ЗЕЛС домаќин на 22. состанок на Заедничкиот консултативен комитет МК-ЕУ


 Заедницата на единиците на локалната самоуправа – ЗЕЛС e домаќин на 22-от состанок на Заедничкиот консултативен комитет МК-ЕУ (ЗКК), претставуван преку европскиот Комитет на региони. Како што е најавено, ќе се обратат претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и градоначалничката на Град Скопје Данела […]

Магла наутро, преку ден сончево


Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени. Во […]

Тренчевска и Костадинов најавија нова градинка во Пирaва


Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и градоначалникот на Општина Валандово Перо Костадинов денеска на Денот на ослободувањето на градот најавија нова градинка во Пирaва. Како што информира МТСП, со новата градинка во Пирава ќе се реши долгогодишниот предизвик за сместување на децата во предучилишни установи. Тренчевска при посетата на местото каде ќе […]

МЗ: Судска медицина ќе ја утврдува причината за смртта на детето во Охрид


 Министерството за здравство во врска со смртниот случај во Охрид на дете од година и единаесет месеци соопшти дека судска медицина ќе ја утврдува причината за смртта. Од МЗ вечерва потврдија дека детето денеска во 07.12 часот било донесено без знаци на живот во Охридската болница.  – На одделот за Анестезија, реанимација и интензивно лекување […]

Лога: Лазар Нанев разрешен од Советот за ИКТ


Судијата и претседател на Совет за координирање на информатичко-комуникациска технологија во правосудните органи, судијата Лазар Нанев се ослободува од функцијата член на Советот за ИКТ и со тоа од функцијата претседател на ова тело, информираше денеска министерот за правда Кренар Лога. Лога, на прес-конференција, денеска информираше дека иницирал и постапка за изработување на нов правилник […]

Грковска-Јовески: Кадровско и техничко зајакнување на обвинителскиот систем


Неопходно е кадровско и техничко зајакнување на обвинителскиот систем и извршување на професијата со одговорност и интегритет, оцениле денеска вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска и државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.  На средбата, во рамки на координтивните состаноци на вицепремиерката со претставници на надлежните институции за борба против организиран криминал и корупција, […]

Споменикот на Гешовски, прва жртва при распад на Југославија се поместува пред гробовите на великаните


Споменикот на Сашко Гешовски, прва жртва при распадот на Југославија, се поместува пред гробовите на великаните, информираа попладнево од Kабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.   – Во тек се градежни активности на градските гробишта, споменикот на Сашко Гешовски се поместува на нова локација пред гробовите на великаните. Целиот дел ќе биде хортикултурно уреден, оплеменет […]

Воведено зонско паркирање во Карпош – проверете колку ќе чини


ЈП „Градски паркинг“- Скопје известува дека е започнато воведување на зонско паркирање на територија на општина Карпош. -Новата јавна површина за паркирање- зона Д42, е лоцирана кај МИДА (ул. Орце Николов). Зоната вклучува 79 паркинг места, од кои 2 се наменети за лица со попреченост. Станарите кои со своите адреси гравитираат на зоната, ќе ја […]

Власта ја предлага професорката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска за судија на Уставниот суд


  Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ја почна седницата на чиј дневен ред е утврдување предлог за избор на судија на Уставниот суд за што има предлог тоа да биде професорката од Правниот факултет Јадранка Дабовиќ-Анастасовска. Седницата беше прекината откако координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на почетокот во […]

Адеми му даде „корпа“ на Георгиев, тој тврди дека сакал да ја заштити од притисоците


  Откако претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, ја одби поканата на Судскиот совет да им објасни на средба со какви притисоци се соочува, бидејќи не е негова надлежност да испраќа покани и да организира работни средби за новинарски написи и интервјуа, претседателот на ова тело, Сашко Георгиев  се правдаше дека Судскиот совет функционира и […]

ЈП „Стрежево“ ги подготвува скијачките терени во Нижо Поле за престојната зимска сезона


Јавното претпријатие „Стрежево”-Битола почна со техничка подготовка на скијачките терени што се наоѓаат во атарот на битолско Нижо Поле. За престојната зимска сезона, претпријатието ги подготвува ски-лифтовите и патеките за дневно и ноќно скијање. -Љубителите на зимските спортови и зависниците од зимскиот адреналин ќе се воодушевуваат на беспрекорно уредени падини и патеки, а ски-лифтот ќе […]

Фондацијата „Заев“ донираше шест мотоцикли за македонската полиција


  Денеска во кругот на Министерството за внатрешни работи, беше предадена донација од Фондацијата „Заев“, која се состои од шест мотоцикли за потребите на МВР и македонската полиција. Директорот на Фондацијата, Зоран Заев, ја предаде донацијата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, со цел подобри резултати на повеќе организациони единици при Министерството. Од МВР […]

И во Македонија синоќа се гледаше поларната светлина


Видливоста на поларната светлина во земјите од регионот синоќа, беше интересна вест. Секогаш се восхитуваме на фотографиите кои редовно доаѓаат од северот на Европа, поретко и од Австралија, но ноќното небо над Балканот ретко е обоено во зелено, црвено или виолетово како резултат на аурора бореалис.  Но, синоќа, фотографии од целиот регион ги исполнија социјалните […]

Еленко Миланов побара застарување на делото за сите обвинети во „ТНТ“ (ВИДЕО)


Објектот „Космос“ ќе падне по вторпат. Адвокатот на Миле Јанакиески во случајот „ТНТ-рушење на КОСМОС“, Еленко Миланов денес даде изјава за медиумите во која соопшти дека побарал од Апелацискиот суд да ја свика денешната јавна седница на која ќе се преиначи пресудата во овој предмет според измените на Кривичниот законик – така што ќе се […]

Беса Адеми не отиде во Судскиот совет да биде испрашувана за дадено интервју


  Преку соопштение до медиумите Беса Адеми, претседателката на највисокиот суд во земјава, Врховниот суд, образложи зошто денеска не се одѕвала на поканата од Судскиот совет. Во општирниот текст таа вели дека не е надлежност на Судскиот совет да испраќа покани и да организира работни средби за новинарски написи и интервјуа. Обраќањето го пренесуваме во […]

Почна реконструкцијата на улицата „Никола Карев“


Почна реконструкцијата на улицата „Никола Карев“ и тоа од крстосницата со булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ до крстосницата со улица „Ѓуро Ѓоновиќ“. Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, изврши увид на почетокот на градежните работи за реконструкција на улицата „Никола Карев“ во општината Центар. – Станува збор за фреквентна улица која поврзува клучни сообраќајници во Скопје, […]

Изменет сообраќаен режим на автопатот А1, делница Петровец – Катланово


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. На патот с.Извор – с.Иванчишта поради одрон сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Почнувајќи од 06.11.2023, […]

Меѓународна конференција во МАНУ за улогата на историските личности


Меѓународна конференција за улогата на историските личности во историјата и во колективната меморија денеска ќе се одржи во Македонската академија на науките и уметностите – МАНУ. Конференцијата во организација на Институтот за национална историја е по повод 145 години од раѓањето на Димитрија Чуповски и пет години од смртта на академик Блаже Ристовски. Одбележувањето на […]

Сончево со мала локална облачност


 Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со слаб […]