„Макпетрол“ донира новогодишни подароци за дечињата од куќата „Верна“ во СОС Детско Село


Децата што со згрижувачко семејство живеат во куќата „Верна“, а чијшто кум е „Макпетрол“, денес добија новогодишни подароци. Во празнично расположение, дечињата беа израдувани со различни содржини со кои што ќе можат да се забавуваат и кои што ќе им помогнат полесно да ги совладаат предизвиците во следната 2024 година. – Општествената одговорност долги години […]

Пренасочен е товарниот сообраќај на патот Скопје – Блаце, кај бензинска пумпа „Дизел“


 Од 13 часот е пренасочен товарниот сообраќај на магистрален пат Скопје – Блаце, кај бензинска пумпа „Дизел“. Како што соопштија од АМСМ, пренасочувањето е поради технички проблем со системот од косовската страна.

Утре е неработен ден за Турците во Македонија


„Согласно со Законот за празниците, 21 декември 2023 година (четврток), Денот на настава на турски јазик е неработен ден за граѓаните припадници на турската заедница“, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Министерството за труд и социјална политика им го честита Денот на наставата на турски јазик. Ова е единствениот национален празник што го прославуваат […]

Врховниот суд го одби барањето на Груевски за преиспитување на пресудата за „Плацеви на Водно“


 Врховниот суд го одби како неосновано барањето за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје за предметот „Плацеви на Водно“, поднесено од осудениот поранешен премиер Никола Груевски.   – Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија денеска на седницата одржана на ден 20.12.2023 година одлучуваше по поднесено Барање […]

Центар урива нелегални бараки – отвора пат за учениците од „Коле Неделковски“


Општина Центар започна со отстранување на нелегално поставени објекти на јавна површина како што се диви доградби и тераси, со кои се узурпира јавниот простор. Акцијата започна денеска со отстранување на бесправно изградена барака на ул. „Антоние Грубишиќ“. Општина Центар го спроведува отстранувањето на оваа напуштена и нефункционална барака за да обезбеди безбеден пристап на […]

Дали Скопје е или не е во 10-те најзагадени градови во светот – борба меѓу Арсовска и новинарите!


Загаденоста на воздухот во зима, во Скопје стана вечно актуелна тема. Сите работат на намалување на загадувањето, но ефектот слабо се гледа.    Загриженоста на граѓаните е оправдана. некои чувствуваат акутно симптоми од загаденоста, крвави очи кои им солзат, потешкотии во дишењето и кашлање, неретко и осип на кожата и тоа сите, млади, стари, деца… […]

Изјави на премиерот Ковачевски и министерот Бочварски (во живо)


Изјава на премиерот Димитар Ковачевски, кој со министрите за транспорт и врски Благој Бочварски, и за култура Бисера Костадиновска Стојчевска и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми присуствуваат на пуштањето во употреба на рехабилитираниот регионален пат  Битола – Меџитлија.

Во Клиниката за физикална медицина и рехабилитација пуштен во употреба апарат за роботска рехабилитација


Во Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација во Козле пуштен во употреба е нов најсовремен aпарат за роботска рехабилитација – Lokomat во вредност од 57.983.430,00 денари. Станува збор за апарат кој го поддржува движењето, ги насочува нозете на пациентот врз основа на физиолошкиот модел на одење и нуди можност за делумна поддршка на тежината.  […]

(Во живо) Азар Алиу за Финалниот акт за преземање на позицијата на Македонија во орбитата


Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу ќе одржи прес-конференција за потписот во Дубаи на Финалниот акт за преземање на позицијата на нашата земја во орбитата.  

Спасовски: Издвоивме 13 милиони евра од Буџетот на МВР за униформи, техничка опрема и возила


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информира дека се издвоени 13 милиони евра од Буџетот на МВР за униформи, техничка опрема и возила – имплементиравме високи европски стандарди на материјално-техничката опременост на македонската полиција. – Така, покрај униформираната полиција со комплет униформи (зимски јакни, високи специјални чизми, летни и зимски панталони, чевли со дебел и […]

Македонската армија 108 во светот


Армијата на Северна Македонија е рангирана на 108 место на листата најмоќни војски во светот, што ја објави специјализираниот портал кој се занимава со воени анализи „Global Firepower“. Според листата на најмоќни армии во 2023 година, очекувано на прво место се САД, а потоа следат Русија, Кина, Индија, Велика Британија, Јужна Кореја, Пакистан, Јапонија, Франција, […]

В сабота во Охрид ќе се пие вино и ќе се вртат плочи


Културолошката иницијатива „5 до 12“ од Охрид за в сабота на плажата Сараиште во Стариот дел на Охрид организира целодневна винил-забава, со Божикен маркет и греано вино и ракија. Настанот е од хуманитарен карактер, со тоа што средства што ќе се соберат на манифестацијата ќе бидат донирани за добропознатата хуманитарна акција „Пакетчиња за сите дечиња“. […]

Дел од Долно Лисиче нема струја


Од ЕВН Македонија АД известува дека поради планирани технички интервенции во елктродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат следните корисници: – Во период од 08,00ч до 12,00ч дел од Долно Лисиче (пат кон Драчево) о. Аеродром-К. Вода – соопштија од ЕВН.

Камил Сливовски: ВИ нè прави попродуктивни, но потребни се регулации и свесно користење


Возбудувачки е на колку сè нови начини ќе се користи и веќе се користи вештачката интелигенција (ВИ) во нашите животи, но мора да сме претпазливи со новоотворената „Пандорина кутија“. Ова беше заклучокот на Камил Сливовски, дизајнер на активности и содржини за учење од полската организација ИНКО (Полска), за време на 19-тото издание на меѓународната конференција […]

Магла на патните правци Велес-Демир Капија, Битола-Кичево и кај Македонски Брод


Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Појава на магла со видливост до 100 метри има од Велес до Демир Капија и во Битола-Кичево и Македонски Брод. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за […]

Јубилејно чествување на делата на значајни македонски преродбеници


Во амфитеатарот на Институт за македонска литература ИМЈ „Крсте Мисирков“ во Скопје денеска ќе се одржи јубилејно чествување на делата на значајни македонски преродбеници. Настанот е во организација на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Oдбележување на Ден на турското образование во МБУ


Меѓународниот балкански универзитет (МБУ) денеска го организира настанот „Children’s Turkish“, како дел од одбележувањето на Денот на турското образование. Како што е најавено, ќе се обратат ректорот на МБУ Лутфи Сунар, Реџеп Сулејман Оздил, претседател на Управниот одбор на МБУ и Мустафа Шентоп, 29-ти претседател на Големото национално собрание на Република Турција.

Сончево со температура до 13 степени


Времето претпладне ќе биде сончево и претежно тивко, а попладне со мала до умерена облачност. По котлините ќе биде магливо и постудено. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени. Во Скопје претпладне со појава на магла, преку денот умерено облачно и тивко. Минималната […]

Мислење за Фетаи, Раичевиќ и Коцевски побара Владата по огласот за јавен обвинител


Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница донесе одлука да достави писмо до Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија, со барање писмено мислење за пријавените кандидати на Огласот за именување на јавен обвинител на Република Северна Македонија. Советот на ЈО, согласно законските рокови, треба во рок од 15 дена да даде позитивно […]

Бочварски бара М-НАВ да не штрајкува за Нова година


Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на денешната средба со претседателот на Синдикатот при М-НАВ (ССКЛ), Александар Тасевски побара да не ја спроведуваат одлуката за прекин со работа, образложувајќи дека административните постапки во М-НАВ не смеат да влијаат во професионалноста на Друштвото во насока на нормалното одвивање на ависообраќајот во земјава. Како што соопштија […]