Втора годишна конференција за здравство на АмЧам во Скопје


Во Скопје денеска ќе се одржи втората годишна конференција за здравство во организација на Комитетот за здравство при Американската стопанска комора во Северна Македонија (АмЧам). Конференцијата е насловена како „Поглед во иднината за нашиот здравствен систем“. Како што појаснуваат организаторите, конференцијата има за цел да ја пренесе пораката за долгорочно и одржливо проектирање на целокупниот […]

Од денеска затворен локалниот пат до Блаце, пристапот обезбеден по привремен пат


Од денеска ќе биде затворен за сообраќај локалниот пат до селото Блаце пред граничниот премин. Пристапот до Блаце ќе биде обезбеден по привремен пат пред граничниот премин за што е поставена сообраќајна сигнализација. Од Авто мото сојузот на Македонија информираат дека се воведува режим на сообраќај на овој патен правец поради градежни работи на автопатот […]

Прелиминарна распределба на социјални станови во Неготино


Во Неготино денеска ќе се изврши прелиминарна распределба на социјални станови. Станува збор за вкупно 62 стана. На настанот, како што најавуваат од ресорното Министерство, ќе присуствува министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Без вода скопските населби Маџари и Хиподром


Без вода денеска од 9:00 часот ќе бидат корисниците од населбите Маџари и Хиподром во Општина Гази Баба. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на затворач ф-100 мм на ул. „Жан Жорес“ бр.129. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.

Облачно со повремени врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде облачно, почнувајќи од северозападните и северните делови со повремени врнежи од дожд, кои во текот на денот ќе се прошират насекаде. Врнежите локално ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи, а наместа ќе наврнат над 20 литри на метар квадратен. Претпладне ќе дува слаб до умерен јужен, а попладне и […]

ЕБОР и Зелениот климатски фонд ќе дадат повеќе пари за програмата Зелени градови


Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за промената на програмата на Зелени градови на Европската Банка за обнова и развој, поддржана од Зелениот климатски фонд. Како што беше образложемно, ЕБОР подготви сеопфатен предлог за реструктуирање на Програмата Зелени градови поради фактот што во текот на последните пет години, […]

УСАИД започна медиумски да ги описменува наставниците


Од 18 септември, проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“, кој се реализира во соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, ги започнаа обуките за медиумска писменост наменети за одделенските наставници од прво до петто одделение и наставниците по мајчин јазик од шесто до деветто одделение. Обуките ќе […]

Учениците од „Лазо Трповски“ од Јапонија се вратија со награда


ООУ „Лазо Трповски“ од Скопје е наградено во екипна конкуренција на училишта на Меѓународниот литературен натпревар за млади 2023, во Токио, Јапонија. Наградата е освоена во силна конкуренција. Годинава на натпреварот учествуваа 20.674 учесници од 168 земји. ООУ „Лазо Трповски“ 13. пат едноподруго учествува на Меѓународниот литературен натпревар за млади во Токио, Јапонија, на кој […]

Општина Центар им додели стипендии на 122 основци за успеси во повеќе области


Општина Центар за учебната 2023/2024 година додели вкупно 122 стипендии на основците за врвни постигнувања во повеќе области, од кои 37 од областа на науката, техниката и посебни вештини, 40 за спорт, 37 за културно творештво и 8 за ученици од социјално загрозените семејства. Стипендиите во висина од 2.500, 3.000 и 3.500 денари ќе бидат […]

Судскиот совет нема намера да „војува“ со Лога


 Судскиот совет на Република Северна Македонија нема  намера со никого да „војува“, а најмалку со ресорниот министер за правда, Кренар Лога, соопштуваат од Советот. – Ваквата реакција на Судскиот совет, доаѓа по повод вчерашните  настапи на министерот Лога, особено по неговото синоќешното телевизиско интервју, во кое тој изјави дека е во „отворена војна“ со Судскиот […]

Анализа на НАкС: Милиони евра се дале за стипендии за студии во странство, а 67 отсто не се вратиле


Голем број од студентите кои добиле скапа стипендија од државниот буџет за студии на еден од првите сто рангирани универзитети на Шангајската листа не се вратиле во земјава. МОН нема анализа за нивната кариера по дипломирањето, ниту, пак, тие што останале во странство ја вратиле стипендијата во десеткратен износ како што е пропишано во конкурсот. […]

Пензионери протестираа во Скопје, нема одговор на барањето за линеарно зголемување на пензиите


Пензионери од цела држава денеска одржаа протест во Скопје, кој започна пред Американската амбасада и заврши пред Владата, барајќи повторно линеарно зголемување на изност на пензите и други мерки за подобрување на нивниот стандард. Тие велат дека после три месеци протестирање по сите градови во државата, како и во Скопје, не добиле никакви резултати и […]

Од ЕУ ни стигна порака – немаше кој да ја слушне


  Силни пораки за тоа дека поголемиот дел од имплементацијата на европските акиа отпаѓа на локалните власти, менување на начинот на размислување, препораки за решавање на проблемот со источниот сосед беа изнесени на денешниот состанок на членовите на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Македонија и ЕУ Комитетот на региони, но речиси и да немаше кој да […]

За девет месеци извезени производи за 6,24 милијарди евра, увезени за 8,24милијарди


Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – септември 2023 година, изнесува 6,24 милијарди евра и бележи пораст од 1,4 отсто во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, пак, во истиот период, изнесува 8,24милијарди евра, што е за 8,4 отсто помалку во споредба со истиот период […]

Од утре облачно со дожд, за викендот посвежо со дожд и ветер


Времето утре ќе биде облачно и посвежо, почнувајќи од северните и северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд кои во текот на денот ќе се прошират насекаде. Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови, каде се очекува да наврнат над 20 литри на метар квадратен. На некои места врнежите ќе бидат поројни […]

Меѓународна атлетска ноќна трка во Скопје по повод „13 Ноември“


По повод Денот на ослободувањето на Скопје „13 Ноември“, македонската атлетска Федерација (АФМ) претстојната недела ќе организира Меѓународна ноќна трка „Низ улиците на Скопје 2023“. „Во чест на 13-ти Ноември, денот кој е симбол на ослободувањето на Скопје во 1945 година, АФМ во соработка со град Скопје, Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за млади […]

Запалени прагови помеѓу Слепче и Браилово повтроно го сопреа единствениот воз Битола – Прилеп – Велес – Скопје


Запалени прагови на пруга помеѓу Слепче и Браилово повторно го прекинаа сообраќањето на единствениот воз на релацијата Битола-Прилеп- Велес-Скопје.  Патниците од Велес утрово на Железничката станица во Велес беа разочарани што не можат да се качат на единстевниот воз што доаѓа од Битола преку Прилеп и  Велес за  Скопје, а кој по возен ред во […]

Утринските температури од 0 до 8 степени, најстудено во Берово


Најстудено утрово е во Берово каде што се измерени нула степени. УХМР соопшти дека во 7.30 часот се измерени температури од 1 степен во Лазарополе, два во Битола, три степени во Скопје-Петровец, Тетово и Крива Паланка, четири во Прилеп, Струмица, Демир Капија и Попова Шапка, пет степени во Куманово, Охрид, Претор, Кавадарци, Дебар и Маврови […]

НАкС ќе претстави анализа за исплатливоста од стипендирање студенти кои запишуваат студии во странство


Во просториите на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, Независниот академски синдикат (НАкС) денеска ќе одржи презентација на анализите за исплатливоста од стипендирањето студенти на прв, втор и трет циклус студии на еден од првите 100 универзитети од Шангајската листа. Автори на документот се проф. д-р Мимоза Ристова, проф. д-р Виктор Стефов и проф. д-р […]

Во прекин сообраќајот на патот Струмица – с. Костурино


Сообраќајот е во целосен прекин утрово од 6.30 часот на регионалниот пат Струмица – село Костурино, во близина на „Македонска куќа“, поради сообраќајна несреќа, соопшти Автомотосојузот на Македонија. АМСМ известува и дека поради одрон на патот меѓу селата Извор и Иванчишта сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Од вчера е изменет и режимот на […]