Седмата сезона на „Преспав“ стартува пред Нова година (трејлер)


Седмата сезона на популарната македонска хумористична серија „Преспав“ на малите екрани стартува на 18 декември, секој работен ден во 20:15 часот на МРТ1.

Две дечиња ќе се појават во серијата, откако продукциската куќа ОХО на крајот од септември објави пријавување за кастинг.

Некои од ликовите имаат нов стајлинг откако на официјалниот Фејсбук профил беа објавени фотоградии од новиот имиџ на ликовите во новата сезона.
 
Како што велат од тимот, пансионот „Преспав“ е метафора на реалните општествени случувања во нашата држава, во кои се прекршува балканскиот менталитет од кој ликовите не можат да избегаат. Ова, пак, е причина за многу конфликти и комични ситуации во кој ќе се препознае речиси секој.
 
Првата епизода од македонската серија се емитуваше во 2016 година и по само неколку епизоди, сите се вљубивме во неа.

 

Во главните улоги се: Јелена Јованова, Тијана Дапчевиќ, Игор Ангелов, Наташа Петровиќ, Игор Стојчевски, Игор Џамбазов, Васил Зафирчев, Горан Стојановски, Адриан Азири, Дритон Вејсели, Димитрија Доксевски и Владими Тулиев .

Идејата и концептот на „Преспав“ се на продуцентот на серијата Пеце Талески, а режијата е на Игор Иванов Изи, Вардан Тозија и Дина Дума. Сценаријата ги пишуваат: Елеонора Венинова, Сашо Кокаланов, Алек Попов и Делјана Манева од Бугарија и Александра Миланова.