Велигденски концерт на ансамблот „Танец“ во НОБ


Националниот ансамбл за народни игри и песни  „Танец“ вечер во Националната опера и балет во 20 часот, ја започнува својата 74. сезона, традиционално, со голем Велигденски концерт. Оваа година, како што наведуваат од ансамблот, концертот е со посебен предзнак – програмата е посветена на музиката која првенецот Милан Завков ја твореше за својата матична институција, ансамблот „Танец“. […]

Промоција на поетската книга „Глуво време“ од Виолета Танчева-Златева


Во изложбениот салон на КИЦ вечер ќе се одржи промоција на новата поетска книга „Глуво време“ од истакнатата македонска поетеса Виолета Танчева-Златева. Збирката што се закити со „Антев златник“ во 2022 година, излегува во издание на Издавачки центар ТРИ. Илустрацијата на корицата ја изработи Стефан Златев, а дизајнот е на Ана Ќортошева. Промотор ќе биде […]

Од која страна се решетките-затворот и од која страна е слободата: Oвации за „Нема струја за електричниот стол“ во Велес


Пиесата „Нема струја за електричниот стол“ од современиот бугарски писател Александар Секулов, во режија на Дејан Пројковски синоќа имаше одлична премиера во изведба на актерите Васил Зафирчев и Исидор Јованоски на сцената „Петре Прличко“ во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес, кои од бројната публика во полната сала на крајот од 90 минутната изведба беа наградените со […]

2023 во знакот на Пабло Пикасо- го слави цел свет


Со голем број манифестации и изложби во текот на 2023 година низ светот ќе биде одбележана 50-годишнината од смртта на прочуениот шпански уметник Пабло Пикасо. Кај нас, годишнината ја одбележи „Остен“ со еднодневна изложба на керамики, цртежи и графики од Пикасо. За седум децении плодна работа, Пикасо создал илјадници слики и скулптури во многу авангардни […]

Петто издание на „Резервен живот“ од Лидија Димковска


 Од печат излезе петтото издание на „Резервен живот“ од Лидија Димковска, еден од најуспешните и најпреведувани романи во македонската книжевност. По објавувањето во 2012 година, веќе следната година романот ги добива наградите „Стале Попов“ на ДПМ и Европската награда за литература на ЕУ по што романот е преведен на 11 јазици; англиски, германски, италијански, унгарски, […]

„Ако останеш дома“, нова премиера на Битолскиот театар


„Ако останеш дома“, во режија на Јован Ристовски е новиот театарски проект на Битолскиот народен театар. Премиера ќе биде изведена утре вечер, а станува збор за драма во еден чин по мотиви на Карој Сакони. Во претставата главните улоги ги играат актерката Јулијана Мирчевска и актерот Васко Мавровски. – Станува збор за секојдневна приказна во […]

Стојчевска-Ерсој: Турција ќе помогне во изградбата на новиот Турски театар во Скопје


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска оствари билатерална средба со својот турски колега, министерот за култура и туризам, Мехмет Нури Ерсој. Во фокусот на средбата беше новиот Договор за културна соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Турција, кој од името на двете влади го потпишаа министрите  Костадиновска-Стојчевска и Ерсој. „Билатералните […]

Вработените од Министерството за култура не се откажуваат од протестите за покачување на платите


 Склучување на колективен договор и покачување на платите по принципот на Министерството за финансии и денеска побараа вработените во Министерството за култура, Управата за културно наследство и Агенцијата за филм, за време на протестот што се одржа пред Владата.  Претседателот на Синдикалната организација на УПОЗ при Министерството за култура, Бранко Костовски повтори дека нивното единствено […]

„Охридско лето“ со Велигденски концерт „Воскресение твоје“


Националната установа „Охридско лето“ организира Велигденски концерт „Воскресение твоје“  со Женскиот камерен хор „Света Злата Мегленска“ од Скопје. Концертот ќе се одржи на 12 април во црквата „Света Софија“ во Охрид  со почеток во 20 часот. „Св.Злата Мегленска“ преку своето 27-годишно континуирано работење стана хорски расадник и културен храм  каде со огромна љубов и посветеност […]

„Пријателство“- новиот албум на Симон Трпчевски во издание на „Лин рекордс“


  Издавачка куќа од Лондон „Лин Рекордс“, по големиот интернационален успех на албумот Македонисимо и ЦД-то на кое Симон Трпчески заедно со Јаначек филхармонискиот оркестар од Острава, Чешка и прославениот диригент Кристијан Мачелару од Романија изведуваат програма со дела од Шостакович, соошти дека и претстојниот нов албум на Трпчески ќе биде издаден од нив, а […]

Министерството за култура е искрен поддржувач на Стратегијата за инклузија на Ромите


– Културата не е привилегија, културата не е сопственост… културата е чувар на сите историски „плими и осеки“, без разлика кои сме и каде сме. Ромската култура е доказ дека може да живеете на периферијата, а да го освоите светот. Зарем тоа не го постигна неповторливата Есма Реџепова. Или режисерот со светско реноме, Рахим Бурхан. […]

Раскази од Натали Спасова објавени во британска антологија


Издавачката куќа „Дедалус букс“, посветена на литература во превод, ја збогати својата „Земи шест“ серија на женски прозни антологии  со балканска антологија, по португалското и шпанското издание. Во неа се објавени и седум раскази од македонската писателка Натали Спасова кои на англиски јазик ги преведе Вил Фирт. Текстовите на Спасова всушност се поглавја од нејзиниот […]

Златен медал за Габриела Костадинова на Меѓународен фестивал за ромска поезија во Белград


Пехчевската поетеса Габриела Костадинова освои златен медал на Меѓународниот фестивал на ромска поезија, проза, афоризам и сатира во Белград, кој се одржа во рамки на одбележувањето на 8 Април – Светски ден на Ромите. -Голема благодарност до Здружението на ромски книжевници, до претседателот Јовановиќ и до жири комисијата за доделената награда. Чест ми е што […]

Ново издание на иницијативата ПичПрич на тема „Бев сама“


Ново издание на иницијативата ПичПрич на тема „Бев Сама“ во организација на Тиииит!Инк. ќе се одржи вечерва во Кино Фросина (МКЦ – Скопје) во 20 часот во рамки на фестивалот за промоција на феминистичка култура и акција „Прво па женско“. На овогодинешниот ПичПрич, како што најавија организаторите, своите искуства на тема „Бев Сама“ ќе ги […]

Промоција на книгата „Градот и идентитетот – филмски репрезентации“ од Елена Копртла


Книгата „Градот и идентитетот-филмски репрезентации“ од Елена Копртла вечер во 18, 30 часот ќе биде промовирана во Скопје. Издавач на делото е издавачката куќа „Чудна шума“, а промоцијата ќе ја водат Ивана Васева и Влатко Галевски. Од „Чудна шума“ истакнуваат дека целта на оваа книга е да поттикне историско разбирање на филмските интерпретации на градот […]

„Будење“- почнува 14. Меѓународно биенале на млади уметници во МСУ


Во Музејот на современа уметност во Скопје вечерва во 20 часот ќе биде отворено 14-то Биенале на млади уметници со наслов  „Будења“ („Awakenings“).  –Годинашната тема „Будења“ ги потикнува младите уметници да ги изразат своите размислувања, дилеми, не/сигурност, не/согласувања и амбиции, на прагот пред нивното осамостојување и напуштањето на комфорната зона при соочувањето со личните и […]

Со „Коса“ почнува ретроспективата на Милош Форман во Кинотека


Со проекцијата на филмот „Коса“, американската музичка антивоена драма-комедија од 1979 година, денеска во Кинотеката ќе почне ретроспективата на режисерот Милош Форман. Форман (1932-2018) е добитник на два оскара и на педесетина други награди на филмските фестивали ширум светот, а со своето творештво обединил два филмски света – источноевропскиот и холивудскиот. Студирал сценарио на прочуената […]

Инсталацијата на Давор Кешќец во излогот на Францускиот институт до крај на април


Инсталацијата „Лицата на Франкофонијата“ на уметникот Давор Кешќец, поставена во излогот на Францускиот институт, ќе биде отворена и во текот на месец април. Оваа поставка беше изработена специјално по повод одбележувањето на Франкофонијата, а во склоп на бројните активности со кои се одбележа месецот на Франкофонијата. Младиот и талентиран уметник Давор Кешќец е роден во 1997 […]

Танц Фест вечерва во МКЦ претставува современи кореографи од Италија, Романија и Словачка


Вечерва во рамки на фестивалот Танц Фест 2023, во 20 часот во Младинскиот културен центар ќе се изведат три кореографии на автори од Италија, Романија и Словачка. Првата кореографија под наслов „Дали е реално?“ е во кореографија на Гилда Федерика Цесарио, од Италија, видео материјалите се на  Андреа Базиле, а настапуваат: Мартина Тондо, Росела Донато, Данило […]

Јубилејни Поточиња на 13 и 14 мај во Филхармонија


На 13-ти и 14-ти мај во Македонска Филхармонија по јубилеен 20-ти пат, ќе се одржи детскиот фестивал „Поточиња“. Најавена е голема роденденска забава, а на репертоарот се нови 16 детски песни, заедно со пригодно јубилејно чествување со добропознатите хитови изведени на Поточиња. За атмосферата и изненадувањата ќе се погрижи незаменливиот водител – маскотата Поки ( […]