Уште гори кај Зрзе, активни се пет пожари


Пет пожари се активни на територија на државава, информира изутринава Центарот за управување со кризи.

Во Општина Долнени има три пожари: кај село Зрзе со еден крак во село Рилево и еден крак во село Сливје,  и кај селата Кошино и Костинци.  Пожар има и во село Бељаковце во Општина Куманово и во село Долна Ѓоновица во Општина Гостивар.

ЦУК соопшти дека вчера биле регистрирани вкупно 49 пожари и се изгаснати 44.