„Врба“ на Mанчевски почнува да се емитува на HBO Go


Филмот „Врба“ на режисерот Милчо Манчевски утревечер во 20:30 часот ќе биде премиерно прикажан на стриминг платформата HBO Go, на каналот Cinemax 2. „Врба“ ќе биде емитуван повеќе пати во 18 земји во текот на 2021 и 2022 година. По светската премиера на филмскиот фестивал во Рим, каде доби петминутни овации од публиката, „Врба“ се […]

Нови инвестиции во битолскиот Центар за култура


НУ Центар за култура-Битола со поддршка од Министерството за култура почна со замена на старата дотраена дограма, врати и друга инсталација. Согласно проектната документација на објектот што се наоѓа во централното градско подрачје ќе бидат заменети вратите на главниот влез, двојните влезни врати кои водат кон големата сала на битолскиот Центар за култура и безбедносниот […]

„Art of Boredom“ – групна изложба во ЕУ резиденцијата


Од денес (петок, 19 март) до 31 март во ЕУ резиденцијата ќе биде отворена групната изложба „Art of Boredom“. „Изолацијата што произлезе од неопходното ограничување на движењето во текот на минатата година неизбежно доведе до чувства на здодевност и монотонија, истовремено свртувајќи го вниманието кон себеси, кон прашањата на самоконтролата и интроспекцијата. Кај некои уметници […]

Семинар на ИКОМОС за дигитализацијата на културното наследство


Работната група на идни професионалци при Националниот комитет на Меѓународниот совет за споменици и локалитети (ИКОМОС) денеска организира вебинар преку платформата ЗУМ на тема „Дигитализација на културното наследство: Примена на дигитални алатки за документација, презентација и интерпретација на археолошкото наследство во РС Македонија“. Како што информираа од ИКОМОС, вебинарот има за цел да ја информира […]

„Романтична балетска вечер“ во НОБ


Националната опера и балет вечерва со почеток во 19 часот ќе го одржи балетскиот концерт насловен „Романтична балетска вечер“. Балетскиот концерт опфаќа две балетски дела во кореографија на Аугуст Бурнонвил, Данска, инспирирани од Франција и Шпанија. Изведбата е поставена и режирана од Ева Клоберг и Франк Андерсен (Данска), кореографијата е на Аугуст Бурнонвил (Данска), на […]

Стефоска ги посети археолошките локалитети Вардарски рид и Стоби


Министерката Ирена Стефоска денеска ги посети институциите од областа на културата во Гевгелија како и археолошките локалитети Вардарски рид и Стоби. На средбата со гевгелискиот градоначалник  Сашо Поцков, Стефоска разговараше за поголемо учество на локалната самоуправа во културата, која сега е лимитирана заради пандемијата. Заедно беа во Домот на културата во Гевгелија, каде со директорката Весна Ристова, разговараа за тековните активности и […]

Прва поема од Томислав Османли во чест на столетието на Блаже Конески


Уште од прочитот на првиот стих на поемава ‘Бденија Блажеви’ на Томислав Османли, силно ќе почувствувате дека таа е набабрена од животот што го живееме, од стварноста која секој ден нѐ мачи да ја издржиме и поднесеме, ќе забележи Ристо Лазаров Во издание на „ВиГ Зеница“ деновиве излезе од печат поемата „Бдеења Блажеви“ со поднаслов […]

Почина диригентот од Метрополитен операта Џејмс Левин


САД- Џејмс Левин, еден од најпознатите диригенти во светот, кој работеше како музички директор на Метрополитен операта во Њујорк, почина на 77-годишна возраст. – Џејмс Левин почина од природна смрт на 9 март 2021 година во Палм Спрингс, Калифорнија, САД, изјави денеска неговиот лекар, д-р Лен Хоровиц. Левин соработувал со оперски певци како Лучијано Павароти, Пласидо […]

90 години од раѓањето на големиот поет Поповски: Сите ние сме книга за Анте и како книга ние сме завет


Ангелот- татко, засекогаш излезе од својата куќа, а на замин не поучи дека феноменот на поезијата постои за да воспостави ред меѓу нештата, ред помеѓу човекот и времето зашто вистинската традиција не е завршено минато. Таа е силата која ја оживува и продолжува стварноста, истакна професорката Кристина Николовска     Со цитирање на дел од […]

Само презентерите и номинираните со плус еден гостин ќе присуствуваат лично на Оскарите


САД- Само презентерите и номинираните со плус едно лице во придружба ќе имаат право лично да присуствуваат на 93. церемонија на „оскарите“. Во писмото испратено до речиси 10.000 членови на филмската академија на САД, претседателот на Академијата за филмски уметности и науки Дејвид Рубин потврди дека само презентерите и номинираните со плус еден ќе бидат […]

Онлајн тркалезна маса по повод 100 години од раѓањето на Блаже Конески


Во соработка со Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, денеска ќе одржи тркалезна маса на тема „Конески – мостот што ги поврзува македонските и руските слависти“, во чест на големиот јубилеј – 100 години од раѓањето на Блаже Конески, со почеток во 12 часот на платформата Зум. […]

„Музиката и градот“ – концерт во Филхармонија


Филхармонија вечер ќе одржи концерт насловен „Музиката и градот“ на кој праизведба ќе доживее електроакустична симфониска поема „Скопје“ од македонската композиторка Ана Пандевска. На програмата се и „Фантазија за обоа и оркестар на фолк тема“ од Васил Атанасов В’чев (кој ќе настапи и како солист на обоа), Адаџето од Малер и „Роденденот на една инфантка“ […]

Ентони Хопкинс е најстариот актер номиниран за Оскар за најдобра машка улога


САД– На 83 години, Ентони Хопкинс нема намера да се пензионира. Прославениот актер заработи номинација за Оскар за најдобар актер во понеделникот за улогата во „ The Father“, што го прави најстариот актер номиниран во таа категорија во историјата на Оскарите. Ричард Фарнсворт претходно го држеше рекордот на 79-годишна возраст за неговата номинација во 2000 […]

Стефоска одржа онлајн состанок со директорите на центрите за култура, акцент е ставен на инвестициите


Министерката за култура Ирена Стефоска денеска одржа онлајн работен состанок со директорите на центрите за култура, на кој стана збор за активностите на овие институции од областа на културата, но и за инвестициите кои, со поддршка од Министерството за култура ќе се реализираат до крајот на годинава. На средбата, директорите на центрите за култура ја […]

Возач од прилепскиот музеј бил избркан од работа затоа што бил болен од Ковид-19


Дваесетина од околу триесет вработени во прилепскиот „Завод и музеј“ реагираат и бараат помош од Министерството за култура за, како што велат, неоправданиот и незаконски отказ на вработен во оваа институција. Бараат трудовата инспекција и Министерството да го согледаат и да го разрешат случајот. Според вработените, на нивниот колега Цветан Цветковски, вработен како возач, по […]

„Антолог“ со прва книжарница на тркала-нов концепт на промовирање книжевни вредности


Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје од денеска е побогата за уште една книжарница, но овој пат книжарница на тркала – сосема нов и иновативен концепт, кој ги подигна на друго ниво достапноста на книгите и културата на купување книги. Новата, подвижна книжарница на „Антолог“ официјално ќе почне со работа денеска, во 12 часот, на Плоштадот […]

Архитектите Ан Лакатон и Жан-Филип Васал се годинешни добитници на Прицкеровата награда


Франција– Ан Лакатон и Жан-Филип Васал, основачите на студиото „Лакатон и Васал“, се добитници на годинашната Прицкерова награда, највисокото признание во архитектурата. Француското дуо, познато по многубројните одржливи проекти за домување и галеријата за современа уметност „Палата Токио“ во Париз, соработува повеќе од три децении.   „Зградите се убави кога луѓето се чувствуваат добро во […]

Жените во сликарството на Лазар Личеноски: Виртуелна изложба на Националната галерија


Портрети и актови насликани од Лазар Личеноски, а кои се дел од колекцијата на Националната галерија, можат да се видат на виртуелна изложба поставена по повод Денот на жената Националната галерија веќе четврта година организира изложба, која носи свој препознатлив белег, посветен на Денот на жената – Осми март. Во претходните години имавме можност да […]

Спајк Ли претседател на жирито на Канскиот филмски фестивал


Франција – Американскиот режисер Спајк Ли е назначен за претседател на жирито на Канскиот филмски фестивал во 2021 година, откако минатогодишниот настан, на кој требаше да претседава Ли, беше откажан поради пандемијата на коронавирус. Фестивалот во Кан во 2020 година – еден од најголемите настани во филмската индустрија – прво беше одложен од мај до […]

Тркалезна маса: „Конески – мостот што ги поврзува македонските и руските слависти


На иницијатива на Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура в четврток, на 18 март во 12 часот на платформата Zoom ќе се одржи тркалезна маса под наслов: „Конески – мостот што ги поврзува македонските и руските слависти“. Настанот е дел од Програмата на манифестацијата […]