Хеда Габлер ја симболизира борбата за родови права и еднаквост. Драмски театар со нова премиера


„Хеда Габлер“работена по текст на авторот Хенрик Ибзен е новата претстава во продукција на Драмски театар Скопје. Премиерата ќе се игра во сабота на 20 април со почеток во 20 часот на сцената „Ристо Стефановски“. Режисер на претставата е Васил Христов, адаптацијата е на Викторија Рангелова – Петровска и Васил Христов. Сценограф на претставата е […]

„Килибар и младост“ – нова поетска книга на Гордана Михаилова – Бошнакоска


Гордана Михаилова Бошнакоска, една од најмаркантните македонски поетеси, во поетската едиција на „Макавеј“ ја објави новата поетска збирка „Килибар и младост“. Оваа нова поетска обзнана на реномираната поетеса е проследена со предговор на поетот и литературен критичар Бранко Цветкоски и со поговор на писателот Гоце Смилевски. Со оваа книга Гордана Михаилова Бошнакоска го продолжува успешниот […]

„Неименувана“ – изложба на современи бајки за хероини од македонската историја


Во КСП Центар Јадро вечер ќе биде поставена изложба „Неименувана“ со текстуални инсталации – современи бајки посветени на хероини од македонската историја. Нив ги напишале средношколки што учествувале на работилницата за креативно пишување со млади „Неименувана“ во јануари  годинава. -Под менторство на „Дума ин Сума“, неформална иницијатива за култура, составена од компаратистките Марија Бошковска, Ивана […]

Со секоја купена влезница за Саемот на книга донирате за СОС детско село


Со повеќе од 30 промотивни настани, од 18 до 24 април во арената „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи 36. издание на Саемот на книга. Слоганот е „Приказна се чита“, чија што цел е да го доближи саемот до помладата популација, а покрај едукативно-културниот аспект, годинава се воведува и општествено одговорна компонента. Даниела Глигоровска, […]

Турција е земја во фокусот на фестивалот за литература во Скопје


Шестото издание на меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“ ќе се одржи од 15 до 18 мај во Младински културен центар. Со претставување на двајца извонредни илустратори и една авторка на книги за деца од Турција, оваа земја ќе биде во фокусот на шестата „Литера“. Во рамките на „Литера“ ќе биде организиран […]

Средби со домашни и од регионот писатели на Саемот на книгата во Скопје


Овој Саем на книгата, од 18 до 24 април, во Спортската сала „Борис Трајковски“, на штандот на ТРИ ќе ве пречекаат многу (новитети од) домашни автори и преводи на светски бестселери, големи попусти до 80 % и понуда од над 600 наслови. ТРИ овој Саем го посветува на домашните писатели и на автори од регионот […]

„Време на бетон“ – премиера на новиот документарец за Скопје на Игор Иванов – Изи


Долгометражниот документарен филм „Време на бетон“ во режија на Игор Иванов и продукција на Скопје Филм Студио ќе биде премиерно прикажан во четврток, 18. април во Кино Фросина.   „Време на бетон“ ја раскажува приказната за Скопје, поточно неговата архитектонско-урбанистичка историја. Особен фокус е ставен на модерната, која го следи градот од почетокот на дваесеттиот […]

Министерката за култура на првата клапа од снимањето на „Скејтањето не е за девојчиња“ во режија на Дина Дума


Дел од долгометражниот филм „Скејтањето не е за девојчиња“ во режија на Дина Дума, се снима денеска во СУГС „Браќа Миладиновци“ во Драчево. На првата клапа на филмот, кој е во продукција на „Систерс и брадер Митевски“, ќе присуствува и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и директорот на Агенцијата за филм Владимир Ангелов. – Овој […]

Неле Карајлиќ од „Забрането пушење“ доаѓа во Скопје на Саемот на книга


Со промоција на третиот дел на книгата „Солунска 28“ на легендарниот музичар и автор д-р Неле Карајлиќ, на 18 април (четврток), издавачката куќа „Арс Ламина“ ќе го почне своето претставување на 36. Саем на книгата. На најголемата книжевна манифестација, која се одржува од 18 до 24 април, во арената „Борис Трајковски“, Скопје, „Арс Ламина“ ќе […]

Андерс Рослунд во Скопје: Генијалниот автор на крими жанрот доаѓа на Саемот на книга


Читателската публика во Скопје ќе има неповторлива можност  да се сретне со еден од најуспешните автори на крими трилери на денешнината, Андерс Рослунд, кој ќе биде специјален гостин на Саемот на книга на штандот на „Антолог“. Рослунд е познат по своите напнати трилери и освојувањето на многу награди, но и по позиционираноста на водечки места […]

Втор циклус на повикот за аплицирање во рамките на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ финансиран од ЕУ


Министерството за култура и Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија денеска информираат за вториот циклус на повикот на УНЕСКО, Британскиот совет и на Италијанската агенција за развојна соработка финансиран од Европската Унија за аплицирање во рамките на заедничкиот проект „Култура и креативност за Западен Балкан“. Од Министерството за култура соопштуваат дека по повод […]

Современиот балет „Сага“ на Рисима Рисимкин вечерва во НОБ


 На сцената на Националната опера и балет вечер, во 20.00 часот, ќе се изведе современиот балет „Сага“ на Рисима Рисимкин, во рамките на jубилејното 20. издание на Танц Фест Скопје. Претставата е дел од програмата „Паралели“, која фестивалот ја остварува во соработка со Националната опера и балет.  – „Сага” (идентитети) е возбудливо патување низ ритамот […]

Доделување на наградата „Пегаз“ и промоција на „Риба во(н) мрежа“ од Матевска Атанасова


 Во книжарницата „Литература.мк“ вечер во 19 часот ќе се одржи свеченото доделување на наградата „Пегаз“ за 2023 година и промоцијата на победничкиот роман – „Риба во(н) мрежа“ од авторката Јована Матевска Атанасова. На петтиот конкурс за наградата за најдобар необјавен роман на годината „Пегаз“, што ја организира издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата […]

„Птици во аквариум; надреализам 1924 – 2024“ може да се продава, одлучи поротата на јавното книжевно судење во Скопје


Не, вечерва, во аулата на Филолошкиот факултет во Скопје, тоа не беше обична промоција на книгата „Птици во аквариум; надреализам 1924 – 2024“, напишана и составена од Лидија Капушевска-Дракулевска и Влада Урошевиќ, со предговор на Владимир Јанковски, а објавена од издавачката куќа „Полица“. Тоа беше едно од најсензационалните книжевни настани кај нас,  со која македонската […]

Алиса Фини во Скопје: Најпродаваниот автор на Њујорк тајмс на Саемот на книга


  По големиот успех на минатогодишниот Саем на книгата со еден од најчитаните автори кај нас,  Крис Картер, оваа година Сакам книги најавуваат уште еден саемски спектакл за сите книгољупци. Како што велат од издавачката куќа „Сакам книги“, Алис Фини, амбициозната авторка на напнати и непредвидливи трилери, со саксонска доза на мистерија и заплет, ве […]

Промоција на „Скарбо“ од Јадранка Владова на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“


Книгата „Скарбо“, со сите раскази за возрасни на Јадранка Владова, ќе биде промовирана на 19 април (петок),  во 13 часот, во Салата за состаноци на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Кон делотo на значајната македонска универзитетска професорка, писателка и критичарка Јадранка Владова (20.4.1956 – 11.12.2004) ќе се осврнат: Оливера Ќорвезироска, Елизабета Баковска и Трајче Стамески. Книгата […]

Британскиот музеј ми даде поттик да продолжам со медалната скулптура: Интервју со Надја Розева, уметница и дизајнер


  Медалните скулптури на Надја Розева, (1974, Софија), воедно и префинета дама со стил, се на самиот врв на оваа ретка и интригантна уметност,  откупени за постојаните збирки на Британскиот музеј во Лондон, Кралскиот кабинет за монети, Стокхолм, Шведска, музејот Берген на Универзитетот во Берген, Норвешка, Националната уметничка галерија, Софија, Бугарија, Музејот на монети и […]

Големо јавно судење на книгата за надреализмот „Птици во аквариум“


На 15 април, понеделник, во 18 часот, во аулата на Филолошкиот факултет ќе се одржи големо јавно судење на книгата „Птици во аквариум; надреализам 1924 – 2024“, напишана и составена од Лидија Капушевска-Дракулевска и Влада Урошевиќ, со предговор на Владимир Јанковски, а објавена од издавачката куќа „Полица“. Во судскиот процес ќе земат учество судијата Владимир […]

Промоција на новата книга на Румена Бужаровска, „Господ, па Америка“


Издавачкиот центар ТРИ вечер во 19, 30 часот, организира промоција на новата книга на Румена Бужаровска, збирката есеи „Господ, па Америка“. Промотор ќе биде Ивор Мицковски. Како што велат од ТРИ, за есеите веќе има одѕив од домашните и од авторите од регинот. Есеите што веќе беа објавени на српски јазик во „Велике приче“, се […]

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста


По повод 15 април, Светскиот ден на уметноста, Асоцијацијата за култура Икон и Младинскиот културен центар – Скопје ја организираат изложбата „Денис Боувен“ која ќе биде отворена вечер, во 19 часот , во изложбениот салон на МКЦ и ќе трае до 25 април 2024 година. Ќе бидат претставени дела од сериите кои Боувен ги создал […]