Кинескиот пијанист Хају Жанг ќе настапи со Филхармонијата 


Пијанистот Хају Жанг кој настапи како солист на големата турнеја на Филхармонијата во Кина во декември, вечер ќе настапи на нејзиниот концерт со рецитал на кој ќе изведе дела од Бетовен, Шопен, Дебиси и Равел. -Хају Жанг, заедно со оркестарот на Македонската филхармонија и израелскиот диригент Јерухам Шаровски од Израел, гостуваше како солист на големата […]

„Уметност за сите“: Изложба на дела од деца со аутизам во Чифте амам


Уметнички творби на деца со аутизам се претставени на изложба во Чифте амам, резултат на креативните работилници кои Националната галерија таму ги организираше шест дена во минатиот месец. Изложбата насловена „Пролет, лето, есен, зима… и повторно пролет“ е трета од вкупно четири од проектот „Уметност за сите“ кој НГМ го организира под покровителство на Амбасадата […]

(Галерија) Изложба за царското семејство Романови


Амбасадата на Руската Федерација организираше изложба по повод 100-годишнината од мачеништвото на царското семејство Романови. Изложбата беше отворена денеска на пладне во Музеј на македонска борба во Скопје.

ФХ3Х работеше на визуелните ефекти на херојот Шазам


Македонската компанија за визуелни ефекти и анимација ФХ3Х учествуваше во креирањето на визуелните ефекти на американскиот филм „Шазам!“, базиран на суперхерој врз карактер на ДиСи Комикс. Филмот е во режија на Дејвид Сандберг и е седмо остварување во низата филмови според ДиСи Комикс карактери. Главниот лик го игра Ашер Ејнџел, во улога на Били Батсон, […]

Милчин: Нема сила која актерот ќе го замолчи кога има што да каже


Во Театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес во тек се завршните подготовки за премиерната изведба на претставата „Злосторство на 21-от век“ од британскиот автор Едвард Бонд, а во режија на професорот Владимир Милчин. Претставата премиерно ќе биде изведена до крајот на месецов. Станува збор за македонска праизведба на третиот драмски текст од антивоената […]

Концертна промоција на „Добро утро госпоѓо“: Ориѓански и Бени во Филхармонија


Не спектакл, туку уживање најавуваат Златко Ориѓански и Бени Шаќири на концертната промоција на нивниот заеднички албум  „Добро утро госпоѓо“  со пријателите во Македонска Филхармонија на 20 април во 20,30 часот. Ориѓански и Шаќири се долгогодишни соработници . Својата заедничка приказна ја започнаа со ,, Си беше еднаш“ и ,„Генерале“, која стана дел од музиката […]

Конкурс за „Пегаз“ – нова книжевна награда за необјавен роман


Издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ распишаа прв конкурс за новата книжевна награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман на годината. За наградата може да конкурираат сите необјавени романи (ракописи) наменети за возрасни или за деца. Романите треба да бидат предложени од самите автори-кандидати за наградата, кои […]

Отворање на  15. „Танц фест“ со „Идентитети“ на Скопје танцов театар


Претставата „Идентитети“ на Скопје танцов театар вечер од 20 часот во Македонскиот народен театар ќе го отвори 15.„Танц фест“, кој под мотото „Идентитети што не смеат да се пропуштат!“ ќе се одржува до 23 април. -Годинашната програма е посветена на младите, современите танчари и нови кореографски имиња од нашава земја, со цел општеството да го […]

МНТ одбележа 74 години: Домашните драмски автори ни ја испишуваат и историјата


Македонскиот народен театар денеска прослави 74 години. Годинава на одбележувањето во фокусот беа домашните драмски автори, а во нивна чест е отворена изложба со наслов „Од текст до претстава“. Авторката на изложбата и раководител на Музејот при МНТ, Ивана Јарчевска, рече дека богатото драмско творештво има посебно место во обемната сценска продукција. На 3 април, […]

Министерството за култура ги демантира информациите за оставка на министерот Адеми


Министерството за култура попладнево преку соопштение ги демантираше информациите објавени во одредени портали за оставка на министерот Асаф Адеми. – Министерот Адеми без застој во работата ги извршува своите редовни работни обврски, а активностите на Министерството за култура се одвиваат според тековната динамика, наведуваат од ресорното Министерство.

Фраерски е да се чита: Кампања за подигање на читателската свест


Под мотото „Фраерски е да се чита – недела на кул книги во ТРИ“, издавачкиот центар ТРИ од вчера почна кампања за подигнување на читателската свест кај младите. Со богата двонеделна програма проследена со убав избор на повеќе дела за млади по одлични цени, издавачот очекува да ги заинтересира младите за читање добри книги. Интересни […]

Европски 220.000 евра за санација на црквата „Св. Власие“ во Штип


Штип – Заводот за заштита на спомениците на култура и музеј Штип потпиша договор со кој се здоби со можноста да користи 220.000 евра од ИПАР-фондовите за санација и конзервација на црквата „Св. Власие“. Директорот Мите Штерјов вели дека проектот е во рамките на прекуграничната соработка со Република Бугарија. – Целиот проект е во вредност […]

МНТ одбележува 74 години постоење


Македонскиот народен театар денеска со изложба ќе одбележи 74 години постоење. Изложбата е насловена „Од текст до претстава: македонски драми на сцената на МНТ“ и ќе ги опфати авторите од различни генерации чии дела биле изведени во МНТ. Националниот театар од самите почетоци поставува дела од македонски автори – „Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски била […]

ИТФ „Лица без маски“: Шест театарски претстави во шест фестивалски дена


Со проектот „Како се прави човек“ на режисерката Хана Миленковска, на 4 април во „Кино култура“, од 20 часот, ќе почне 12. издание на Интернационалниот театарски фестивал „Лица без маски“, посветен на професионалното независно театарско творештво. На програмата се вкупно шест претстави, меѓу кои и „Кокошка“ од Бугарија, во режија на Ана Батева, „Машината на […]

Промоција на „Скопје, ти раскинуем“ од Тамара Јолевска-Попов


Втората збирка раскази на Тамара Јолевска-Попов насловена според истоимениот расказ „Скопје, ти раскинуем“ деновиве излезе од печат во издание на „ПНВ публикации“. Книгата содржи четириесетина куси раскази. Промоцијата на книгата ќе се одржи денеска од 20 часот во киното „Фросина“. Промотори ќе бидат Душко Крстевски, Ѓоко Здравески и Деспина Мукоска, извадоци ќе чита Томе Станковски, […]

Конкурс за самостојна или групна изложба на млади уметници


Младинскиот културен центар објави конкурс за млади уметници за самостојна или групна изложба која ќе се реализира во втората половина на 2019 година. Целта е да се промовираат млади ликовни автори, а право на учество имаат сите заинтересирани на возраст до 35 години. Кандидатите ќе ги избира комисија формирана од МКЦ и Град Скопје. Конкурсот […]

Комеморација за актерката Мушереф Лозана


Денес напладне, во театар Комедија, ќе се одржи комеморација за актерката Мушереф Лозана, во организација на Турскиот и Албанскиот театар. Доајенката на Театарот на народностите во Скопје, каде што работеше во текот на целиот свој професионален живот, од 1955 до 1991 година, кога замина во пензија, почина во петокот, на осумдесет и петгодишна возраст (18.8.1933-29.3.2019). […]

„Кармина Бурана“ во МОБ


Најпопуларната сценска кантата „Кармина Бурана“ од германскиот композитор Карл Орф вечер од 20 часот е повторно на сцената на Македонската опера и балет. Режисер е Дејан Прошев, кореограф Кан Арслан од Турција, диригент Бисера Чадловска. Кантатата се заснова на 23 песни од збирка средновековни текстови и песни „Кармина Бурана“, пронајдена во манастир во јужна Германија. Дел […]

„Сите наши тела“ – нова книга од бугарскиот писател Георги Господинов


Збирката раскази „Сите наши тела“ е нова книга од Георги Господинов (1968), најпреведуваниот бугарски современ писател. Во превод на македонски јазик книгата ја објави издавачката куќа „Или-или“. Преведувачот од бугарски на македонски Душко Крстевски наведува дека расказите може да се наречат микрораскази – кратки и секавични, по примерот на едноминутните новели на Иштван Еркењ и […]

„Танц фест 2019“ со мото: „Идентитети што не смеат да се пропуштат!“


Јубилејниот „ Танц Фест“ ќе се одвива на повеќе сцени во Скопје. Свеченото отворање е на 4 април во 20 часот. Ќе биде доделена наградата „Менада“  за врвни остварувања во областа на танцот, а фестивалот ќе се отвори со претставата насловена „Идентитети“ на Скопје танцовиот театар. Во програмата понатаму следи Интернационалниот натпревар за млади кореографи, […]