Авторот на „Мементо за Истанбул“ доаѓа на „Букстар“ во Скопје


  Турскиот писател Ахмет Умит ќе биде специјален гостин на Фестивалот за европска литература „BookStar“ кој ќе се одржи од 29 септември до 2 октомври, на повеќе локации низ Скопје, како дел од програмата на странски автори кои оставиле значаен белег во светската книжевност. Гостувањето на Умит е најавено под насловот „Мајсторот е тука!“. „Ахмет …

Авторот на „Мементо за Истанбул“ доаѓа на „Букстар“ во Скопје Read More »

„Танец“ на балканска турнеја


Националната Установа-Ансамбл за народни игри и песни „Танец“, со гордост најавува голема балканска турнеја. Оваа турнеја претставува исклучителна можност за публиката низ регионот да го доживее богатството и убавината на македонскиот фолклор преку врвните изведби на нашите уметници. Турнејата насловена „Ритамот на душата-бојата на традицијата“, ќе опфати повеќе градови во соседните земји; 24.09.2025година, од 19:30ч …

„Танец“ на балканска турнеја Read More »

Бујар Муча го подобри своето првично решение за Универзална сала – почна со Шилегов, ќе заврши со Љутков


Подобра акустика, но со целосен капацитет на куполата, заштита од бучава на околните згради, дислокација на гардеробите за да се ослободи простор во фоајето, сцена која може да се моделира во зависност од потребите на перформансот, како и канцеларии за 50 работни места предвидува новиот план за изградба на Универзалната сала во Скопје, реконструкција престана …

Бујар Муча го подобри своето првично решение за Универзална сала – почна со Шилегов, ќе заврши со Љутков Read More »

Античкиот театар Аспендос во Турција ја собра оперската и балетска елита за Меѓународниот фестивал


Светската оперска и балетска елита и љубителите на класичната уметност се собраа во Турција, во античкиот театар Аспендос во близина на Анталија. Со изведбата на „Турандот“ во која настапија оперската дива Олга Маслова од Русија и оперската сензација Рикардо Маси, започна 32-то издание на Меѓународниот фестивал за опера и балет, кој ќе трае до 1 …

Античкиот театар Аспендос во Турција ја собра оперската и балетска елита за Меѓународниот фестивал Read More »

Д (како Дездемона) на Рисима Рисимкин пред публиката во Верона


 Во рамки на фестивалот Планет Шекспир во Верона, на сцената на театарот „Камплој“ на 13 септември, е изведена претставата „Д (како Дездемона) на Рисима Рисимкин во продукција на Скопје танцовиот театар.  По втор пат дело на Рисимкин, работено врз творештвото на Шекспир, е покането на фестивалот во Верона. – Прекрасно беше чувството да настапиме пред …

Д (како Дездемона) на Рисима Рисимкин пред публиката во Верона Read More »

Годинава ИФФК „Браќа Манаки“ со филмови од најрелевантните филмски фестивали


Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ кој ќе почне на 20 септември, годинава во Битола нуди филмови од најрелевантните филмски фестивали. Според Слаѓан Пенев, селектор на главната фестивалска програма, за фестивалот на кинематограферите од светот, најважна е визуелната естетика. -Ова е фестивал на кинематограферите и најважна е визуелната естетика. И тоа е првиот критериум …

Годинава ИФФК „Браќа Манаки“ со филмови од најрелевантните филмски фестивали Read More »

Османли и Маџиров ја претставуват  македонската литература во грчката антологија „Балкан“


Од 26-28 септември, во Грција ќе се одржи важна културна и книжевно теоретска средба, Првиот Конгрес  на интелектуалци, насловена „Меѓубалкански литературни среќањава“ со поднаслов „Разбирајќи го Балканот низ литературата“, настан во чиј пресрет е објавена и  антологијата „ Б а л к а н – современа книжевна антологија“ (издание на „Маѝстрос“, Атина, 09.2025).  Антологијата, која има 456 страници е составена од Еви Вулгараки Писина, Ангелос Калогеропулос и Димитрис Склирис. Станува збор за уште една, за недолго време објавена јазично комплетна книжевна антологија што опфаќа преводи на грчки, од сите балкански јазици. Таа опфаќа 57 автори и 12 преведувачи што приопшиле литературни дела од Грција, Србија, Романија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, …

Османли и Маџиров ја претставуват  македонската литература во грчката антологија „Балкан“ Read More »

„Вечер со Олга Панкина“ во ДПМ


Во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) вечер ќе се одржи „Вечер со Олга Панкина“ – преведувачка, поетеса и промоторка на македонската книжевност и култура. Со оваа вечер ќе бидат одбележани два значајни јубилеи: педесет години од основањето на Лекторатот за македонски јазик во Московскиот државен универзитет „Ломоносов“ и петнаесет години од отворањето на Македонскиот …

„Вечер со Олга Панкина“ во ДПМ Read More »

Денови на хрватски филм во Кинотека


Од денеска до 20 септември во Кинотека ќе се одржува манифестацијата Денови на хрватски филм. Публиката ќе има можност да се запознае со избор од најзначајните и најуспешните дела на хрватско кино. Церемонијата на отворањето ќе почне со филмот „Ustav Republike Hrvatske“ (2016) во режија на Рајко Грлиќ. Манифестацијата се одржува во соработка со Кинотеката …

Денови на хрватски филм во Кинотека Read More »

На 96 години почина маестро Кристоф фон Доњани, аристократ зад пултот


Кристоф фон Донaњи (1929–2025), истакнат германски диригент познат како „аристократ зад диригентскиот пулт“, почина само два дена пред неговиот 96-ти роденден, во Минхен. Кливлендскиот оркестар, со кој маестрото помина многу сезони како музички директор, од 1984 до 2002 година, го објави ова во соопштение за медиумите. Со нив, тој направи бројни снимки од широк спектар …

На 96 години почина маестро Кристоф фон Доњани, аристократ зад пултот Read More »

Наградата „Ристо Шишков“ за Билјана Драгичевиќ-Пројковска


Билјана Драгичевиќ-Пројковска ја доби наградата за најдобро актерско остварување на 33. издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, кој синоќа заврши во Струмица. Наградата ја доби за улогата на Корин Фел во претставата „Гидеоновиот јазол“ од Џона Адамс, во изведба на Драмски театар од Скопје. Наградата, која се состои од златен медалјон со …

Наградата „Ристо Шишков“ за Билјана Драгичевиќ-Пројковска Read More »

„Денови на хрватски филм“ во Кинотека


„Денови на хрватски филм“ се одржува во Кинотека од понеделник, 15 септември до сабота, 20 септември 2025 година, со проекции што почнуваат во 20 часот . Манифестацијата се одржува во соработка со Кинотеката на Република Северна Македонија, Хрватскиот аудиовизуелен центар и Министерството за надворешни и европски работи на Република Хрватска. Публиката ќе има можност да …

„Денови на хрватски филм“ во Кинотека Read More »

Љутков изврши увид во реализацијата тековните и планираните проекти во Дојран и Гевгелија


Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, заедно со стручниот тим од  Заводот и музеј – Струмица, денеска реализираше работна посета на општините Дојран и Гевгелија со цел увид во тековни и планирани проекти од областа на културата и културното наследство.   Во Стар Дојран беше извршен увид во црквата „Св. Илија“, значаен објект од 19 век со висока историска, архитектонска и духовна …

Љутков изврши увид во реализацијата тековните и планираните проекти во Дојран и Гевгелија Read More »

„Вечер со Олга Панкина“ на 15 септември во ДПМ


Во Друштвото на писателите на Македонија на 15 септември, со почеток во 19 часот, ќе се одржи „Вечер со Олга Панкина“ – преведувачка, поетеса и промоторка на македонската книжевност и култура. Воедно, со оваа вечер ќе бидат одбележани два значајни јубилеи: педесет години од основањето на Лекторатот за македонски јазик во Московскиот државен универзитет „Ломоносов“, …

„Вечер со Олга Панкина“ на 15 септември во ДПМ Read More »

Љутков во работна посета на Дојран и Гевгелија


Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска е во работна посета на Дојран и Гевгелија.  Како што соопштуваат од Министерството за култура и туризам, во рамки на посетата Љутков ќе оствари средби со претставници на локалната самоуправа и ќе посети повеќе значајни културно-историски споменици и локалитети во регионот на Дојран и Гевгелија, по што …

Љутков во работна посета на Дојран и Гевгелија Read More »

Почнува книжевно-мултимедијалниот фестивал ArtArea#9


Во организација на издавачката куќа „Бегемот“ од денеска до недела во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје ќе се одржува книжевно-мултимедијалниот фестивал ArtArea#9. Традиционално, освен книжевноста, која е постојан елемент на фестивалот, и оваа година ArtArea е планирана со богата програма од различни културни зони. Фестивалската тема годинава е „Македонската алтернативна музика“, на која преку неколку тематски …

Почнува книжевно-мултимедијалниот фестивал ArtArea#9 Read More »

„Плејбои…“ пристигнуваат во Драмски на 23 октомври


   Претставата „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“ во режија на Иван Пеновиќ, по текст на Душан Јовановиќ се игра во Скопје на 23 октомври во 20 часот. Претставата е четирипартитна копродукција на НУ Драмски театар Скопје, Белградското драмско позориште,  Местното гледалишче Љубљанско и …

„Плејбои…“ пристигнуваат во Драмски на 23 октомври Read More »

„Џинџуџе“ на Ермис Лафазановски – победник на првиот конкурс за најдобар необјавен роман за деца и млади „Оливера Николова“


Ракописот „Џинџуџе“ на Ермис Лафазановски е победник на првиот конкурс за најдобар необјавен роман за деца и млади „Оливера Николова“. На изборот за наградата, која ја востанови издавачката куќа „Арс Ламина“ со поддршка на семејството на Николова, пристигнаа 38 ракописи од 37 автори. Во најтесен избор за наградата беше романот „Сам во рој“ од Иван …

„Џинџуџе“ на Ермис Лафазановски – победник на првиот конкурс за најдобар необјавен роман за деца и млади „Оливера Николова“ Read More »

Гитарскиот виртуоз Курт Розенвинкел прв пат во Скопје – ќе настапи со НЏО на 1 октомври во НОБ


Гитарскиот виртуоз Курт Розенвинкел, кого Ерик Клептон го нарече „гениј“, за првпат ќе настапи во Скопје заедно со Националниот џез оркестар. Концертот ќе се одржи на 1 октомври 2025 година, во 20 часот, во Националната опера и балет, под диригентство на маестро Владимир Николов. „Њујорк тајмс“ за него пишува: „Со само неколку ноти, Курт Розенвинкел …

Гитарскиот виртуоз Курт Розенвинкел прв пат во Скопје – ќе настапи со НЏО на 1 октомври во НОБ Read More »

Концерт на пијано на Леонид Петрески  в сабота во Даут пашин амам


В сабота – 13.09.2025 година во НГ Даут Пашин Амам во Скопје во 20 ч, солистички концерт ќе одржи младиот и надежен пијанист Леонид Петрески. Концертот се одвива во рамките на Фестивалот за современа музика Модоарс 2025 кој по 19-ти пат се одржува во Скопје. Фестивалот Модоарс е повеќе од музички фестивал, бидејќи во својата …

Концерт на пијано на Леонид Петрески  в сабота во Даут пашин амам Read More »