Џез призвук на македонскиот фолклор – ЏезВез со обработка на „Каранфило филфило моме“


Консталација на музички уметници, сплотени во јадро наречено ЏезВез ја презентираат обработката на старата народна песна „Каранфило филфило моме“ во етно-џез манир. Од ЏезВез велат дека да се задржи автентичноста на изворот и да се градуира во нов призувик е голема одговорност, но и голема мајсторија.

-Почнувајќи од високо професионалниот приод кон идејните решенија, аранжман и пијано на Никола Мицевски, преточени низ интерпретацијата нa Оливер Јосифовски (контрабас), Дино Милосављевиќ (тапани) и Петар Христов (сопран саксофон), па сѐ до магичната кохезија на гласовните капацитети на Ана Костова, Дани Димитровска и Сара Пројковска, се создаде едно прекрасно музичко доживување, зачеток на нова приказна, која допрва ќе изненадува, велат од ЏезВез.

Песната е изведена во студиото АудиоКултура во живо, како прва песна од серијалот, во продукција на Alter Productions.