Концерт на Националниот џез оркестар и американскиот состав „Yellowjackets“ во НОБ


Во Националната опера и балет, вечер со почеток во 20 часот, ќе се одржи концерт на Националниот џез оркестар и легендарниот американски состав „Yellowjackets“, пионери на џез-фјужн жанрот и добитници на две „Греми“ награди. Како што најави НУ Оркестар за џез музика на РСМ, диригент на концертот ќе биде Боб Минцер, долгогодишен член на составот …

Концерт на Националниот џез оркестар и американскиот состав „Yellowjackets“ во НОБ Read More »

Солистички рецитал на Берислав Јерковиќ и Ана Дадиќ од Хрватска


Солистички рецитал насловен „Звуците на срцето и душата“ ќе се одржи вечер во Салон 19 19 во Културно-информативниот центар во Скопје. На него ќе настапат Берислав Јерковиќ (баритон) и Ана Дадиќ (пијано) од Хрватска, а настанот се одржува во рамки на 25. издание на „Есенски музички свечености“. Јерковиќ е дипломец по пеење, диригирање и музичка …

Солистички рецитал на Берислав Јерковиќ и Ана Дадиќ од Хрватска Read More »

Три награди за „Ифигенија за ништо“ на Драмски на фестивалот „Стоби 2025“


Драмски театар Скопје е добитник на три награди на 22. издание на Интернационалниот фестивал на античка драма – ИФАД „Стоби“ 2025. Жирито во состав: Јордан Витанов, Кристина Атанасова Арсова и Фаик Мефаилоски, со едногласна одлука ги додели овогодинешните награди на најистакнатите остварувања на фестивалот. За најдобра претстава на фестивалот е прогласена „Ифигенија за ништо“ – …

Три награди за „Ифигенија за ништо“ на Драмски на фестивалот „Стоби 2025“ Read More »

Награда „Роксан Стојанов“ за млади балетски таленти – престој во Париз и поддршка на професионалната кариера


Францускиот институт во Скопје и Фестивалот „Танц фест“ со поддршка на Амбасадата на Франција ја востановуваат националната награда „Роксан Стојанов“ која првпат ќе биде доделена напролет. Наменета е за балетски уметници од 16 до 20 години од Северна Македонија, со цел да се поддржи нивната професионална кариера. Наградата е иницирана од балерината со француско-македонско потекло …

Награда „Роксан Стојанов“ за млади балетски таленти – престој во Париз и поддршка на професионалната кариера Read More »

Мултимедијален концерт во чест на Јохан Штраус на „Есенски музички свечености“


Во рамки на 25. издание на фестивалот „Есенски музички свечености“, денеска во Салон 19 19 при Културниот информативен центар ќе се одржи мултимедијален концерт насловен „Јохан Штраус во филмот: Концерт и проекција на немиот филм Веселата војна“ во изведба на Гудачкиот квартет Пламенка Трајковска,  Концертот на гудачкиот квартет е уникатен спој на класична музика и …

Мултимедијален концерт во чест на Јохан Штраус на „Есенски музички свечености“ Read More »

Љутков од Самарканд: Македонија останува посветен партнер во остварувањето на мисијата на УНЕСКО


Министерот за култура и туризам и претседател на Националната комисија на УНЕСКО, Зоран Љутков, учествува на 43. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО, што се одржува во Конгресниот центар „Патот на свилата“ во Самарканд, Република Узбекистан. Во своето обраќање пред присутните министерот Љутков ја истакна заложбата на Република Македонија за унапредување на соработката со УНЕСКО …

Љутков од Самарканд: Македонија останува посветен партнер во остварувањето на мисијата на УНЕСКО Read More »

„Страв од чекорење“ – нов роман на Ѕвездан Георгиевски


„Страв од чекорење“ е нов роман на новинарот, автор  и извршен директор на Фондацијата „Славко Јаневски“,  Ѕвездан Георгиевски, во издание на „Бегемот“. Ова е трет роман на Георгиевски, по  „Плачеш како кит“ од 2023 година и по дебитантскиот роман „Недела дена во животот и смртта на Гроздан“, како и по збирката раскази „Да не бидам …

„Страв од чекорење“ – нов роман на Ѕвездан Георгиевски Read More »

Светска премиера на „Ритам на животот“ на Филмскиот фестивал во Солун


Филмот „Ритам на животот“ во режија на Америса Баста денеска ќе ја има својата светска премиера на 66. Меѓународен филмски фестивал во Солун, како дел од официјалната програма „Запознајте ги соседите“. Ова е дебитантски долгометражен филм на режисерката Баста, кој преку поетичен визуелен пристап ја раскажува приказната за една млада жена и нејзините предизвици во …

Светска премиера на „Ритам на животот“ на Филмскиот фестивал во Солун Read More »

Македонската уметница Јана Луловска со самостојна изложба во Њујорк


Во Gallery MC во Њујорк денеска ќе биде отворена самостојната изложба „Effortless“ („Природно“) на македонската интердисциплинарна уметница Јана Луловска. Изложбата ќе биде достапна за посетители до 13 ноември. „Effortless“ претставува избор на дигитални графики кои ги истражуваат темите на флуидност, трансформација и природниот тек на животот. Користејќи дигитални алатки, Луловска создава визуелен простор во кој …

Македонската уметница Јана Луловска со самостојна изложба во Њујорк Read More »

Доделување на наградата „Оливера Николова“ и промоција на победничкиот роман „Џинџуџе“


Книжевната награда „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади која оваа година ја доби писателот Ермис Лафазановски за романот „Џинџуџе“ вечерва во 19 часот ќе биде доделена во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади е установена од издавачката куќа „Арс Ламина“на 11 …

Доделување на наградата „Оливера Николова“ и промоција на победничкиот роман „Џинџуџе“ Read More »

Дејан Дуковски – автор во фокус на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ во 2026


Дејан Дуковски, еден од највлијателните и најизведувани македонски драмски автори, ќе биде Автор во фокус на претстојното 60. Јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Фестивалот ќе му посвети ден на авторот во кој со различни содржини ќе биде потенцирана важноста на Дуковски за македонската театарска меморија и култура, воопшто. Фестивалот идната …

Дејан Дуковски – автор во фокус на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ во 2026 Read More »

„Ифигенија за ништо“ на Драмски на фестивалот „Стоби 2025“


Вечерва во рамките на 22. Интернационален фестивал на античка драма „Стоби 2025“ гостува Драмски театар Скопје со „Ифигенија за ништо“. Претставата ќе се игра на големата сцена на театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес во 20 часот. Годинашното издание на ИФАД „Стоби 2025“ започна на 29 октомври и по затварањето на фестивалската програма …

„Ифигенија за ништо“ на Драмски на фестивалот „Стоби 2025“ Read More »

Љутков учествува на 43. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО во Самарканд, Узбекистан


Министерот за култура и туризам Зоран Љутков ја предводи македонската делегација на 43. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО што од  30 октомври до 13 ноември се одржува во Самарканд, Република Узбекистан.  Љутков утре (5 ноември) во Конгресниот центар „Патот на свилата“ во Самарканд ќе се обрати на дебатата посветена на генералните политики на Организацијата, …

Љутков учествува на 43. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО во Самарканд, Узбекистан Read More »

Македонскиот КИЦ во Загреб востановува Фестивал на современа македонска книжевност


Од 5 ноември во 7 ноември 2025 година, во Македонскиот КИЦ во Загреб, Хрватска, ќе се одржи првото издание на Фестивалот на современата македонска книжевност. Македонскиот КИЦ во Загреб, во рамките на својата Годишна програма, а во соработка со реномираната македонска издавачка куќа ,,Македоника литера“ од Скопје, од оваа година востановува книжевен фестивал кој треба …

Македонскиот КИЦ во Загреб востановува Фестивал на современа македонска книжевност Read More »

Млади танчери од 12 држави викендов ќе настапат на сцената на НОБ


Над 1600 деца и млади танчери од 12 држави во сабота, 8 ноември, ќе настапат на сцената на Националната опера и балет на седмото издание на Интернационалниот танцов натпревар “Стејџ 2025”. Тие, од 9 до 22 часот, ќе танцуваат класичен и современ балет, џез, модерн, акробатски и шоу танц… „Преку танцот, децата од целиот свет …

Млади танчери од 12 држави викендов ќе настапат на сцената на НОБ Read More »

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ Истанбул


Македонскиот брас квартет денеска ќе одржи концерт во македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул.  Концертот претставува дел од континуираните активности на Македонскиот културен центар во Истанбул насочени кон промоција на македонската музичка уметност, дел од годишната програма на Министерството за култура и туризам. Македонскиот брас квартет е составен од четворица истакнати музичари – членови на Националната …

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ Истанбул Read More »

Јапонска минјо музика и недела на јапонски филмови


Со концерт на минјо музика, вечер, во Музејот на македонската борба за независност, Амбасадата на Јапонија го почнува одбележувањето на „Денот на културата“ во земјава.  По овој повод е предвидена и Недела на јапонски филмови и анимации во Скопје и Битола. -Секој 3 ноември на „Денот на културата“ (Бунка но Хи) во Јапонија се прославува …

Јапонска минјо музика и недела на јапонски филмови Read More »

Во КИЦ изложба „Идентитески паралели“


 Во Културно-информативниот центар – Скопје вечер ќе биде отворена изложбата „Идентитески паралели“ на Лудовико Елиа Персич и Ана Трајковска. Изложбата е дел од настанот „Уметник во престој“ организиран во рамки на европскиот проект Креарт што се одржува во КИЦ шеста година по ред, а е финансирана од Град Скопје. Лудовико Елиа Персич и Ана Трајковска …

Во КИЦ изложба „Идентитески паралели“ Read More »

Изабел Ипер ѕвезда на Солунскиот филмски фестивал


Солун – Големата ѕвезда на европскиот и светскиот филм, Французинката Изабел Ипер ( беше гостинка и на „Браќа Манаки“ во Битола во 2013 година), на прес-конференција за медиумите, во понеделник на Филмскиот фестивал во Солун,  ги отфрли сите сугестии дека е склона кон донесување смели уметнички избори, и дека „не е доволно храбра да преземе …

Изабел Ипер ѕвезда на Солунскиот филмски фестивал Read More »

„Таму каде што не сме“ – прва стихозбирка од Георги Господинов на македонски


Утре од печат ќе излезе стихозбирката „Таму каде што не сме“ од Георги Господинов, како 12 книга во едицијата „Поеза“ на „ИЛИ-ИЛИ“. По шесте прозни изданија и една детска книга, ова е првата стихозбирка на скопската издавачка куќа од популарниот писател во препев на Никола Маџиров, а нејзиното објавување е поддржано од „Традуки“ и Министерството …

„Таму каде што не сме“ – прва стихозбирка од Георги Господинов на македонски Read More »