Посебен режим на сообраќај во Скопје поради меѓународна ноќна атлетска трка


МВР информира дека денеска, од 16:30 часот, ќе има посебен режим на сообраќајот по улиците во централното подрачје во Скопје, поради одржување на меѓународна ноќна атлетска трка насловена како „Низ улиците на Скопје 2023“. -Трката ќе се одвива со траса на движење од „Порта Македонија“, плоштад „Македонија“, ул.„Никола Вапцаров“, па лево по ул.„Димитрие Чуповски“, потоа […]

Променливо облачно, попладне со врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно, со врнежи од дожд попладне во западните делови, а кон крајот на денот и во текот на ноќта на повеќе места. Пообилни врнежи се очекуваат во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната […]

Многу реакции на образложението на пресудата против ИРЛ


  Образложение на пресудата на судијката Јованка Спировска-Панева, која одлучуваше во случајот меѓу „Фероинвест“ и ИРЛ предизвика бројни реакции. Меѓу првите се јави претседателот на државата Стево Пендаровски. Тој вели дека слободата на медиумите е директно поврзана со степенот на демократијата во едно општество и со заштитата на јавниот интерес, а новинарството е слободна и […]

И во Собранието треба да се внимава што се зборува – Бране Петрушевски осуден за клевета


  Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово, Бране Петрушевски, на социјалните мрежи објави дека во Основниот суд Куманово бил осуден за став искажан на собраниска говорница, додавајќи дека ова е првпат во историјата на плурализмот пратеник да е осуден за став. Пратеникот, како што е наведено во пресудата, во својот говор го омаловажил колегата пратеник од […]

Општина Тетово повеќе не должи 14 милиони, туку „само“ 8 милиони евра


Општина Тетово ја информира јавноста дека долгот на општината е намален за 6 милиони евра во однос на 2021 година.   – По две години, новото раководство целосно ја промени финансиската состојба на општината. Во моментов општина Тетово има долг од 8 милиони евра, додека во 2021 година имала 14 милиони – соопштија од општината. […]

Од среда задолжително ставете зимски гуми – почнува сезоната


 Задолжителната зимска опрема за возилата почнува од 15 ноември. По тој повод денеска полициски службеници од отсекот за превенција при СВР Штип со полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип, спроведоа превентивно едукативна активност кај наплатната станица кај село Кадрифаково, светиниколско и на повеќе локации во централното градско подрачје. Во соопштението […]

ЈП Градски паркинг – Скопје ќе организира крводарителска акција за 20-тиот роденден


На 13 ноември 2023 година се бележат 20 години од постоењето на јавното претпријатие Градски паркинг – Скопје. Целиот изминат период, започнувајќи од денот на основањето, претпријатието работи посветено и во служба на граѓаните.  За симболиката на овој ден да биде уште поголема, на истиот ден- 13 Ноември, се одбележуваат 79 години од ослободувањето на […]

Општина Центар подготвува отворање „Енергетска канцеларија“


Енергетските политики на земјите од Западен Балкан и Европската Унија беа во фокусот на третиот Социо-еколошки форум кој се одржа во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“, Меѓународниот центар „Олоф Палме“ и Прогрес – Институтот за социјална демократија. На дебата на која учествуваа владини преставници, експерти и пратеници од земјите на ЕУ, како и градоначалници од […]

Здравствените работници и административно – техничкиот персонал бараат 30 отсто повисока плата, најавени протести


Од Независниот синдикат на здравствените работници и административно – техничкиот персонал денеска повторно побараа подобри услови за работа на членството и најавија протести, на 17 и 24 ноември и на 2 декември. Бараат зголемување на платите за 30 отсто, на додатокот за инфекција од еден на четири отсто, нов колективен договор, бенефициран работен стаж и […]

Од 10 луѓе, шест имаат висок крвен притисок


 Надворешни фактори кои влијаат за хипертензија или висок крвен притисок се стресот, пушењето и нездравите навики. Познатиот кардиолог д-р Тања Анѓушева забележува дека на внатрешните наследни фактори не можеме да влијаеме, но она на што можеме да делуваме е да ги отстраниме лошите навики, кои се многу поштетни. Анѓушева која денеска присуствуваше на научниот симпозиум […]

Штипскиот градоначалник бара корекција за блок дотациите што пристигнуваат за пожарникарите


Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов бара министерството за одбрана да ги коригира блок дотациите за пожарникарите, што ги добиваат општините во земјава. Забележува дека не се почитуваат законските одредби кога станува збор за распределба на средствата со кои се исплаќаат платите на пожарникарите. Општината Штип добива средства само за десет пожарникари, а според бројот […]

Зелена енергија за секого е заедничка цел


Социјално праведна еколошка трансформација е темата на која викендов во Скопје дебатираат прогресивните лидери, претставници на граѓанското општество, академската заедница, синдикатите, младите и новинарите како дел од Социо-еколошкиот форум. На вториот панел на тема „Преобликување на нашите градови преку климатски позитивен развој“ говореа министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, како и градоначалници […]

Закон имаме 20 години, ѓубрето никако да го исчистиме


Главниот еколошки предизвик на државата е дефинитивно воспоставување на основна инфраструктура за управување со отпад, порача денеска министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, одговарајќи на новинарски прашања. Таа потсети дека законот е донесен веќе дваесетина години, но поради многу слабиот напредок од страна на општините во таа насока државата го презеде регионалното […]

Извештај на ЕК: Ограничен напредок во областа на животна средина и климатски промени


Во областа на животна средина и климатски промени Северна Македонија има ограничен напредок, но минатогодишните препораки беа делумно исполнети, констатира Европската комисија (ЕК) во извештајот за напредокот на земјава во 2023 година и охрабрува да се преземат натамошни чекори кон зелената транзиција, особено во рамките на Зелената агенда за Западен Балкан.  Во извештајот се препорачува […]

Несекојдневно: Донеси стари батерии и влези си на концерт


Несекојдневен начин на плаќање за билет за присуство на концерт. Имено, во Скопје ќе има еко концерт, на мандолинскиот оркестар „Скопје“, а за влез се наплаќа со оставање стари батерии или ситен електронски отпад. Концертот е закажан во Музејот на македонска борба на 14.11.2023г. вторник во 20 часот. – Еко концерт со мотото „Селектирај повеќе, […]

Ангелов: Позитивна оценка на ЕК за бројот за итни повици на ЦУК – 112


Според извештајот на Европската комисија, Центарот за управување со кризи успешно го имплементираше проектот за воведување на 112 како дел од напорите на земјата за приближување кон ЕУ регулативата, вредностите и стандардите. Бројот 112 е достапен за сите граѓани во целата земја. Кога и да се соочат со вистински итен случај, каде било во Р.С. […]

Најмногу дожд во Попова Шапка, услови за снег на планините на северозапад


 Во изминатите 24 часа најмногу дожд – 14 литри на метар квадратен наврна на Попова Шапка,  10 литри  во Тетово и Маврови Анови, осум во Крушево, пет во Берово и Лазарополе,  четири во Охрид, три во Претор и Виница, два во Крива Паланка, Прилеп, Гевгелија и Дебар, еден во Скопје Зајчев Рид, Битола, Куманово, Струмица, […]

11 ноември во историјата – Ден на примирјето: Заврши Првата светска војна


  Во 11-от час на 11-от ден од 11-от месец 1918 година, завршува Големата војна. Во 5 часот утрото, Германија, без доволно војници и залихи и соочена со неизбежна инвазија, потпиша договор за примирје со сојузниците во железнички вагон надвор од Компиењ, Франција. Првата светска војна остави девет милиони загинати и 21 милион ранети војници, […]

Состојба на патиштата


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. НАИЗМЕНИЧЕН СООБРАЌАЈ: Сообраќајот на  регионалниот пат Велес – с.Извор се одвива наизменично.  ОДРОН НА ПАТОТ: На патот с.Извор – с.Иванчишта сообраќајот се одвива по една коловозна лента. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, […]

Ново ситнење на албанската сцена – Хусни Исмаили го напушти Африм Гаши


  Политичката сцена меѓу Албанците и натаму се раздробува во истиот момент кога се објавуваат потфати за обединување. Прво беше објавено дека чаирскиот огранок на Алтернатива ја напуштил партијата, а сега пратеникот и потпретседател на Собранието, Хусни Исмаили, се одвои од лидерот Африм Гаши и во Тетово формираше фракција која е наречена Координативен совет. Според […]