Крис Картер беше ѕвезда на Саемот на книги: На читателите не им сметаше да чекаат во ред

Македонија е тука негде веднаш по Германија каде срушил рекорди во потпишување примероци


Вчера на штандот на Сакам книги читателите чекаа во ред долг скоро до влезот на Саемот за да се поздрават и добијат автограм од нивниот омилен пистаел – Крис Картер кој оваа година беше во центарот на вниманието на 35. Издание на Саемот на книга.

Тиражите на неговите две најнови книги „Јас сум смрт“ и „Јавувачот“ веќе се при крај и со огромна радост можеме да констатираме дека Крис Картер сруши рекорди по продажба. 

Рекорди беа срушени и по продадени влезници на саем, како што не памети Саемот.

За добрата атмосфера на штандот се погрижи и диџеј Јанко, убавата енергија на целиот тим на издавачот како и среќните и возбудени лица на посетителите.

Ана Гублер (книжевен инфлуенсер) за екипата на 091инфо.мк изјави дека и два дена би чекала во ред само за да добие шанса да се поздрави со него и да добие автограм од него. 

Во редицата можеа да се забележат и доста автори кои му се восхитуваат и му се најверни читатели.

Наде Стојиљковиќ, познат автор и новинар, беше дојдена уште од 10 часот само за да си фати место и меѓу првите да добие автограм од сензационалниот трилер мајстор Крис Картер.

Слаѓан Славенски, автор и голем обожавател на Крис Картер, изјави дека ќе чека во ред колку и да е потребно затоа што оваа можност е неповторлива и не би ја пропуштил за ништо на светот. 

А Крис Картер воодушеви со неговата енергија која доминираше на сцената. Успеа да се прегрне, да се фотографира и да размени по некој збор со сите кои дојдоа да се поздрават со него.

За 091инфо.мк Картер изјави дека е премногу задоволен од пречекот и приемот во Македонија. Со петчасовното потпишување книги вчера, рече дека Македонија е тука негде веднаш по Германија каде срушил рекорди во потпишување примероци.

Вечерва со почеток од 18 часот сите кои набавија на време билети за настанот во Синеплекс ќе можат уште еднаш да бидат во негово присуство и да го проследат разговорот меѓу него и македонскиот автор на трилери Јордан Коцевски.

Со вчерашниот настан се потврди дека македонските читатели се многубројни и тука се кога треба да се претстави Македонија во најдобро светло пред странските автори. 

Од издавачката куќа Сакам книги искрено се заблагодаруваат на поддршката од читателите и медиумите и се надеваат дека во иднина повторно ќе имаат можност да приредат вистински спектакл на македонската читателска публика која го заслужува тоа.