Скопје доби нов мурал – ,,Тамбурица”


„Тамбурица“ е насловот на новиот мурал што деновиве беше насликан во Скопје. Младинскиот културен центар неодамна го покани хрватскиот уличен уметник Лонац да изработи мурал во рамки на новиот парк што се подготвува зад Филхармонија. Лонац го прифати овој уметнички предизвик и по неговото кратко запознавање со Скопје, започна со работа на ѕидот на ДСУЦ […]

(Фото) Книги по цена од 50 денари на годинешниот Саем на книгата


Книги за сите возрасти, од секаков жанр, може да се најдат на Саемот на книгата што беше отворен вчера во ВИП Арена „Борис Трајковски“, а ќе трае до 14 мај. Учествуваат околу 70 издавачи, а посетителите ќе може да купат книги со саемски попуст. Понудата е разновидна – од белетристика до научни и стручни книги, […]

„Господ постои, името ѝ е Петрунија“ се закити со уште две награди


Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска освои две награди на Деа Филмски Фестивал во Тирана што се одржа од 2 до 8 мај.  „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ ја доби главната награда за најдобар филм, а Зорица Нушева за улогата на Петрунија е прогласена за најдобра актерка. Наградите ги додели петчленото […]

Почнуваат 47. Мајски оперски вечери


Со Вердиевата опера „Аида“ вечер ќе биде отворен 47-от фестивал Мајски оперски вечери, на кој до 31 мај ќе бидат изведени шест оперски и една балетска претстава.  Вечерите секоја година завршуваат со „Аида“, но овојпат и ќе почнат со оваа популарна опера на Верди, во продукција на театарот „Карло Феличе“ од Џенова. Режијата и адаптацијата […]

Промоција на четири романи на Луан Старова објавени на хрватски


Во свечената сала во МАНУ, денес, во 12 часот ќе се одржи промоција на четири романи објавени на хрватски јазик од академик Луан Старова. За овие романи и балканската книжевна сага ќе говорат проф. д-р Елизабета Шелева и академик Ферид Мухиќ. Поминаа речиси две децении од објавувањето на веќе култниот роман на Луан Старова во […]

 Филозофски филмски фестивал во Кинотека


Во Кинотеката вечер ќе биде отворен 9. Филозофски филмски фестивал (ФФФ) со „Небото над Берлин“ на Вим Вендерс во ревијалната програма, заедно со излагање на тема „Патувањето како потрага по нашиот идентитет“ на Марјан Вујовиќ од Југословенската кинотека во Белград. До 16 мај ќе бидат прикажани 40-ина филма на фестивалот кој, според организаторите, нуди поинаква […]

Премиера на „Макбет“ во МНТ: Болната политичка амбиција носи само пропаст


„Макбет“ е културно дело на Вилијам Шекспир и драмата раскажува за една психолошка и политичка амбиција која го носи владетелот во пропаст. Без разлика што драмата е напишана со векови наназад, таа е безвременска, како и секое од делата на Шекспир. Премиерно претставата ќе се одигра на 9 мај во Македонскиот народен театар, а е […]

Промоција на книга за деца на македонски, босански и албански јазик


Тројазичната книга за деца „Сонливи приказни од тајната шума“ ќе биде промовирана на Саемот на книгата в недела (12.05.2019) во 11 часот. Авторка на книгата е Алма Растодер. Содржината е поделена на раскази и песнички во три дела: на македонски јазик, на босански јазик и на албански јазик. Ликовите во расказите се две дечиња, сестричка […]

Книгата на Никола Груевски се продава како алва


  Книгата на поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија, може да се најде на Саемот на книга на штандот на издавачката куќа „Ѓурѓа“, а уште првиот ден добро се продава. – Има многу заинтересирани. Ја купуваат. Некои земаат и по пет примероци. Имаме мал проблем затоа што немаме пос-терминал, па не […]

Премиера на „Лимонада во друштво на директорот“ во Кичево


Урнебесната комедија „Лимонада во друштво на директорот“ од Весна Куслеска, а во режија на Михајло Петревски утре, 9 мај, премиерно ќе биде изведена во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево. Претставата ќе има реприза и следниот ден на 10 мај. Во претставата учествуваат Кристијан Илијевски (Директорот), Михајло Петревски (Заменикот), Весна Гаврилоска (Секретарката), Тијана Решковска […]

Мајските оперски вечери во знакот на Верди


Четириесет и седмите Мајски оперски вечери оваа година ќе бидат отворени и затворени со оперската претстава „Аида“, со која фестивалот традиционално завршува секоја година на 31 мај. Утревечер ќе бидат отворени со премиера на оваа позната опера на Џузепе Верди, овојпат во продукција на театарот „Карло Феличе“ од Џенова. Националната опера и балет денеска на […]

Писателот Александар Прокопиев ќе гостува на саемот на книга во Риека


Писателот Александар Прокопиев ќе биде гостин на 12. Саем на книгата и книжевниот фестивал на автори „Врисок“ кој од 12 до 19 мај ќе се одржува во Риека, Хрватска. Во рамки на саемот, на 14 мај ќе биде претставен хрватскиот превод на неговата книга „Човечулец“. – Човечулецот се движи низ Европа, веќе стапна во Азија […]

Институтот за македонска литература со трибина за хип-хопот


Институтот за македонска литература денеска ќе организира трибина насловена: „Хип хоп култура (40 години уметнички перформанс)“, а поводот е  40-годишнината од првата хип-хоп песна „Раперс дилајт“ изведена од групата Д’Шугархил Генг. – Хип-хопот како глобален тренд и популарна култура е присутен во највисоките академски средини. Во нашата земја се одржани повеќе предавања, трибини и дебати […]

Отворање на македонскиот павилјон на 58. Венециско биенале


Во Венеција вечер официјално ќе биде отворен павилјонот на Република Северна Македонија со проектот на Музејот на современата уметност (МСУ) „Субверзија во црвено“ на авторката Нада Прља, во рамки на 58. Интернационална ликовна изложба која за посетители ќе биде отворена од 11 мај до 24 ноември. Проектот на МСУ и Прља беше избран за национален […]

Почнува 31. Саем на книгата


Во ВИП Арена „Борис Трајковски“ денеска од 10 часот ќе биде отворен за посетители 31. Меѓународен саем на книгата, кој ќе трае до 14 мај. Работното време во седумте саемски денови е од 10 до 20 часот. Ќе учествуваат околу 70  издавачи, а посетителите ќе може да купат книги со саемски попуст. Понудата е разновидна […]

Кореографката Шукарова учествува на Балтичката танцова платформа


Кореографката Искра Шукарова од 11 мај во Вилнус ќе присуствува на Балтичката танцова платформа. Таа е поканета на регионалниот состанок на мрежата Global Practice Sharing (GPS) каде што е член од нејзиното основање. Целта на мрежата е да развива соработка помеѓу САД и земји од Источна Европа. Оваа година регионалниот состанок на мрежата се одржува […]

Музеј на Град Скопје ќе гостува со изложба во Бурса


Со изложбата „Скопски материјални и духовни проблесоци“, Музејот на Град Скопје ќе се претстави во Панорамскиот музеј на освојувањето на градот Бурса во Турција. Изложбата се состои од 33 паноа со фотографски прикази на артефакти од средновековниот и турскиот период кои се во сопственост на музејот, а кои потекнуваат од поширокиот простор на Скопската тврдина […]

„Петрунија“ во француските кина и во рецензиите на медиумите


Од 1 мај почна дистрибуцијата на филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар-Митевска во Франција и поради одличниот првичен прием, дистрибутерската куќа „Пирамид“ реши во втората недела да го зголеми бројот на кината, од 72 на 96, во кои се прикажува филмот низ цела Франција, соопшти продукцијата „Сестри и брат Митевски“.  Од почетокот […]

Џонатан Бри вечерва со концерт во МКЦ


Мултиинструменталистот од Нов Зеланд, Џонатан Бри, вечерва ќе има концерт во Младинскиот културен центар. Неговото музичко видео за „You’re so cool“ стана сензација на каналот Јутјуб привлекувајќи ги гледачите со неговиот уникатен маскиран бенд и морничавата надреална продукција. На 19 години тој го формирал бендот „The Brunettes“ пишувајќи и продуцирајќи четири албуми и четири EP […]

Почнаа археолошки истражувања на нов локалитет во Виничко


Група арехолози од музејот „Теракота“ од Виница почнаа со нови ископувања и истражувања на локалитетот Русалински гробишта во близина на селото Виничка Кршла. Истражувањата се дел од проектот од национален интерес што финансиски го помага Министерството за култура, а поддршка обезбеди и локалната самоуправа на Виница. – Во првичните ископувања, во кои се вклучени археолози […]