Свежо утро, а преку денот сончево и топло до 29 степени


Времето денеска наутро ќе биде свежо, а преку денот сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени. Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Минималната температура […]

Астрономски календар


 Денеска е петок, 13 октомври 2023 година, 286-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 89 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 43 минути, а ќе зајде во 17 часот и 56 минути. Денов трае 11 часа и 12 минути. Месечината која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

Дел од Скопје утре без вода


Поради водоводен приклучок, во текот на утрешниот ден неколку скопски улици ќе останат без вода. – Се известуваат граѓаните дека на ден 13.10.2023г. поради изведување водоводен приклучок на Ф-150 мм на ул.1661 бр.1, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.1661,Индустриска и Салонот Мерцедес-Бенз , водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со приклучокот.(општина Гази Баба), […]

Спасовски: Со обезбедени докази ќе ги именуваме виновниците за случајот “Онкологија”


Министерот за внатрешни работи во „Тема на денот“ во дневникот на Сител запрашан за скандалот на Клиниката за онкологија како едно од најгорливите прашања за јавноста, за сведочењето пред Анкетната комисија за утврдување на одговорноста уште еднаш потенцираше дека материјалите коишто се одземени, во моментот се наоѓаат на вештачење. „Вештачењата треба да ги покажат сите […]

Арсовска ја разреши Косана Мазнева од директорка на „Комунална хигиена“ Скопје


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, ја разреши од функцијата директорка на ЈП Комунална хигиена Скопје, Косана Мазнева. Од Град Скопје не одговорија на нашите прашања за ова последно од низата разрешувања, додека досегашната директорка, Мазнева за Мета.мк потврди дека не е повеќе на функцијата. „Точно е, разрешена сум од директорското место. Причините не ги […]

Обезбеден бесплатен лет за евакуација на македонските државјани од Израел, на релација Тел Авив – Скопје


Согласно одлуката донесена од страна на Владата, организиран е авионски превоз со чартер лет, на релација Тел Авив – Скопје, заради евакуација на сите државјани на Република Северна Македонија кои сакаат да го напуштат Израел, и кои побарале да се вратат во Северна Македонија, информираат попладнево од владината прес-служба.   Во услови на целосно откажани летови […]

Од пожар изгорени прагови на железничка пруга – не оди возот Велес – Прилеп – Битола


Пожар на стрништа покрај пругата ги изгоре праговите поради што втор ден не сообраќаат возовите Велес-Прилеп-Битола  и обратно. Како што информираат за МИА од Железничката станица во Велес, во вторникот попладне изгорени се 160 прагови на пругата на Железничката станица Браилово близу Прилеп, по што од среда по полноќ возовите се оневозможени да сообраќаат. Од […]

Гордана Јанкулоска од 1 ноември на условен отпуст, Апелација ѝ ја уважи жалбата


  Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје ја уважи жалбата на осудената Гордана Јанкулоска од Скопје, при што решението на Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје го преиначи и ја отпушти осудената на 1 ноември 2023 година од издржување на казната затвор, под услов до истекот на условниот отпуст, 28.09.2024 година, да не стори […]

Комисиска расправа: Пропусти во работењето на Онкологија што влијаат на услугите на пациентите


Низа пропусти кои се однесуваат на работењето на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Скопје, а кои директно влијаат на услугите на пациентите, се утврдени во извештаите на Државниот завод за ревизија за кои денеска расправа собраниската Комисија за финансирање и буџет.  Пред членовите на Комсијата се конечните извештаи на Овластениот државен ревизор за […]

Не секоја омраза е говор на омраза


Формулирање на нова одредба за говор на омраза, како и можност на едно јасно именување на мандатот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, односно експлицитен мандат за говор на омраза, како и изработка на законски решенија за справување со говорот на омраза на интернет, се потребни за ефикасно справување со оваа појава . […]

Зошто селективното одложување на отпадот е толку клучно?


Ако се прошета низ нашите улици, паркови и кејот на било која река може да се забележи за тивкото сведоштво за нашата негрижа. Отпадот, честопати фрлен насекаде, фрла и една сенка што е многу пообемна од неговото физичко присуство. Тоа не е проблем што ни е далечен туку буквално пред нашите очи, валкајќи го нашиот […]

Почна фестивалот „Виноскоп“


Со настапи на Стефан Петановски, Пајак, Оффчестра, Брас Брадрс и Фолтин вчера беше отворен фестивалот „ВиноСкоп“ кој веќе тринаесет години по ред ја промовира македонската винска култура. Со учество на над 40 винарии и гурмански катчиња, фестивалот продолжува до сабота, а денеска концертни настапи ќе имаат Баклава, Нино Величковски, Сале Певац, Дани Димитровска и Куку […]

Пензионерите од Тетово го блокираа влезот во градот, бараат повисоки пензии


Тетовските пензионери го блокираа влезот во градот со цел јавно да ги изразат барањата за повисоки пензии. Тие од 9 часот утринава се собраа на крстосницата на булеварите „Маршал Тито“ и „Видое Смилевски-Бато“ и го блокираа сообраќајот повеќе од половина час. Тие носеа и транспаренти на кои беа испишани барањата за минимална пензија од 20 […]

Во Неготино ќе се мери аерозагаденост преку присуство на различни видови лишаи


Во Неготино ќе се мери аерозагаденост преку присуство на различни видови лишаи, станува збор за проектот „Пустиња на смогот“, со кој на иновативен начин ќе се води битка со загаденоста на воздухот, информираа денеска за МИА, од Здружението на граѓани „Ековита“. Оттаму нагласија дека ќе се детектираат лишаи на одредени места во Вардарски плански регион […]

Во Кривичен продолжи судењето за Ласкарци


Со испитување на вештакот Љупчо Постолов, дел од тимот што го изготви сообраќајното супервештачење, во Основниот кривичен суд – Скопје денеска продолжи судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци, во која загинаа 16 лица и околу 30 беа повредени. Постолов денеска ќе биде испитуван од адвокатот Љупчо Мицевски, бранител на шестообвинетиот – возачот на автобусот. Покрај […]

Штрајкот на М-НАВ е одложен – авионите и денеска ќе летаат


Владата соопшти дека е постигната согласност да се работи на отворените прашања од страна на Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) со што е овозможено авионскиот сообраќај да се одвива редовно. Според Владата, согласноста е постигната на состанокот одржан во Министерството за транспорт и врски, со претставници од Синдикатот на М-НАВ (ССКЛ) и менаџментот […]

Без струја делови од Бутел, Ѓорче Петров и Центар


ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од Бутел, Ѓорче Петров и Центар, додека утре (13 октомври) без струја ќе бидат граѓани од Карпош. Без струја денеска во периодот од 6:00 до 15:00 часот, ќе бидат дел од корисниците од населбата Визбегово, дел од корисниците од ул.2, како и дел […]

Студено утро, преку ден сончево со температура до 28 степени


Студено утро, а преку ден сончево со мала локална облачност и со слаб ветер од јужен правец, предвидуваат синоптичарите. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11, а максималната ќе достигне од 23 до 28 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти […]

Одложен штрајкот на контролорите на летање, авиосообраќајот утре ќе се одвива нормално


Штрајкот на контролорите на летање што беше најавен за утре е одложен и ќе нема прекини на летовите на аеродромите во Скопје и Охрид, ниту пак редуцирање на опслужувањето на прелетите, информираа вечерва од Министерството за транспорт и врски и Струковиот синдикат на контролорите на летање. Договорот за одложување на штрајкот е постигнат на средба […]

Откажан летот со кој требаше да се вратат 11 македонски градежни работници, Хамас постојано го гаѓа аеродромот во Тел Авив


Единаесетмина градежни работници од Македонија, кои успеале да заминат од палестинската област Рамалах на Западниот Брег, се заглавени во Тел Авив, откако денешниот лет во 12.50 часот со компанијата „Туркиш ерлајнс“ за Истанбул бил откажан. Работници добиле уверување дека се прават максимални напори овие и други наши државјани да полетаат од Тел Авив в петок. […]