Три концерти на втората вечер на 42. Скопски џез фестивал


Со три концертни настапи вечер продолжува фестивалската програма на 42. издание на Скопскиот џез фестивал. Најпрвин ќе настапи италијански саксофонист Роберто Отавијано, а во вториот дел од програмата е концертот на дуото Силви Курвоазие и Мери Халворсон. Вечерашната програма ќе ја заокружи домашниот џез состав Cobalt Code Unit, со полноќен концерт во Младинскиот културен центар. […]

Промоција на „Цепај сине“ нова книга од Зоран Спасов-Ѕоф


   На 25 октомври, во 20 часот, во „Станица 26“, ќе се случи интергалактичка промоција на новата книга „Цепај сине“ од авторот на бестселери „Зоран Спасов-Ѕоф“. Во улога на водител ќе го видиме Александар Микиќ, а за убавата атмосфера ќе се погрижат специјалниот гостин Драган Мијалковски и групата „The Ringtones“.   „Цепај сине“ е во издание на „Попули“, дел од […]

Заводот и музеј Битола е една од институциите што има најголема искористеност на европските фондови


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и евроамбасадорот Дејвид Гир, вчера присуствуваа и се обратија на свеченото отворање на комплетно реконструираниот простор на централниот двор – пацио – во Национална установа Завод и музеј – Битола. Во своето обраќање, Костадиновска-Стојчевска истакна дека ѝ претставува особена чест што во овој репрезентативен архитектонски објект познат како „Стара касарна“, а […]

Премиера на „Хамлет“ во режија на Бранко Брезовец во прилепскиот театар


На сцената од народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, вечер од 20 часот, ансамблот на театарот премиерно ќе ја изведе претставата „Хамлет“ според Вилјам Шекспир во режија на Бранко Брезовец. Претставата секој агол од прилепскиот театар ко претвора во драмска сцена. Нагласени се конфликтот во и меѓу ликовите, стремежот за моќ и желбата за одмазда,. […]

Отворањето на изложбата „Сè што ни е заедничко“ во МСУ ќе може да се погледне со кустос водич


Вечерва, во 20 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје, се отвора шестата по ред меѓународна изложба „Сè што ни е заедничко“. Кураторкa на изложбата е Јованка Попова.   Уметници чии дела ќе бидат изложени на поставка се: Дарко Алексовски (С.Македонија) , Мерием Бенани (Мaроко/САД)  и Ориан Барки (Израел/САД), Јакуп Фери (Косово/Холандија), Игор Грубиќ […]

Премиера на претставата „Ало! Ало!“ во режија на Синиша Евтимов во Театар Комедија


Во Театар Комедија во Скопје вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Ало! Ало!“ во режија на режисерот Синиша Евтимов. Како што информира Театар Комедија – Скопје, „Ало! Ало!“ е духовита пародија на историските случувања и на човековите слабости во обидот да се сочува главата во налетот на насилството. Дејството е сместено во скопската кафеана „Кај […]

Досието за атомска бомба постои, но никогаш нема да излезе во јавност, вели Бјелогрлиќ за новиот филм


Како се снимаше филмот „Чувари на формулата“, со српски и странски актери во Париз, за српски научници кои на крајот на 1950-те во југословенскиот нуклеарен институт Винча се обиделе да направат атомска бомба и при експериментот се озрачиле, вистински настан кој и во Југославија а и денес е табу тема во Србија, раскажа на денешната […]

Објавена книгата „Необјавени страници за македонскиот јазик на Круме Кепески“


Книгата „Необјавени страници за македонскиот јазик на Круме Кепески“, приредена од проф. д-р Јованка Кепеска деновиве е објавена од „Македоника литера“. Книгата содржи материјали од оставината на основоположникот на македонското граматичарство, авторот на првата македонска граматика, истакнат македонист, педагог, учебникар, методичар, преведувач, собирач на народни умотворби. Во книгата се објавени текстови за развојот на македонскиот […]

Јунчан Лим: 19-годишната пијано сензација потпиша договор за снимање


  19-годишен пијанист кој е наречен „одговор на класичната музика на К-попот“ потпиша ексклузивен договор со британската „Дека рекордс“. Јунчан Лим го вчудоневиде музичкиот свет минатата година кога стана најмладиот победник на престижниот натпревар за пијано „Ван Клajбурн“ во Тексас. Неговата изведба на Концертот за пијано бр. 3 на Рахманинов оттогаш е гледана повеќе од […]

„Травијата“ на Верди со две изведби во НОБ


Ремек-делото на Џузепе Верди, операта „Травијата“ ќе има две изведби на сцената на Националнта опера и балет. На 27 и на 31 октомври во 20 часот. Еден од темелите на светскиот оперски репертоар, партитурата на „Травијата“ изобилува со фантастични музички сегменти што уживаат огромна популарност на оперските и концертни подиуми ширум светот. Токму генијалната музика, […]

Танец организира комеморација за својот солист Далибор Ѓошиќ


Во просториите на Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“  утре со почетокот во 11 часот ќе се одржи комеморација по повод смртта на неодамна починатиот истакнат пејач од прв ред – солист, Далибор Ѓошиќ, најави „Танец“. Далибор Ѓошиќ почина  на 12 октомври  во Скопје, на возраст од 41 година, после кусо и тешко […]

Овации за Бјелогрлиќ во Скопје: За мене беше провокација како формулата на смртта, станува формула на животот


Осмото издание на МФФ Киненова сподели приказни на бројни филмски автори кои ни подарија визуелни есенции што долго ќе ги прераскажуваме, а меѓународното жири во состав: Лех Мајевски, режисер, сценарист, кинематографер, мултимедијален уметник од Полска, Дебора Ван Дам, сценаристка и режисерка од Холандија и Дејан Дуковски, драмски писател од Македонија одлучија кои од нив ќе […]

„Скопје Филм Студио“ со два филма во Сао Паоло


„Скопје Филм Студио“ со два филма на Интернационалниот филмски фестивал во Сао Паоло, во Бразил, чие 47 издание почнува денеска. На фестивалот годинава ќе се прикажат 362 филма од 96 земји, како преглед на современата светска кинематографија. Како македонски малцински копродуцент ,„Скопје Филм Студио“ ќе учествува со филмовите „Чуварите на формулата“ на Драган Бјелогрлиќ, српско-македонско-словенечко-црногорска […]

Изложба „Паралелни светови“ на фотографот Денис Јагџи во Сули ан


Изложбата „Паралелни светови“ на фотографот Денис Јагџи вечер ќе биде отворена во објектот Сули ан, во Старата скопска чаршија, со почеток од 19 часот. Ова е втора самостојна изложба на Јагџи. – Во современиот технолошки галамтијас живееме со крупни чекори и со ширум отворени очи и гради, прифаќајќи ги придобивките и предностите од новите цивилизациски […]

„After the Wildfire“ – почнува 42. Скопски џез фестивал


Со премиерна изведба на делото за оркестар „After the Wildfire“ од норвешките џез ѕвезди Арве Хенриксен и Јан Банг како солисти, заедно со перкусионистот Ингар Зак, вечер, во 20 часот, во Национална опера и балет ќе биде отворено 42. издание на Скопскиот џез фестивал, кој ќе се одржува до 22 октомври. „After the Wildfire“ е […]

Музика на Прајснер од филмовите на Кишловски во изведба на Филхармонија


Музика на Збигњев Прајснер, напишана за филмовите на режисерот Кшиштоф Кишловски, вечер, од 20 часот, ќе биде изведена од оркестарот на Македонската филхармонија под диригентската палка на Николас Чалмерс од Англија.  – На програмата се: „Лакримоса“ од „Реквием за мојот пријател“, селекција на филмска музика од филмовите: „Декалог“, „Тајната градина“, „Двојниот живот на Вероника“, „Трибои: […]

Државата ќе го заштити Старото градско јадро на Охрид од дивоградби и изградба на нови објекти


Во Владата на Република Северна Македонија денеска се одржа седница на Националната комисија за УНЕСКО на РСМ, на која се дискутираше за одлуката и за заклучоците од 45. сесија на Комитетот за светско културно наследство на УНЕСКО што се одржа од 10 до 25 септември во Ријад, Кралство Саудиска Арабија, а кои се однесуваат на природното и културното наследство на Охридскиот Регион. На седницата претседаваше […]

Марина Абрамовиќ за борбата за живот по рутинска операција: „Болката беше неверојатна“


Лондон- Познатата концептуална уметница Марина Абрамовиќ неодамна за британски Гардијан проговори за сериозните здравствени проблеми кои ја снашле пред неколку месеци. Имено, компликации настанале по рутинска операција на коленото, таа добила белодробна емболија и шест недели поминала на интензивна нега „танцувајќи“ меѓу животот и смртта. Имаше три операции, девет трансфузии на крв и извесно време […]

„Чувари на формулата“ на Бјелогрлиќ со регионална премиера во Скопје


Не случајно одлучивме „Чувари на формулата“ на Драган Бјелогрлиќ да го затвори фестивалот. Јас лично и целиот тим сметаме дека овој филм се издвојува од останатите и дека ќе го предизвика вниманието на целата регионална јавност. Станува збор за сериозен филм, а она што се случува сите нè засега, затоа што се базира на вистински […]

Георги Господинов : Пишувањето е како риболов – како онаа мрежа со која сакате да уловите риба


По фантастичниот меѓународен успех со романот „Засолниште во времето“ кој годинава ја доби престижната меѓународна Букерова награда,  како и по многуте гостувања и промоции ширум Европа, реномираниот бугарски писател, поет и драматург Георги Господинов (1968) лани, во декември, дојде и во Скопје. За промоцијата на книгата која  излезе во превод и на македонски, во издание […]