Утре попладне локален пороен дожд и грмежи, во петок и сабота сончево, во недела повторно нестабилно


До сабота ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен претежно јужен ветер, информира УХМР. Топло ќе биде во петок и во сабота, а утре попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Во недела ќе настапи поголема промена кога под влијание на влажен […]

Само 28 отсто од жените се јавуваат на скрининг за гинеколошки карциноми, недостига здравствена култура и во урбаните центри


Во реалноста постојат гинеколошки скрининг програми што одамна се етаблирани на хартија, но опфатот на пациентките со нив е многу мал, односно само 28 отсто од жените се јавиле на превентивните прегледи. Одѕивот е минимален во руралните средини, но и во најурбаните центри недостига здравствена едукација и култура, истакнуваат од Македонската асоцијација на гинеколози и […]

Да не се користат нееколошки материјали за загревање на живеалиштата


Граѓаните да не користат нееколошки материјали за затоплување, општините да ги субвенционираат ранливите категории, апелираше денеска министерската за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова од настан од Штип. Одговорајќи на новинарско прашање, во однос за загадувањето во пресрет на грејната сезона, министерката кажа дека постојано се спроведуваат проекти за намалување на загадувањето. – Неколку […]

Услугата помош и нега во домот достапна за 45 стари лица во Пласница


Услугата помош и нега во домот е достапна за 45 стари лица во општина Пласница. Услугата  ја спроведува здружението за поддршка на идентификувани и потенцијални ранливи групи – „Жртва“, кое заедно со општина Пласница добија грант за развој на оваа услуга во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги. „Ми претставува вистинско задоволство што […]

Петровски: Да се контролира висината на децата барем двапати годишно


Под мотото „Гласно НЕ, за дискриминација на децата/лицата со нарушен раст“, Здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања – РАСТ денеска десетти пат се придружи на глобалната иницијатива за одбележување на Светскиот ден за подигнување на свесноста за растот кај децата. Претставниците на здружението укажаа дека доцната дијагноза и ненавременото лекување се сериозен проблем […]

Дел од општина Аеродром без вода


 Без вода денеска од 10:45 часот се дел од корисниците лоцирани на улиците „Блажо Орландиќ“, „Илија Димовски – Гоче“ и „Димитар Македонски“.  Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на противпожарен хидрант на улица „Блажо Орландиќ“ 28а. Поради изведување водоводен приклучок ф-150 милиметри на булеварот „Трета македонска бригада“ во […]

ЕКРИ ги регистрира поплаките за говор на омраза од Бугарите во Македонија


Од 2016 година Северна Македонија постигна напредок и разви добри практики на повеќе полиња во справувањето со расизмот и нетолеранцијата, но сепак некои прашања и натаму се причина за загриженост, особено во однос на дискриминацита на припадниците на ЛГБТИ заедницата и на Ромите, се оценува во шестиот извештај на Европската комисија против расизмот и нетолеранцијата […]

Пензионерите на протест пред влада, бараат оставки од Ковачевски и Тренчевска


Со транспаренти и пречкртани фотографии од премиерот Димитар Ковачевски и министерката за труд и социјална политика,  Јованска Тренчевска, пензионерите од сите градови на Македонија, денеска протестираат пред Владата за повисоки пензии. Тие бараат и оставки од премиерот и министерката, но не се задоволни од 6 отсто зголемување на пензиите, туку бараат линеарно зголемување од 3.500 […]

„Пиволенд“ на паркингот кај СС „Борис Трајковски“ од 21 до 23 септември


Дванаесеттото издание на скопскиот пивски фестивал „Пиволенд“ ќе се одржи на 21, 22 и 23 септември на паркингот пред спортската сала „Борис Трајковски“. Како што известуваат од организацијата на фестивалот, најголемиот гурмански викенд со пиво во Скопје, како и претходните изданија ќе понуди широка палета на домашни и странски брендови на индустриски пива, како и […]

(Во живо) Стратегија за реформи на јавната администрација – ќе се намали ли бројот на вработени?


„Современа, ефикасна и дигитализирана јавна администрација: Визија 2030. Испорака на поквалитетни јавни услуги за граѓаните и приватниот сектор“ – презентација на Стратегијата за реформи во јавната администрација. На настанот ќе се презентира новата Стратегија за реформа на јавната администрација  (2023- 2030), процесот на изработка и механизмите за имплементирање и следење, како и клучните цели и […]

Агенцијата за управување со одземен имот ќе претседава со БАМИН мрежата во периодот 2024 – 2025


Агенцијата за управување со одземен имот на Република Северна Македонија ќе претседава со БАМИН мрежата (Балканската интерагенциска мрежа за управување со нелегално стекнат имот) во периодот 2024 – 2025 година.  – Со задоволство објавувам дека имам чест како директор на Агенцијата за управување со одземен имот, да  претседавам со БАМИН мрежата во периодот 2024 – […]

Здружението РАСТ ќе го одбележи Светскиот ден за подигнување на свесноста за растот кај децата


Под мотото „Гласно НЕ, за дискриминација на децата/лицата со нарушен раст“, Здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања – РАСТ денеска по десетти пат ќе се придружи на глобалната иницијатива за одбележување на Светскиот ден за подигнување на свесноста за растот кај децата. Како што информираат од РАСТ, годинешната тема на настанот што ќе […]

МИОА ќе презентира нова Стратегија за реформа на јавната администрација


 Нова Стратегија за реформа на јавната администрација (2023 – 2030) ќе презентира денеска Министерството за информатичко општество и администрација, во соработка СИГМА. Стратегијата ќе биде промовирана на настан „Современа, ефикасна и дигитализирана Јавна Администрација: Визија 2030. Испорака на поквалитетни јавни услуги за граѓаните и приватниот сектор“.  Најавени се обраќања на министерот за информатичко општество и […]

Сончево со умерена облачност, температурата до 33 степени


Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, а наместа повремено облачноста ќе се зголемува и ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде од 10 до 17, а максималната од 26 до 33 степени. Во Скопје ќе биде сончево со умерена […]

МАГО организира панел по повод Светскиот ден на гинеколошки карциноми


Со панел дискусијата „Премостување на предизвиците при дијагноза и лекување на гинеколошки карциноми – каде сме во моментов и каде се движиме?”, Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО) ќе го одбележи Светскиот ден на гинеколошките карциноми, 20-ти септември. Овој ден, како што наведува МАГО, е посветен на подигање на свеста за гинеколошките карциноми, за […]

Потпишување декларација за антикорупциски практики и политики во јавните претпријатија


Институтот за стратешки истражувања и едукација (ИСИЕ) денеска организира настан на кој ќе биде потпишана декларација за антикорупциски практики и политики во јавните претпријатија. Како што е најавено, декларацијата ќе ја потпишат 36 директори и овластени лица на јавни претпријатија. На настанот ќе бидат презентирани и главните наоди и ресурси подготвени од проектот „Поттикнување на […]

Владата го задолжи Инспекцискиот совет итно да го реши статусот на општинските даночни инспектори


 Владата на денешната седница го задолжи Инспекцискиот совет на Република Северна Македонија итно да преземе мерки за решавање на статусот на општинските даночни инспектори преку издавање лиценци за работа, согласно Законот за инспекциски надзор, со што ќе се реши долгогодишниот проблем кој датира од 2019 година. Со ова, Владата, како што информира, им овозможува на […]

Протест за случајот Онкологија: Како пациенти, најважно ни е да се добијат имиња и презимиња на инволвираните


 Како онколошки пациенти, најважно ни е да се добијат имиња и презимиња на инволвираните лица, беше истакнато на вечерашниот протест пред Обвинителството во Скопје, откако по наводите во јавноста за злоупотреба на лекови на Клиниката за онкологија беше отворена предистражна постапка. Онколошки пациенти на вечерашниот протест информираа дека денеска, како што тврдат, „на Клиниката за […]

Во петок по петти пат ќе се прска против комарци


Градот Скопје известува дека в петок, 22.9.2023 година, на подрачјето на Скопје ќе се врши дезинсекција (петта фаза) против ларви од комарци, односно во раните утрински часови ќе се изврши авионската, а во текот на денот и терестричната дезинсекција. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден кога […]

Указот и „Договорот од Преспа ” во четврток на дневен ред во Уставниот суд


Предметот во кој е оспорен Указот и „Договорот од Преспа” ќе се дискутира в четвтрок на седница на Уставен суд. Уставниот суд информира дека предметот е формиран од иницијативите поднесени од Тодор Петров, претседател на Светски Македонски Конгрес, Ивица Ефремов и Ангеловски Стив од Битола, Солза Грчева и Томе Тодоровски. – Со одредени наводи во […]