Возовите повторно застанаа


Машинскиот и извршен персонал при Железници на РСМ Транспорт попладне во 16 часот стапи во бојкот  со целосен прекин на железничкиот собраќај поради неисплатени патни трошоци за минатиот  месец, вели Тони Димовски, претставник на машинскиот извршниот персонал и претседател на Синдикат на машиновозачи во железничкото претпријатие.  Димовски најави дека нема да сообраќаат и патничките и […]

Посебен режим на сообраќај во Скопје в недела


Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека на 12.11.2023 година (недела) со почеток во 16:30 часот, поради одржување на меѓународна ноќна атлетска трка насловена како „Низ улиците на Скопје 2023“, во организација на Атлетската федерација на РСМ, ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на град […]

Младите киснат на социјални мрежи, а 10 отсто од домаќинствата немаат интернет


И во 2023 година, 10,5 отсто од македонските домаќинства немаат пристап до интернет, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Процентот на домаќинства кои имаат пристап до интернет изнесува 88 проценти и е најголем досега, споредено со претходните години. Најголемиот јаз во користењето на интернетот постои кај различните возрасни групи. И додека не постои […]

Струмица со нов камион ќе гаси шумски пожари, доделени и дронови за струмичките, гевгелиските и радовишките пожарникари


Директорот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Ѓоко Камчев, денеска му ги врачи клучевите од новиот камион за гаснење шумски пожари на градоначалникот Костадин Костадинов, као и три дронови за лоцирање и следење на такви пожари на пожарникарите од Струмица, Радовиш и Гевгелија. Камионот, чија вредност изнесува 107 илјади евра, и дроновите се […]

Утре поројни врнежи и силен ветер


УХМР соопшти дека утре времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, особено претпладне. Локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец (наместа со брзина над 70 километри на час). Минималната температура ќе се движи од 6 до 12, а максималната од 12 до 19 степени. […]

Демократско движење тврди дека портали водат кампања против претседателката на Врховниот суд


  Албанската опозициска партија Демократско движење обвинува дека два интернет портали водат негативна кампања против претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, поради како што велат, нејзиното противење да усвои начелно правно мислење со кое ќе ги оживее аболициите на поранешниот претседател Ѓорге Иванов. На прес-коференција во седиштето на партијата во Скопје, Арбр Кадриу рече дека […]

Конечно се покрива Усјанскиот канал


Град Скопје го реализира проектот за изградба, регулација и покривање на Усјанскиот канал, со што се решава еден од најгорливите комунални и еколошки проблеми во градот. – Со овој проект се разрешува еден од најголемите комунални и еколошки проблеми во Скопје, кој има директно влијание на жителите кои со децении потенцираат дека овој канал претставува […]

Доделени 13-Ноемвриските награди во областа на спортoт


Градскиот сојуз на спортови попладнево на пригодна свеченост во СЦ „Јане Сандански“ ги врачи традиционалните награди „13 Ноември“ што годинава по 53. пат им беа врачени на заслужни спортисти, спортски работници, тренери и организации за остварен врвен спортски резултат и придонес во развојот на спорот во градот Скопје.   Годинашното врвно признание кое се доделува […]

Обвинителство изврши преквалификација за „Трезор“, судењето одложено за 24 ноември


Судењето за случајот „Трезор“ одложено за 24 ноември, информираат од Основниот кривичен суд Скопје. На денешната расправа, како што информираат од Кривичен, јавниот обвинител изврши прецизирање на обвинителниот акт и преквалификација на кривичното дело согласно измените на КЗ за еден од обвинетите, додека одбраната барала тоа да се примени и за останатите. – Во Основниот […]

ЈОРСМ: Политичарите да се воздржат од употреба на предметот за Онкологија во политички цели


Јавното обвинителство води предистражна постапка и не постапува по барања на други лица. Информации се споделуваат единствено во обем кој нема да ѝ наштети на постапката, реагира Јавното обвинителство по изјавата на министерот за здравство Фатмит Меџити дека е крајно време Обвинителството да излезе со име и презиме за случајот со Клиниката за онкологија. Обвинителството […]

Интерактивни училници, обуки и работилници во рамки на Еразмус-деновите


Голем број наставници од цела земја учествуваа на обуки, интерактивни училници, работилници како дел од активностите што во изминатиот месец ги организираше Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Во рамките на Еразмус-деновите им беше доближена програмата еТвининг, Еврогајденс и Европас, а позитивните искуства инспирираа наставници и училишта кои досега немале можност да станат […]

УКИМ ги додели наградите на најдобрите научници и уметник за 2022 година


Пет професори на Скопскиот универзитет во областа на науката и еден во областа на уметностите денеска ги добија годишните награди за врвни резултати во научно-истражувачката односно во уметничката дејност во календарската 2022 година, по повод 10 Ноември – Светскиот ден на науката за мир и развој. Во категоријата најдобар научник, наградени се: д-р Петре Макрески, […]

ЈП Лајка: Рекорден број кучиња стерилизирани во октомври


Во текот на месец октомври, Јавното претпријатие Лајка има стерилизирано и кастрирано 134 кучиња, од кои 82 женки и 52 мажјаци, доколку пак, вдомило 37 кучиња. -Со овие спроведени кастрации и стерилизации сме превенирале разможување на 134 кучиња, односно на 134 здрави репродуктивни единки. Со тоа се намалува стапката на бездомни кучиња на улиците, ЈП […]

Меџити: Крајно време е Обвинителството да излезе со име и презиме за случајот со Клиниката за онкологија


Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска истакна дека е крајно време Обвинителството да излезе со име и презиме за случајот Онкологија. -Повикувам уште еднаш, апелирам за случајот со Клиниката за онкологија, крајно време е Обвинителството да излезе со точно име и презиме зошто овој костум, оваа кравата ме гушат. Да ви кажам дека ми прилега […]

За викендот облачно со дожд, грмежи и ветер


Од денеска попладне до понеделник претпладне под влијание на влажен бран времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 35 л/м2). Утре локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи, соопшти УХМР. Денеска, а особено утре ќе дува засилен ветер од јужен и југозападен правец (над […]

Три нови апарати на Клиниката за неврологија


Клиниката за неврологија од денеска има три нови апарати. Станува збор за електроенцефалограф ЕЕГ – современа, неагресивна метода за следење на мозочната функција што се користи за рана дијагностика на невролошките заболувања, потоа апарат со којшто ќе се третираат пациентите заболени од поливоспалителна невропатија, како и апарат за електрофореза, за потребите на биохемиската лабораторија.  Министерот […]

Словенечка групација ќе го чисти Тетово


Градоначалникот на Тетово Биљал Касами со претставници на словенечката компанија од групацијата Саубермахер го потпишаа договорот за јавно приватно партнерство со кој на фирмата ѝ се отстапува стопанисувањето со отпадот. Касами истакна дека заедно со групацијата направени се анализи и студии во однос на управувањето со отпад, поточно за собирање и депонирање. -Должностите и обврските […]

Во Велес свечено пуштен новиот покриен Градски пазар


Новиот покриен Градски пазар во Велес,вчера, по повод денот на градот – 9 ти ноември, свечено беше пуштен во употреба. Пазарот има над 300 тезги. Месечната баждарина за тезга ќе биде непроменета 1100 денари, а како што најавија од ЈКП „Дервен“, со одлука на Совет, ќе бараат да се укине дневниот закуп на тезга од […]

„Ученички се продаваат за пари”: Детскиот криминал во Тетово е алармантен, институциите не соработуваат


Ученички кои се продаваат за пари, пиштоли во училиштата, употреба на дрога, кражби, зголемено учество на децата во криминал се само дел од девијантните однесувања на учениците во Тетово, беше кажано на работилницата на тема „Улогата на образовните институции и општината во превенцијата на детската деликвенција“, пишува Порталб.мк Ученички кои се продаваат за пари, пиштоли […]