Јордан Плевнеш во Тирана: Магична ноќ со „Осмото светско чудо“ 


Во присуство на повеќе гости од дипломатскиот кор, од јавниот и од културниот живот, меѓу кои и духовниот водач на бектешите Баба Монди, во Македонскиот културно-информативен центар  во Тирана, Р Албанија, се одржа промоција на романот „Осмото светско чудо“ (Mrekullia e Tet ë Botërore) од македонскиот писател и поранешен дипломат Јордан Плевнеш.   На промоцијата, …

Јордан Плевнеш во Тирана: Магична ноќ со „Осмото светско чудо“  Read More »

Друштвото на филмски работници на Генералното собрание во Франкфурт


Претставници на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) учествуваат на Генералното собрание на Европската асоцијација на режисери (FERA), кое се одржува во Франкфурт. ДФРМ во Франкфурт го претставуваат режисерите Игор Иванов-Изи, претседател на Друштвото на филмски работници и Даријан Пејовски, претседател на секцијата режија во ДФРМ. Ова е прв собир во живо на Генерално …

Друштвото на филмски работници на Генералното собрание во Франкфурт Read More »

„Нови бајки од Македонија“ од „Браво Сине!“ и „Арс Ламина“


Најмладите читатели, но и повозрасните љубители на волшебните светови имаат уште една причина за радост. Излезе од печат новата едиција „Нови бајки од Македонија“, што ја сочинуваат четирите бајки: „Бакнежот на пролетта“, „Перуника“, „Сончевото момче Ил“ и „Осаменото дрво“, а се во издание на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и …

„Нови бајки од Македонија“ од „Браво Сине!“ и „Арс Ламина“ Read More »

ДПМ: „Книжевен жезол“ за Гордана Михаилова-Бошнакоска и Аднан Озер


Македонската поетеса Гордана Михаилова-Бошнакоска и поетот Аднан Озер од Турција се годинашни добитници на признанието „Книжевен жезол“ што го доделува Друштвото на писатели на Македонија за значаен поетски опус. ДПМ соопшти дека плакетите и статуетките „Книжевен жезол 2022’ на лауреатите ќе им бидат врачени на манифестацијата „Празник на липите“, а ќе биде подготвен и избор …

ДПМ: „Книжевен жезол“ за Гордана Михаилова-Бошнакоска и Аднан Озер Read More »

„Цепки“ – гала настан на иницијативата „ПичПрич“


 „Цепки“ е насловен гала настанот на иницијативата „ПичПрич“ што ќе се одржи вечер од 20 часот во Филхармонија, по повод десет години од Фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“. Организаторот на настанот – Тиииит! Инк. соопшти дека во фокус на настаните на јубилејното издание на фестивалот оваа година е субверзивната моќ на …

„Цепки“ – гала настан на иницијативата „ПичПрич“ Read More »

Комеморација за Ристо Стефановски: Незаменлива алка кое светлото минато на македонскиот театар го поврзува со неговата иднина


Со долг аплауз денес на комеморацијата во Скопје колегите од МНТ, Драмски, Турски театар, режисери, драматурзи и актери од повеќе театри се збогуваа со бардот на македонскиот театар, театрологот Ристо Стефановски, кој почина на 22 март годинава, на 94 години. Во позадина одеше музиката на неговиот внук, светски познатиот гитарист Влатко Стефановски. „Бистра вода“, „Учи …

Комеморација за Ристо Стефановски: Незаменлива алка кое светлото минато на македонскиот театар го поврзува со неговата иднина Read More »

Педесетта изведба на „Странци“ во Драмски театар


Претставата „Странци“ денеска ќе ја има својата 50-та изведба на сцената на Драмскиот театар. Како што потсетуваат од Драмскиот театар, пред четири години, на 12 мај, за првпат на сцената на Театарот се одигра претставата „Странци“, во режија на Нела Витошевиќ, работена според сценариото од повеќе автори на италијанскиот филм „Совршени странци“ на Паоло Геновезе. …

Педесетта изведба на „Странци“ во Драмски театар Read More »

Комеморација во чест на Ристо Стефановски (1928-2022)


Во Македонскиот народен театар денеска напладне ќе се одржи отворена комеморација во чест на Ристо Стефановски (1928-2022), долгогодишен театарски работник, театролог и театарски историчар. Стефановски е роден во 1928 година во Скопје. По завршувањето на театарската школа, студирал и организација на Факултетот за драмски уметности во Белград, а од 1951 до 1960 година бил актер …

Комеморација во чест на Ристо Стефановски (1928-2022) Read More »

„Хартии“- ретроспективна изложба на Сергеј Андреевски во Скопје


Во фоајето на Музејот на македонската борба за самостојност – Скопје, утревечер во 20 часот свечено ќе биде отворена изложбата „Хартии“ на македонскиот ликовен уменик Сергеј Андреевски. Изложбата претставува ретроспектива на истражувањата на авторот врз различни видови хартија со различни материјали во изминативе 35 години. Публиката ќе може да види дела од различни фази и …

„Хартии“- ретроспективна изложба на Сергеј Андреевски во Скопје Read More »

Операта „Норма“ на 50. Мајски оперски вечери


Во рамки на 50. Мајски оперски вечери, во Националната опера и балет вечер ќе биде одиграна втората изведба на операта „Норма“ од италијанскиот композитор Винченцо Белини. Трагична опера во два чина, една од водечките бел-канто опери во светската оперска литература, позната по магичната арија-молива на Норма „Casta Diva”. Под диригентската палка на гостинот од Италија, …

Операта „Норма“ на 50. Мајски оперски вечери Read More »

Бедија Беговска и Русомир Богдановски добитници на наградата за животно дело на 56. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп


Осум претстави се во конкуренцијата за награди на 56. македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ кој ќе се одржува од 3 до 11 јуни во Прилеп. Годинашни добитници на наградата за животно дело се актерката Бедија Беговска, доајен на турскиот театар и драмскиот писател Русомир Богдановски, беше соопштено на денешната прес-конференција во Прилеп. Фестивалот по две …

Бедија Беговска и Русомир Богдановски добитници на наградата за животно дело на 56. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп Read More »

Саемот на книга го посетиле 23.800 луѓе


Вчера заврши 34. издание на Саемот на книга кој за прв пат по две години се врати во својот редовен пролетен термин. Саемот на книга ја надмина вообичаената посета од страна на читателите и се враќа во сопствениот сјај. Заклучно со вчерашниот, последен ден, саемот го посетија 23.800 посетители. „Сме организирале многу саеми, големи, гламурозни, …

Саемот на книга го посетиле 23.800 луѓе Read More »

Музеите лани организирале 91 изложба и имале 184 156 посетители


Mузеите во земјава лани ги посетиле 184 156 луѓе, покажува евиденцијата на Државниот завод за статистика.   Од вкупно 25 музеи, според основачот, 16 се јавни (национални) музеи, 8 се јавни (локални) музеи и еден е приватен музеј. Според предметот на работа, 16 се општи и 9 се специјализирани музеи.   Во 2021 година, музеите …

Музеите лани организирале 91 изложба и имале 184 156 посетители Read More »

Млади од 10 земји од регионот на манифестацијата „Балканот е срцето на Европа”


Со театарската претстава „Пеликанот“ од Аугуст Стриндберг,  во режија на Теодора Сиљаноска и  во изведба театарски уметници од Интернационалниот универзитет Еуропа Прима, денеска, ќе отпочне годишниот настан: „Балканот е срцето на Европа” – Евроинтеграциите на Балканот меѓу реалноста и илузијата. На настанот, во организација на ACADEMIA BALKANICA EUROPEANA, со поддршка на Министерството за култура, и …

Млади од 10 земји од регионот на манифестацијата „Балканот е срцето на Европа” Read More »

Концерт на Младинскиот оркестар при ЦК „Трајко Прокопиев“ во Софија


Во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, вечер со почеток од 18:30 часот концерт ќе одржи Младинскиот оркестар при Центарот за Култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово насловен „Музиката нема граници“. Како што соопштуваат од КИЦ од Софија, оркестарот, кој е формиран во 2020 година и функционира под уметничкото раководство на Александар Митрички, се …

Концерт на Младинскиот оркестар при ЦК „Трајко Прокопиев“ во Софија Read More »

Меѓународниот фестивал за филмови отвора 24-часовен светски маратон за снимање едноминутни филмови


Меѓународниот фестивал за филмови снимени со мобилен телефон „Мобил фестивал“ ги повикува сите заинтересирани студенти на филмските универзитети во земјава, основци и средношколци, филмски аматери и ентузијасти да се пријават за учество на најголемиот светски натпревар за правење кратки филмови во живо на тема „Еколошко размислување“. -Натпреварот ќе биде отворен во Унгарија, на Универзитет во …

Меѓународниот фестивал за филмови отвора 24-часовен светски маратон за снимање едноминутни филмови Read More »

„Норма“ ги отвори Мајските оперски вечери, „Аида“ ќе ги затвори на 31 мај


Во Националната опера и балет вечерва започна 50. јубилејно издание на Мајските оперски вечери. Настанот беше отворен со операта „Норма“, симболично избрана бидејќи последен пат во земјава била изведена пред 30 години, а „Мајските оперски вечери“ последен пат е изведена во 1996 година. Во „Норма“ настапи екипа од Италија, Србија и домашни солисти со кои …

„Норма“ ги отвори Мајските оперски вечери, „Аида“ ќе ги затвори на 31 мај Read More »

Повик за современи драмски текстови кои ќе бидат објавени во е-антологија


Македонскиот центар на Интернационален театарски институт/Продукција соопшти дека до крајот на јуни е отворен Повик за електронска Антологија на современи драмски текстови. Повикот е насловен „Јас не сум мртов, болен и славен“ и е дел од промотивниот проект „Драмски инверзии“ поддржан од Министерството за култура. -Повикот е афирмативен, поттикнувачки и ги повикува сите драмски, театарски …

Повик за современи драмски текстови кои ќе бидат објавени во е-антологија Read More »

Во МНТ отворена комеморација во чест на Ристо Стефановски (1928-2022)


Македонскиот народен театар известува дека на ден 12 мај (четврток) во 13:30 часот на големата сцена ќе се оддржи отворена/јавна комеморација во чест на големиот Ристо Стефановски, на кој сите пријатели, познаници и почитувачи ќе му оддадат почит. Стефановски беше долгогодишен театарски работник, театролог и театарски историчар. Роден е во 1928 година, во Скопје. По …

Во МНТ отворена комеморација во чест на Ристо Стефановски (1928-2022) Read More »

Концерт на Дино Имери во битолскиот Офицерски дом


Денот на Европа во Битола ќе биде одбележан со целовечерен концерт на маестро Дино Имери, што ќе се одржи во концертната сала на Палатата Офицерски дом. Од Културен и информативен центар – Битола, домаќини и организатори на концертот, информираат дека по подолго време, тоа ќе биде прв пијано концерт на концертниот клавир „Bösendorfer“  и воедно промоција на концертната …

Концерт на Дино Имери во битолскиот Офицерски дом Read More »