Костадиновска – Стојчевска во посета на културно-историските локалитети во Охрид


Министерката за култура, Бисера Костадиновска – Стојчевска, беше во посета на Охрид, при што оствари средби со раководството на охридскиот „Завод и Музеј, Ирена Шајн, а посети и некои од најзначајните културно-историски обележја на градот. Притоа од страна на министерката е посочено на некои од активностите што се спроведуваат во рамки на Министерството кога станува …

Костадиновска – Стојчевска во посета на културно-историските локалитети во Охрид Read More »

„Чувари на формулата“ на Драган Бјелогрлиќ вечерва го затвора МФФ Киненова


Со доделувањето на фестивалските награди и проекција на филмот „Чувари на формулата“ на Драган Бјелогрлиќ, вечерва во Синеплекс, со почеток во 20 часот, свечено ќе биде затворено 8. издание на МФФ Киненова. Драган Бјелогрлиќ е еден од најголемите и најзначајни српски актери, режисери и продуценти и еден од најуспешните филмски создавачи низ сите простори на …

„Чувари на формулата“ на Драган Бјелогрлиќ вечерва го затвора МФФ Киненова Read More »

Изведба на балетот „Есмералда“ во НОБ


 Во Националната опера и балет вечер ќе биде изведена балетската претстава „Есмералда“, од италијанскиот композитор Чезаре Пуњи. Приказната за убавата Есмералда, инспирирана од романот „Ѕвонарот на Богородичната црква” од Виктор Иго, ќе биде под диригентство на Бисера Чадловска. Кореограф е реномираниот Михаил Крапивин од Русија, сценографијата и костимографијата се на Живојин Трајановиќ и Љупка Ристовска, …

Изведба на балетот „Есмералда“ во НОБ Read More »

Нови драми на Андоновски и филозофски есеи на Мухиќ во издание на „Три“


Венко Андоновски, кој штотуку се закити со високата Толстоева награда, во својот драмски опус вклучи три нови драми – „Мачкина глава“, „Кузман Капидан“ и „Изрешетани души“, тематски различни, но слични според универзалната порака што ја носат. Се работи за неизведувани драмски текстови, освен „Изрешетани души“ кој годинава беше изведен на традиционалниот сценско-театарски спектакл „Големиот школски …

Нови драми на Андоновски и филозофски есеи на Мухиќ во издание на „Три“ Read More »

Сто писатели се обединија, создадени услови за одржување на Вонредно изборно собрание на ДПМ


Создадени се услови за одржување на Вонредно изборно собрание на ДПМ, откако речиси 100 македонски писатели, односно повеќе од една третина од членството, застана зад реакцијата и јавниот повик по последните настани во македонската писателска асоцијација. – Во согласност со Статутот на ДПМ, и по барање на една третина од членството, Собранието мора да се …

Сто писатели се обединија, создадени услови за одржување на Вонредно изборно собрание на ДПМ Read More »

Емоции, виртуозност и два биса – брилијантните Роман Симовиќ и „Профундис“ го воодушевија Скопје 


Синоќа во Скопје се случи фузија од емоции и виртуозност која беше наградена со долг аплауз и стоечки овации. Ретка е приликата, а огромно уживањето, сцената во големата сала на Филхармонија да ја делат Роман Симовиќ – концерт-мајстор на Лондонската филхармонија, еден од моментално водечките виолинисти во светот, „Профундис“ како водечки уметнички камерен состав во …

Емоции, виртуозност и два биса – брилијантните Роман Симовиќ и „Профундис“ го воодушевија Скопје  Read More »

За најдобрите филмови на Киненова ќе одлучуваат Лех Мајевски, Дебора Ван Дам и Дејан Дуковски


На 8.издание на МФФ Киненова за најдобрите филмови ќе одлучува меѓународно жири во состав Лех Мајевски, поет, сликар, писател, режисер и визуелен уметник од Полска, Дебора Ван Дам, режисерка и кинематограферка од Холандија и Дејан Дуковски, писател и сценарист од Македонија. Низ играта на светлото, сенките и боите на филмската проекција се изнедрија универзуми на …

За најдобрите филмови на Киненова ќе одлучуваат Лех Мајевски, Дебора Ван Дам и Дејан Дуковски Read More »

Слоештица стигна до Јапонија – документарецот „Бавен живот“ на Елизабет Рос на уметнички фестивал


„Престојот во селото е патување во минатото, минато коешто исчезнува…“ ова е воведот на кусиот документарен филм за Слоештица што мексиканската уметница Елизабет Рос го сними во август 2010-та година, како гостин на меѓународната уметничка резиденција на АРТ ПОИНТ – ГУМНО. И токму годинава, кога  овој меѓународен центар за уметност и одржлив развој го чествува …

Слоештица стигна до Јапонија – документарецот „Бавен живот“ на Елизабет Рос на уметнички фестивал Read More »

ДПМ со јавен повик до Кристина Николовска


Македонските писатели масовно креваат глас за спас на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). Божин Павловски, Кица Колбе, Ферид Мухиќ, Глигор Стојковски, Никола Маџиров, Милош Линдро, Паско Кузман, Анастасија Ѓурчинова, Јовица Ивановски, Ванчо Полазарески, Владе Димовски, Владо Јаневски, Дејан Трајковски, Љупчо Силјановски, Наум Попески, Мирјана Стојановска, Марина Мијаковска, Будимка Поповска, Ана Пејчинова и Марта Маркоска. …

ДПМ со јавен повик до Кристина Николовска Read More »

Европски филмски приказни на Киненова: Работилница под менторство на Лех Мајевски


Под менторство на Лех Мајевски, кој е и член на меѓународното жири на 8. издание на МФФ Киненова денеска во ЕУ Хаус се одржа работилница под наслов „Европски филмски приказни“ со 6 млади филмски автори од европските земји. Проектот е реализиран со поддршка на Европската Унија и Амбасадата на Полска во Скопје и овозможува професионално …

Европски филмски приказни на Киненова: Работилница под менторство на Лех Мајевски Read More »

Три промоции на романот „Скриени желби, немирни патување“ на Владимир Јанковски во Словенија


На 11, 12 и 13 октомври се одржаа три промоции на словенечкото издание на романот „Скриени желби, немирни патување“ на писателот Владимир Јанковски. На 11 октомври промоција на книгата се одржа во Словенске Коњице, на 12 октомври во Љубљана, а на 13 октомври во Ново Место. Промоцијата на 11 октомври беше одржана во библиотеката на …

Три промоции на романот „Скриени желби, немирни патување“ на Владимир Јанковски во Словенија Read More »

Медот и вечната младост во стиховите на Гордана Михаилова-Бошнакоска


  Јелена Лужина Речиси неодамна, пред некои два-три-четири месеци, некаде пред својот роденден, Гордана Михаилова-Бошнакоска (родена на 1 септември 1940) ја објави најновата поетска книга. Петнаесеттата по ред. Ќе потскажам, за тие што не знаат или подзаборавиле: Својата прва и дебитантска книга, профетски насловена со очудената синтагма „Времето го нема“, Гордана Михаилова-Бошнакоска ја има објавено …

Медот и вечната младост во стиховите на Гордана Михаилова-Бошнакоска Read More »

Време е за џез: Ексклузивна, силна и возбудлива програма на 42.Скопски џез фестивал


Во четврток стартува 42. издание на Скопскиот џез фестивал кој ќе се одржи од 19 до 22 октомври. Грижливо селектираната програма, покрај императивот за одржување на високиот интернационален рејтинг на фестивалот и традицијата тој да го претстави најдоброто од светот на џезот и импровизираната музика, годинава ја повикува публиката на будно следење на вредните концертни настани во согластност со мотото на Гард Нилсен Суперсоник …

Време е за џез: Ексклузивна, силна и возбудлива програма на 42.Скопски џез фестивал Read More »

Настап на Роман Симовиќ и „Профундис“ во Филхармонија


Виртуозот Роман Симовиќ – концерт-мајстор на Лондонската филхармонија и камерниот оркестар „Профундис“, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, ќе настапат денеска во големата сала на Филхармонија. Камерниот оркестар „Профундис“ е уметнички состав кој постои веќе четири години. Во него членуваат едни од најистакнатите македонски инструменталисти што се дел од двата професионални оркестри во земјава, …

Настап на Роман Симовиќ и „Профундис“ во Филхармонија Read More »

Хуманитарен концерт „Жени за жените“


Во Филхармонија денеска ќе се реализира хуманитарен концерт насловен „Жени за жените“. Концертот е посветен за подигање на свеста за ракот на дојка, а средствата од секоја купена карта ќе бидат донирани директно до Здружение „Љубов сме-Jemi Dashuri”, за жените кои се бораат со оваа болест. Настанот е овозможен од Министерството за култура и Europe …

Хуманитарен концерт „Жени за жените“ Read More »

Членови на ДПМ: Сè повеќе истакнати писатели го креваат својот глас за достоинството на ДПМ


Зад реакцијата и јавниот повик упатени по последните настани во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ), застануваат сè повеќе писатели – членови на ДПМ. Реакцијата и јавниот повик ги потпишаа и: Оливера Николова, Цане Андреевски, Гордана Михаилова Бошнакоска, Митко Маџунков, Зоран Анчевски, Братислав Ташковски, Гоце Ристовски, Владимир Јанковски, Сузана В. Спасовска, Елизабета Јончиќ, Александра Јуруковска, …

Членови на ДПМ: Сè повеќе истакнати писатели го креваат својот глас за достоинството на ДПМ Read More »

Фестивал на полски филм „Висла“ на МФФ Киненова


 Со проекција на филмот „Брижит Бардо, засекогаш“  во режија и по сценарио на Лех Мајевски, викендов почна претставувањето на полската кинематографија во рамките на фестивалот „Киненова“.  Станува збор за второ издание на полскиот филмски фестивал „Висла“, кој во партнерство со МФФ „Киненова“ до 18 октомври во Скопје ќе ги прикаже и филмовите: „Опасни Господа“ во …

Фестивал на полски филм „Висла“ на МФФ Киненова Read More »

Почина американската поетеса Луиз Глик, добитничка на Нобеловата награда за литература


Американската поетеса Луиз Глик, крунисана со Нобеловата награда за литература, почина на 80-годишна возраст, потврдија во петокот за агенцијата Франс прес од Универзитетот Јеил, каде што предавала. Родена од Њујорк, се смета за една од најголемите фигури во американската поезија, ја доби Нобеловата награда во 2020 година за „нејзиниот непогрешлив поетски глас што го прави …

Почина американската поетеса Луиз Глик, добитничка на Нобеловата награда за литература Read More »

Петрески тврди дека бил под притисок за прашања кои задираат во националниот идентитет и македонскиот јазик


Претседателот на Друштвото на писателите на Македонија Христо Петрески во писмено обраќање до јавноста и до ДПМ тврди дека е под притисок за прашања кои задираат во националниот идентитет и прашањата за македонскиот јазик. „Подолг период Друштвото на писателите на Македонија како столб на македонската самобитност и идентитет е стожер и борец за македонскиот идентитет …

Петрески тврди дека бил под притисок за прашања кои задираат во националниот идентитет и македонскиот јазик Read More »

Денеска два документарни филма во рамки на „програма-плус“ на 42. Скопски џез фестивал


Во рамки на фестивалската „програма-плус“ на 42. Скопски џез фестивал, вo Кино Фросина, денеска ќе бидат прикажани две документарни филмски остварувања од областа на џез музиката. Станува збор за документарниот филм Арт пепер: Белешки на еден преживеан џезер во режија на Don McGlynn Со: Art Pepper, Laurie Pepper, Milcho Leviev, Bob Magnusson, Carl Burnett. Документарец, …

Денеска два документарни филма во рамки на „програма-плус“ на 42. Скопски џез фестивал Read More »