Мишел Јео ќе добие почесна Златна мечка на Берлинале 2026


Добитничката на Оскар, актерката Мишел Јео, ќе биде наградена со почесна Златната мечка на Берлинскиот филмски фестивал како признание за нејзините извонредни достигнувања во филмот и киното, објави фестивалот во петок. Ѕвездата на „Сè насекаде одеднаш“ ќе ја прими наградата на церемонијата на отворањето на 76-тото Берлинале на 12 февруари 2026 година. „Мишел Јео е …

Мишел Јео ќе добие почесна Златна мечка на Берлинале 2026 Read More »

„Варвари“ на Горки и Милчин ја собра скопската елита во МНТ (фото)


Премиерата на „Варвари“ на Максим Горки, последната претстава на режисерот Владимир Милчин во МНТ , која за првпат се поставува на театарска сцена, и актуелна во сегашниов миг, иако напишана во 1906 година, ја собра скопската елита од сите сфери и генерации, синоќа, во Македонскиот народен театар, во годината кога одбележува 80 години од постоењето. …

„Варвари“ на Горки и Милчин ја собра скопската елита во МНТ (фото) Read More »

Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ во НОБ на 18 и 21 ноември


Двојната изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ ќе се одржи на 18 и 21 ноемвриво 20 часот на сцената на Националната опера и балет. Балетот, поставен во два чина и инспириран од безвременскиот роман на Г. Флобер, ја прикажува внатрешната борба на жената меѓу копнежот по страст и слобода и стегите на општествените норми – …

Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ во НОБ на 18 и 21 ноември Read More »

„Арс-Ламина“ со нова едиција: Промоција на „Големи зборови за мали уши“ на Светскиот ден на детето


На Светскиот ден на детето, 20 ноември, во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, ќе биде промовирана едицијата „Големи зборови за мали уши“, на издавачката куќа „Арс Ламина“. Промотор на едицијата ќе биде уредничката Оливера Ќорвезироска, а пред публиката ќе се обратат авторите на сликовниците. По минатогодишното претставување на првата книга од едицијата, …

„Арс-Ламина“ со нова едиција: Промоција на „Големи зборови за мали уши“ на Светскиот ден на детето Read More »

Со театарската претстава „Макбет“ почнува „Битола Шекспир фестивал“


Со роденденска премиера на претставата „Макбет“ од Вилијам Шекспир во режија на Иштван Сабо од Унгарија, Битолскиот театар денеска одбележува 81 година од денот на формирањето и почетокот на Меѓународниот „Битола Шекспир фестивал“. Главната улога, ликот на Макбет го игра Мартин Мирчевски, а заедно со него во најновиот проект вклучени се четириесеттина професионалци, актери и …

Со театарската претстава „Макбет“ почнува „Битола Шекспир фестивал“ Read More »

Изложба „Стопен град“ на Игор Сековски во Чифте амам


Изложбата „Стопен град“ на Игор Сековски вечер ќе биде отворена во Националната галерија на Република Северна Македонија, објект Чифте амам.  Проектот е реализиран со поддршка на Министерството за култура и туризам и Националната галерија на Република Северна Македонија и ќе биде поставен до 27 ноември. Кураторот Ана Франговска пишува дека со проектот „Стопен град“, Игор Сековски …

Изложба „Стопен град“ на Игор Сековски во Чифте амам Read More »

Почина поетесата и лектор Славица Свидерска


Со глабока тага и жалење ја информираме јавноста дека вчера, 12.11.2025 г. почина поетесата Славица Свидерска (1984, Битола). Доктор по филолошки науки. Лекторка по македонски јазик на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Факултетот за странски јазици во Тирана. Зад себе остави богато поетско, есеистичко и научно творештво од областа на теорија на …

Почина поетесата и лектор Славица Свидерска Read More »

Недела на јапонски филм по 18.пат во Кинотека


Од 13 до 18 ноември Кинотеката на Македонија ги отвори својот простор и платно за уште еден исклучителен циклус на јапонски филм, нудејќи уникатно патување низ повеќе декади на јапонската кинематографија. Циклусот на јапонски филмови е еден од најзначајните филмски настани во годината, кој носи ретка можност за македонската публика да се запознае со длабочината, …

Недела на јапонски филм по 18.пат во Кинотека Read More »

„Истокот e сè уште можен“- групна изложба со дела од колекциите на МГ+МСУМ, Љубљана и МСУ


  Вечерва, во 20 часот, во МСУ ќе се одржи „Истокот e сè уште можен“- групна изложба со дела од колекциите на МГ+МСУМ, Љубљана и МСУ. Уметници: Марина Абрамовиќ | Маја Бајевиќ | Гета Братеску | Јозеф Бојс | Ала Георгиева  | Томислав Готовац | Јон Григореску | Група конструктивисти од Трст (Аугуст Чернигој, Едуард …

„Истокот e сè уште можен“- групна изложба со дела од колекциите на МГ+МСУМ, Љубљана и МСУ Read More »

„Филхармонија: On air“ со кларинетистот Васко Дуковски


По концертот во „Музикферајн“ во Виена, оркестарот на Македонската филхармонија се враќа на својата матична сцена, на која во четврток, со почеток во 20 часот ќе настапи заедно со македонскиот кларинетист Васко Дуковски и диригентот Марк Кадин од Украина. На програмата се суитата „Музички вечери“ од Бенџамин Бритн, Интродукција, Тема и варијации за кларинет и …

„Филхармонија: On air“ со кларинетистот Васко Дуковски Read More »

Oд 19 до 25 ноември јубилеен 50. Млад отворен театар со претстави на наши режисери, актери и сценски автори кои создаваат надвор


МКЦ денеска го најави новото, јубилејно 50-то издание на Млад отворен театар – МОТ што ќе се одржи од 19 до 25 ноември. Со внимателно селектирани претстави, концерти и изложба, МОТ оваа година го насочува своето внимание кон македонските автори кои успешно создаваат надвор од границите на државата и во низа половина век постојано отвораат …

Oд 19 до 25 ноември јубилеен 50. Млад отворен театар со претстави на наши режисери, актери и сценски автори кои создаваат надвор Read More »

Култната драма „Варвари“ на Горки премиерно во МНТ во режија на Милчин (фото)


Култната драма на Максим Горки, претставата „Варвари“ утревечер во 20 часот премиерно ќе биде изведена во Македонскиот народен театар. Режисер на претставата е Владимир Милчин. Следната изведба е закажана за 14 ноември. Директорот на МНТ, Никола Кимовски дека на прес-конференција рече дека во годината кога Македонски народен театар одбележува 80 години од постоењето горд е …

Култната драма „Варвари“ на Горки премиерно во МНТ во режија на Милчин (фото) Read More »

Почина поетесата Славица Свидерска


Со глабока тага и жалење ја информираме јавноста дека денеска, 12.11.2025 г. почина поетесата Славица Свидерска (1984, Битола), соопштија утрово од Друштвото на писателите. Доктор по филолошки науки. Лекторка по македонски јазик на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Факултетот за странски јазици во Тирана. Зад себе остави богато поетско, есеистичко и научно …

Почина поетесата Славица Свидерска Read More »

Изложба на дела од 35-тата и 36. Ликовна колонија „Галичник“


Во Националната галерија – Мултимедијален центар Мала станица вечер  во 20 часот ќе биде отворена изложбата на делата создадени во рамките на 35-тото и 36. издание на меѓународната Ликовна колонија „Галичник“. Биеналниот проект е насловен „Колективна културна меморија: Постмеморија“ и е кураторски концепт на Ана Франговска, претседателка на колонијата. Соработник на биеналната изложба со елабориран …

Изложба на дела од 35-тата и 36. Ликовна колонија „Галичник“ Read More »

Концерт на квартетот „Полихимнија“ во КИЦ Истанбул


Квартетот „Полихимнија“, составен од професорки од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ денеска ќе настапи во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Истанбул. Ансамблот, формиран во 2017 година, го сочинуваат Николина Ефтимова (флејта), Риана Рамиз (виолина), Маре Бадарева (виолончело) и Вирица Шотаровска (пијано).  На концертот во Истанбул ќе биде изведена програма која ги спојува барокните …

Концерт на квартетот „Полихимнија“ во КИЦ Истанбул Read More »

Сара Климоска и Игор Алексов наградени на „Балканофилмофилија Париз – Берлин – Вашингтон – Нови Сад 2025“


  Во периодот од 6 до 8 ноември 2025 година, во киносалата во Арена Синеплекс во Нови Сад  се одржа третото издание на меѓународната филмска манифестација „Балканофилмофилија Париз – Берлин – Вашингтон – Нови Сад 2025“, во организација на Фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа (SEE Film Festival Paris-Berlin-Washington) и Интернационланиот универзитет Еуропа Прима – …

Сара Климоска и Игор Алексов наградени на „Балканофилмофилија Париз – Берлин – Вашингтон – Нови Сад 2025“ Read More »

 „Macedonian Dreams“: Националниот џез оркестар со настапи во Будимпешта, Прага и Виена


Националниот џез оркестар денес заминува на европска турнеја под наслов „Macedonian Dreams“, која ќе се одржи од 12 до 17 ноември 2025 година и ќе ги опфати градовите Будимпешта, Прага и Виена. Турнејата ќе започне на 12 ноември во Будимпешта, во престижната ELTE Aula Magna Hall, ќе продолжи на 14 ноември во Прага, во La Fabrika, и ќе заврши на …

 „Macedonian Dreams“: Националниот џез оркестар со настапи во Будимпешта, Прага и Виена Read More »

Унгарско-британскиот автор Дејвид Залеј ја доби Букеровата награда за 2025


Лондон–  Авторот Дејвид Залеј стана првиот унгарско-британски автор што ја освои наградата Букер. Неговиот роман „Месо“(Flesh), приказна за преминот од сиромаштија  во богатство што ги истражува класата и моќта, беше опишан како „извонреден, единствен роман“ од претседателот на жирито, Роди Дојл. Извадок од книгата, изведен од раперот Стормзи, беше прикажан на церемонијата во Лондон, на …

Унгарско-британскиот автор Дејвид Залеј ја доби Букеровата награда за 2025 Read More »

Промоција на книгата „И повторно политика, култура, идентитет“ од Бановиќ-Марковска и Крамариќ


Во Културно-информативниот центар – Скопје денеска напладне ќе биде промовирана  монографијата „И повторно политика, култура, идентитет“ од Ангелина Бановиќ-Марковска и Златко Крамариќ во издание на „МИ-АН“.  Како што соопшти КИЦ, занимавајќи се со политиката и поетиката на етнонационалните идентитети – видени низ призмата на културната антропологија, историографија и имагологија – авторите на овој труд нудат …

Промоција на книгата „И повторно политика, култура, идентитет“ од Бановиќ-Марковска и Крамариќ Read More »

„Храбриот нов театар“ е мото на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп


 „Храбриот нов театар“ е мотото под кое ќе се одржи 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, од 12 до 19 јуни 2026 година. Ова мото е поткрепено и со визуелен идентитет на фестивалот за кој и годинава се погрижи дизајнерката Ема Велковска. „Насловот на денес култниот роман на Хаксли – …

„Храбриот нов театар“ е мото на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп Read More »