Скопје одбележува 79 години од Денот на ослободувањето


Скопје денеска одбележува 79 години од Денот на ослободувањето во Втората светска војна. Делегации од институции и организации ќе оддадат почит и ќе положат цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел  на Алејата на заслужните граѓани во Бутел  и на споменикот  „Ослободители на Скопје” на платото пред владината зграда, а најавени се повеќе манифестации, работилници, изложби, […]

Сончево со мала до умерена локална облачност


Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени. Во Скопје сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура […]

Астрономски календар


 Денеска е понеделник, 13 ноември 2023 година, 317-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 48 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 21 минута, а ќе зајде во 16 часот и 15 минути. Денов трае 9 часа и 53 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее во […]

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и натаму во водство, но разликата е намалена


  ВМРО-ДПМНЕ и натаму се држи на поддршката од околу 20 процентни поени и води во испитувањата на јавното мислење, но ако се споредат двете последни анкети СДСМ малку ја намалил разликата. Истражувањето на Институтот за истражување на политики и добро владеење –Цивика мобилитас, покажува дека ВМРО-ДПМНЕ има поддршка од 19,5 отсто од испитаниците, додека […]

Македонците од Албанија бараат пописот да продолжи, Бугарија врши притисок


  Претседателот на единствената македонска партија во Албанија, Васил Стерјовски побара од албанските власти да го продолжат пописот на населението во Мала Преспа и деловите каде што живее етничко македонско население. Причината за ова, според Стерјовски, е што официјално пописот траел шест недели, но во реалноста ситуацијата била сосем друга – се попишувале вкупно три […]

Владата итно да се посвети на довршување на пругата кон Бугарија, бара ЕУ


Итно да се забрза изградбата на железничкиот Коридор 8, со посебен акцент на распишување на тендерот за изведба на третата фаза од пругата кон Бугарија, на потегот од Крива Паланка до македонско-бугарската граница. Ова е само дел од клучните препораки од Европската комисија (ЕК) во поглавјата за транспорт и трансевропските коридори во најновиот Извештај за напредокот […]

Новороденче почина од сепса на Детската клиника во Скопје


Новореденче со сепса починало на Детската клиника во Скопје, потврди за МИА директорката на клиниката, Стојка Нацева Фуштиќ.  Таа информира дека новороденчето било е донесено од Прилеп на Детската клиника во тешка состојба, со ирегуларно дишење, било згрижено на Единицата за интензивна терапија, првично со неинвазивна поддршка на респирацијата, а потоа поставено на механичка вентилација. […]

Посебен режим на сообраќај утре и задутре во центарот на Скопје


Министерството за внатрешни работи информира дека утре и задутре, поради посета на делегација предводена од претседателот на Народното собрание на Република Бугарија, Росен Желјазков, ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците во централното подрачје на Скопје. Во соопштение, од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници. 

Средба на Ковачевски со Александар Сорос


  Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот мировен форум се сретна со првиот човек на фондацијата Отворено општество, Александар Сорос. Во објавата на социјалните мрежи Александар Сорос напиша дека е добро да се види Ковачевски расположен и насмеан. „Добро беше да се види Димитар Ковачевски со добро расположение и насмеан, иако ја има една […]

ЕК: Северна Македонија добро подготовена во делот на безбедноста на храната


 Северна Македонија има добро ниво на подготовка во делот на безбедноста на храната,  ветеринарната и фитосанитарната политика, оценува Европската комисија (ЕК) во Извештајот за напредокот на земјава. Според ЕК, постигнат е одреден напредок во периодот на известување, особено во борбата против болестите кај животните, контролата на здравјето на растенијата и спроведувањето мерки за искоренување на […]

(Фото/видео) Заради безбедност поставена ограда под плоштадот „Скендер Бег“


Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов информира дека тротоарот што минува под Стоковната куќа „Мост“ и плоштадот „Скендер бег“ е небезбеден и истиот нема ограда, а по него се движат многу пешаци, велосипедисти, со електрични тротинети и скутери. -Од тие причини ЦУК се обрати до Град Скопје со барање да се постави […]

ЕК: Напредок во однос на трансплантациите, заостанување во финансирањето за ретки болести и скрининг за рак


Во Северна Македонија недостига сеопфатен и проактивен пристап за скрининг за рак и тука финансирањето е недоволно. Со притисок од јавноста, се зголеми финансирањето за ретки болести, но, не доволно, за да ги покрие трошоците за медицински третман на сите регистрирани пациенти. Нема напредок кога станува збор за контролата на тутунот. Пушењето на јавни места […]

БРАКО помогна во подготовка на новиот пункт на МВР за издавање лични документи без закажување


БРАКО изработи и донираше 20 паравани за позициите за фотографирање во новиот пункт за издавање лични документи, кој МВР  го отвора во пресрет на рокот во февруари до кога граѓаните треба да ги заменат своите документи. БРАКО изработи 20 комплети на паравани од челични профили и исполна од лесонитни табли, целосно во мат бела боја, соодветна […]

ЕК: Да се воведат поефикасни антикорупциски мерки во текот на циклусот на набавките


Северна Македонија е умерено подготвена во делот на јавните набавки и има постигнато ограничен напредок во извештајниот период, се посочува во Извештајот на Европската Комисија за напредокот на земјава за 2023 година. Во документот се наведува дека капацитетот на клучните институции за склучување договори и на економските оператори треба да се зголемат преку континуирана обука. […]

Здравата исхрана и физичката активност важни при заштита од бубрежни заболувања


Хроничното бубрежно заболување (ХББ) зафаќа осум до 16 проценти од светската популација. Кај нас изминатата година биле регистрирани вкупно 595 пациенти, од кои 332 мажи и 263 жени. Ова заболување освен што може да биде наследно, во голема мера зависи и од животниот стил на човекот. Северна Македонија се соочува со недостиг на нефролози, потребно […]

Пренасочување на сообраќајот во општина Ѓорче Петров


Од Јавното претпријатие „Улици и патишта“ информираат дека денеска ќе има пренасочување на сообраќајот во општина Ѓорче Петров. Ќе се врши монтажа на нови портални и конзолни семафорски столбови, како и нова семафорска инсталација на крстосницата на улиците „Ѓорче Петров“ и „Знеполе“. – Поради изведба на активностите за монтажа, во периодот од 8 до 11 […]

Студентите на Природно-математичкиот факултет во Скопје мета на крадци, бараат итни безбедносни мерки


Студенти на Природно-математичкиот факултет (ПМФ) при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје се жалат дека во близина на факултетот во доцните попладневни часови, по наставата, непознати лица под закана со нож ги напаѓаат и ограбуваат. Полициските власти потврдија дека од јуни досега, во полиција биле пријавени три вакви случаи, но дека сторителите не се […]

Температури под нулата во Берово и на Попова Шапка, најмногу дожд во Маврови Анови


Утрово најниски теператури се измерени во Берово -2 и на Попова Шапка -1 степен Целзиусов, а јатопло било во Дојран 8 степени. Следат Крива Паланка со 1 степен, 2 во Скопје – Петровец, Маврови Анови, Лазарополе и Струмица, 3 Штип, Крушево, 4 Тетово, Битола, Прилеп, Велес, Кавадарци, Демир Капија, Виница, Куманово и  во Дебар, 5 […]

Без вода Министерството за здравство и дел од улица 50-та Дивизија


ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известува дека, денеска, од 09:00 часот, без вода ќе биде Министерството за здравство и дел од корисниците на улица 50-та Дивизија.  Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради замена на затворач (шибер)Ф100мм.на улица 50-та Дивизија кај Министерството. 

„Бербер шоу“ во Скопје за одбележување на „Моември“ – месецот на машкото здравје


Во организација на Фризерската секцијата од Скопје при Занаетчиската комора и Скопје Сити Мол, денеска,од 12 до 17 часот традиционално ќе се одржи „Бербер шоу“ со што ќе се одбележи  „Моември“ – месецот на машкото здравје.  Ноември е месец во кој се степенува важноста на машкото здравје. Моември, меѓу другото, подразбира и растење мустаќи во […]