ДЛУМ избра членови на Управниот и Надзорниот одбор, како и на Уметничкиот совет


Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) на денешното Годишно собрание што се одржа во Домот на Армијата во Скопје избра Управен одбор, Уметнички совет како и членови на Надзорниот одбор.

Во Управниот одбор на ДЛУМ се избрани Христијан Санев, Никола Смилков, Петра Јовановска, Слободан Милошевски, Денис Танев и Катерина Таневска.

За членови на Уметничкиот совет од членството беа изгласани Микица Трујкановиќ, Маја Рауник Кирков, Трајче Чамтов, Наташа Милованчев, Соња Димовска, Синиша Новевски и Илиана Петрушевска.

Беше избран и Надзорен одбор во чиј состав се изгласани: Урош Вељковиќ, Благојче Наумовски и Ана Трајковска.

На Собртанието на ДЛУМ беа презентирани досегашните активности, како и идните планови на здружението, се вели во соопштението до медиумите.