено дипломатскиот кор од Босна […]