Интернет-саем на кинески книги организира „Македоника литера“


По повод Кинеска нова година, Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од утре до 16 февруари  ќе одржи интернет-саем на кинески книги кои ги има објавено. На петдневниот е-саем „Македоника литера“ ќе понуди и ќе претстави педесетина репрезентативни кинески книги од областа на кинеската култура, културна историја, класична филозофија, историја и белетристика. Меѓу другото, ги има објавено […]

Министерството за култура раскина договори за нереализирани проекти вредни над милион евра


Министерството за култура денеска соопшти дека во периодот од 1 септември 2020 до 31 јануари 2021 година поради нереализирани проекти и неуредна финансиска документација раскина договори во вкупен износ од 70.776.722 денари, односно над еден милион евра.  Од Министерството за култура информираат дека е спроведена внатрешна ревизија.   -Наодите од ревизијата, Министерството по службена должност […]

Година во чест на Блаже Конески: Владата ја прифати Националната програма за 2021


Министрите во Владата на вчерашната седница ја разгледаа и прифатија Националната програма „2021 – Година во чест на Блаже Конески” и го задолжија Министерството за култура да ја координира реализацијата на оваа Националната програма, која оваа година е дел од календарот важни меѓународни јубилеи на УНЕСКО. На седницата на Владата е донесен заклучок со кој […]

Перформанс „9“ – порака од уметниците за здравје, мир и благосостојба


Македонски писатели, ликовни уметници, спортисти, универзитетски професори, актери и други уметници денеска во клубот „9“ во Скопје учествуваа во перформанс во кој преку симболиката на бројот 9 испратија заедничка молитва за благосостојба и позитивни мисли за подобар свет, мир и здравје. Перформансот го отвори авторот Гоце Ристовски, кој во своето обраќање зборуваше за симболиката на […]

Сашко Коцев прогласен за најдобар актер на филмски фестивал во Бејрут


Актерот Сашко Коцев е избран за најдобар глумец на Фестивалот Beirut Shorts International Film Festival, кој се одржа во Бејрут, Либан. Тој е и избран во категоријата за најдобар глумец во интернационален краток филм, а наградата е за филмот „Налепница“ на Георги Унковски. Филмот „Налепница“ неодамна беше избран за најдобар краток филм на 18. издание […]

Ќе го зачуваме Охрид како светско природно и културно наследство, вели Националната комисија за УНЕСКО


Членовите на Националната комисија на УНЕСКО на денешната втора седница го разгледаа Нацрт-извештајот за состојбата и напредокот во заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот Регион за 2020 година, при што усвоија Мислење упатено до Владата, во кое се вели дека Нацрт-извештајот е во насока на истакнување на заложбите на земјата која значително ги […]

„FLUX IDENTITY“: Современата уметничка сцена на Канада со изложба во Скопје


По една година одложување заради пандемијата со Ковид-19, програмата на Националната галерија годинава почнува со меѓународна изложба – „FLUX IDENTITY“, современата уметничка сцена на Канада, во дијалог со уметниците од Република Северна Македонија. Отворањето на изложбата е задутре (10 февруари ) во 19 часот во објектот Чифте амам. Организацијата е во соработка со Канадската Амбасада […]

Нацоски ќе испрати „24 илјади бакнежи“ на концертот за Денот на вљубените


Филхармонија в сабота,13 февруари, од 20 часот ќе го одржи традиционалниот концерт по повод Денот на вљубените, кој годинава е насловен „24 илјади бакнежи“. Солист на концертот ќе биде тенорот Благој Нацоски, кој доаѓа специјално за овој концерт од Италија, и младата вокалистка Светланата Јовановска. Ќе настапи и хор, а во рамки на концертот ќе […]

Реновирана куќата-музеј на Христијан Тодоровски Карпош во Куманово


Со 600.000 денари средства обезбедени од Министерството за култура и Општина Куманово реновирана е спомен-куќата на народниот херој Христијан Тодоровски-Карпош во Куманово   Вчера, на денот на неговото загинување пред 77 години, куќата е отворена за посетителите. Христијан Тодоровски Карпош е роден во Куманово 3 септември 1921, а загинал на 7 февруари 1944 во прешевското […]

ДПМ: „Димитар Митрев“ и „Стале Попов“ за Атанас Вангелов и Владимир Плавевски


За романот „Боксерот од Ново маало“ Владимир Плавевски ја добива наградата „Стале Попов“, за поетската збирка „Математичка поезија“ Даниела Андоновска-Трајковска ја добива наградата „Ацо Шопов“, за критичко-есеистичката книга „Лирската биографија на Конески“ Атанас Вангелов ја добива наградата „Димитар Митрев“, за книгата за деца „Приказни за добра ноќ на мама Ана“ Билјана С. Црвенковска ја добива […]

Поради голем интерес ќе се одржи втора изведба на концертот „Балетски бисери“


Поради голем интерес на публиката ќе се одржи втора изведба на балетот насловен „Балетски бисери“ во Национална опера и балет. Оттаму информираат дека балетскиот концерт ги опфаќа најубавите балетски дела „Бајадера“, „Рајмонда“, „Силфида“ итн. Настапуваат првенци, солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет. -Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба […]

Новиот објект на велешкиот театар прокиснува по дожд, шест години нема технички прием


За само шест години од свеченото отворање во декември 2014 година зградата на велешкиот Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот” по вторпат прокисна од последните обилни дождови на неколку места во фоајето и помошните простории, но не е прокисната големата и малата сцена. В. д. директорот Сашо Димоски за МИА информира дека проблемот не […]

Концерт на Филхармонија посветен на Саша Николовски -Ѓумар


Филхармонија денеска ќе го одржи концертот „Фанфари за еден пријател“ посветен на маестро Саша Николовски-Ѓумар (1966-2017) со почеток во 20 часот. Диригент на концертот е Габриел Бебешелеа, а програмата содржи дела од Копланд, Дика, Гуно, Шмит, Штраус и  македонскиот композитор Ангел Спироски. На концертот „Фанфари за еден пријател“ ќе се промовира серијата „Пред концертни разговори“ како нова […]

Филмот „Улиште“ освои три награди на „Санденс 2021“


Филмот „Улиште“ ги освои најзначајните награди на американскиот филмски фестивал „Санденс 2021“, за најдобар филм, најдобра режија и награда од публиката, соопшти Агенцијата за филм. Филмот „Улиште“ на косовската режисерка Блерта Башоли, каде Република Северна Македонија се јавува како земја копродуцент со поддршка на Агенцијата за филм во 2018 година е всушност копродукција меѓу Косово, […]

Стефоска се сретна со актерите од Струмичкиот театар: Бараме најдобро решение


Според постоечкиот закон, кој е донесен пред години Комисијата во Министерството за култура ја испочитува од почеток до крај формално правната процедура и затоа Васил Бубев беше назначен за директор на Струмичкиот театар. Јас сум легалист, но не значи формален легалист. Откако ги сослушав актерите од театарот се договоривме да си дадеме време до понеделник […]

Легендарната актерка Светлана Бојковиќ во болница поради компликации од Ковид-19


Србија– Познатата српската актерка Светлана Цеца Бојковиќ (74), кај нас позната по серијата „Подобар живот“ хоспитализирана е во клиниката „Драгиша Мишовиќ“ поради коронавирусот, јавува Нова.рс. Според порталот, Бојковиќ поради запаление на белите дробови е во болница од минатата среда и нејзината состојба е стабилна. Во болница е сместена поради внимателност бидејќи претходно имала кардиоваскуларни проблеми. […]

Со „Фросина“ и „Мирно лето“ Кинотека учествува во европската „Сезона на филмски класици“


Европската асоцијација на кинотеки (ACE), кон крајот на минатата година го започна проектот „Сезона на филмски класици“ (A Season Of Classic Films), во кој учествува и Кинотеката на Македонија. Првата проекција во рамки на проектот се одржа во декември 2020 година, кога Југословенската кинотека – на својот „јутјуб“ канал – го прикажа немиот филм „Грешница без грев“ (1930, р. Коста Новаковић), а втората […]

Разрешен директорот на Театар Комедија, за в.д. назначена Нора Шаќири


Поради неправилности во работењето, утврдени од вонредниот инспекциски надзор од Министерството за култура, денеска е разрешен Сашо Ристовски од функцијата директор на НУ Театар Комедија. При надзорот е утврдено дека директорот на театарот презел обврски над одобрените средства од Министерството за култура во вкупен износ од 8.734 486,оо денари без притоа истите да ги обезбеди […]

Филхармонија со концерт посветен на Саша Николовски -Ѓумар


Филхармонија в четврток ќе одржи концерт насловен „Фанфари за еден пријател“ кој е посветен на маестро Саша Николовски-Ѓумар, еден од најзначајните диригенти на нашата музичка сцена со кого оркестарот реализираше низа концерти. Диригент е Габриел Бебешелеа, а на програмата се дела Арон Копланд, Пол Дика, Шарл Гуно, Флорент Шмит, Рихард Штраус и младиот македонски композитор […]

Почина Борис Ноневски, поранешен директор на Кинотеката


По долго боледување завчера почина Борис Ноневски, политиколог, социолог на културата, истакнат проучивач на кинематографската и историјата на фотографијата на нашите простори и поранешен директор на Кинотеката на Македонија.   Роден е во 1948 година. По завршувањето на Факултетот за политички науки во Белград, работи во Институтот за социолошки и политичко – правни истражувања во […]