Пожари кај Дојран, Сопотница и Свети Николе


Три пожари се активни во моментов на територија на Македонија, а некои се гасат со хеликоптери. Пожар во близина на Дојран кон Николиќ Голем пожар изби во близина на Дојран кон Николиќ. Поради ветрот постои опасност од негово брзо ширење. Како што информираат од Центарот за уптавување со кризи, кон Дојран упатен е големиот хеликоптер […]

Исчистени сливници, проверени шахти – Скопје се подготвува за обилниот дожд


Екипите на сектор Канализација при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, покрај редовните активности за одржување на канализационата мрежа,  во согласност со податоците на УХМР и најавите за невреме вчера и денес спроведуваат и дополнителни активности за расчистување на сливниците и шахтите на критичните точки и сите подвозници во градот,  со цел непрекината функционалност на […]

Пожар избувнал во месноста Кривчева Река, ќе го гаснат хеликопери на МВР


Пожар зафатил сува трева и ниска вегетација во месноста Кривчева Река во непосредна близина на Свети Николе. Како што информираат од ЦУК, поради опасност пожарот да зафати неколку викендици и блиските куќи два хеликоптери на МВР полетале да го гаснат пожарот.

Цветан Панделевски го блокира „Стрежево“ за неисплатена камата од 26 милиони денари 


  БИТОЛА – ЗК „Пелагонија“ на бизнисменот Цветан Панделевски ја блокирал сметката на ЈП „Стрежево“ од Битола за да си наплати сума од околу 26 милиони денари. „Стрежево“ Битола загуби судски спор од Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ од Битола во висина од 1 милион евра, а сумата се зголеми уште повисоко кога се вклучија каматите и […]

Спасовски најави продолжување на проектот Отворен кабинет


 Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски им се заблагодари на граѓаните кои се вклучија во проектот Отворен Кабинет во чии рамки тој посети повеќе полициски станици и центри за обука во земјата. Тој, во објавата на Фејсбук, најави продолжување на проектот.  -Отворен Кабинет за средби со граѓаните го започнавме во СВР Штип, ОВР Струга, ОВР […]

Општина Зрновци ја почнува изградбата на пречистителна станица за отпадни води во селото Видовиште


 Со потпишувањето на договор со изведувачот на градежните работи, Општина Зрновци официјално ја почна реализацијата на проектот „Изградба на пречистителна станица за комунални и отпадни води во Видовиште“, за што ќе се инвестираат над 1,9 милиони денари. Најголем дел од инвестицијата е обезбеден со средства од Министерството за животна средина наменети за финансирање програми и […]

Целосно е изгаснат пожарот кај Штип


Центарот за управување со кризи информира дека пожарот кај Штип е целосно изгаснат. Пожарот кој избувна вчера помеѓу штипскиот затвор и селото Драгоево и ноќеска беше локализиран и ставен под контрола, во 8.30 часот повторно се активираше и се ширеше кон селото. Изгаснат е по интервенција на Територијалната противпожарна единица Штип. Во овој момент нема […]

Македонија нема да ја зафати невреме како на северозападот на Балканскиот Полуостров


Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло со умерен до засилен ветер од јужен правец. Попладне и во ноќните часови, почнувајќи од запад, облачноста ќе се зголемува и ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен дожд за кратко време, силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови […]

Пожарот кај Штип повторно активен


Откако ноќеска екипите на штипската противпожарна бригада успеале да го локализираат и стават под контрола пожарот кон вчера избувна покрај патот Штип – Радовиш, утрово повторно се активира и се шири кон селото Драгоево. Во Скопје претпладне времето ќе биде сончево и многу топло со засилен југоисточен ветер. Попладне и во вечерните часови облачноста во […]

Слаб земјотрес во Кичевско


Земјотрес со јачина од 2 степени по Рихтер утрово е регистриран во Македонија. Според податоците од сеизомолошките центри, епицентарот бил во близина на село Врбјани, односно 72 км северно од Елбасан, Албанија и 14 км југозападно од Кичево, Македонија. Епицентарот бил на длабочина од 15 км, а земјотресот е регистриран во 3.19 часот.

Претпладне сончево, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи


Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло со умерен до засилен ветер од јужен правец. Попладне и во ноќните часови почнувајќи од запад облачноста ќе се зголемува и ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен дожд за кратко време, силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови […]

Пожар попладнево кај Слупчане


Пожар попладнево избувнал кај Слупчане, а опожарени се трева и грмушки. Според информациите на ЦУК, пожарот во липковско е на линија Слупчане – Ваксинце во насока кон Алашевце. Линијата на огнот е подолга од 300 метри. Во близина на пожарот има борова шума и се прават напори да се спречи ширење во таа насока.

Голем пожар во Волково, едвај спасени куќите


Огромен пожар избувнал попладнево во скопско Волково, каде дел од куќите се зафатени, но изгасени, а жителите се видно исплашени. Пожарот почнал покрај реката Лепенец, каде кејот е полн со ѓубре. Тамо почнал огнот, кој поради ветрот брзо се проширил по тревата и околните дрвја, а стигнал и до првите куќи. Жителка на Волково сведочеше […]

Арсовска: Градот не добил покана од Владата за помош


Градот Скопје не добил официјална покана од Владата за да се разговора за помош од централната власт на главниот град, по таквата најава од премиерот Димитар Ковачевски, пред неколку дена. Градончалничката на Скопје, Данела Арсовкса вели дека покана не добиле, но дека ако на премиерот градон не му личи како што треба, тогаш вината е […]

Реконструирана улицата „Даме Груев“ во Центар


Завршија градежните работи на улицата „Даме Груев“ од раскрсницата со ул. Димитрие Чуповски до раскрсница со ул.11ти Октомври, а реконструкција која се одвиваше во две фази. Оваа сообраќајница во централното градско подрачје беше во лоша состојба и континуирано беше посочувана од жителите коишто ја користат како опасност за учесниците во сообраќајот, информираа од Град Скопје.  – […]

УХМР најавува невреме за утре, црвено предупредување и во Србија


Силен дожд, ветер и грмежи низ земјава, особено во попладневните и вечерните часови, најави за утре Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Од Управата информираат дека претпладне ќе биде сончево и топло со умерен до засилен ветер од јужен правец, а попладне и во ноќните часови, почнувајќи од запад, облачноста ќе се зголемува. „Под влијание на атмосферски […]

ОJO со детали за страотната несреќа во која загина пешак: Едниот возач поминал на црвено, другиот возел пребрзо


Основното јавно обвинителство (ОЈО) донесе наредба за спроведување истражна постапка против двајца возачи, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, информираа во Обвинителството. Станува збор за тешката сообраќајна несреќа на 31 јули годинава, во 23.20 часот на крстосницата што ги поврзува булеварот […]

Д-р Шушлевска: Глобалното затоплување ќе го смени целокупниот начин на живеење


Екстремни температури, пожари, поплави, огромни температурни разлики кои се менуваат за само 24 часа се само дел од работите на кои сведочиме, а се дел од климатските промени со кои се соочува светот, нешто што со текот на времето треба да стане „новото нормално“, нешто на што луѓето треба да се прилагодат, но и да […]

Деветгодишни деца се затруле со расипана мoртадела во одморалиштето „Радости“ во Охрид


Пет деца на возраст од девет години пројавиле симптоми од труење со храна во детското одморалиште „Радости“ во Охрид, потврдија во Државниот здравствен и санитарен инспекторат за Мета.мк. Резултатите од лабораторските анализи на земените примероци од храна, покажале дека три примероци од храна (салата од зелка, сирење и мoртадела) не ги задоволиле прописите од микробиолошка […]

Кисела Вода и годинава ќе субвенционира набавка на огревно дрво


Право на користење на субвенцијата ќе имаат граѓаните кои купиле дрва за огрев од први април 2023 година, сѐ до денот на објавување на Јавниот повик, кој ќе биде распишан во месец октомври и ќе ги содржи сите потребни критериуми и информации. Општина Кисела Вода информира дека финансиски надомест од 500 денари со влучен персонален […]