22 дела во вториот круг за наградата „Драги“ 2024


 Членовите на жири-комисијата за наградата за најдобар книжевен превод „Драги“ го одржа својот прв работен состанок на 20 август 2024 (вторник) во просториите на издавачката куќа „Антолог“ и одлучи во првиот круг на селекција да влезат 22 изданија од 14 издавачки куќи, во превод на 23 преведувачи и од 11 различни јазици. Делата што влегуваат […]

Мег Рајан го прими „Почесното срце на Сараево“


Актерката Мег Рајан е добитник на почесното срце Сараево 30. Сараевски филмски фестивал за нејзиниот исклучителен придонес во филмската уметност.   „Докажавте дека уметноста и културата се отпор. Вие сте доказ дека различноста е сила, дека уметноста е она што не правОи помалку осамени, дека уметноста ги поврзува луѓето надвор од сите ограничувања и дека […]

„Алиса во земјата на стравовите“ во режија на Александар Поповски го затвора „Охридско лето“


Со изведба на претставата „Алиса во земјата на стравовите“ во режисерска поставка на Александар Поповски и актерската екипа на Југословенското драмско позориште од Белград вечерва на Античкиот театар ќе биде спуштена завесата на годинешното 64 издание на Фестивалот „Охридско лето“. Претставата „Алиса во земјата на стравовите“ е комплексно театарко парче, текст што говори за стравовите […]

Не сум принц од бајките, вели наследникот на Његош


Принцот на Црна Гора, Никола Петровиќ Његош (80) е единствено име од европските кралските семејства во плејадата добитници на Светска награда на хуманизмот, со која Охридската академија на хуманизмот го слави името на Свети Климент на сите светски меридијани. Во Ќуката на Уранија на МАНУ во Охрид, месецов, во присуство на академици и претседателката Гордана […]

Култура го почна преземањето на  секторот туризам од Економија


Министерот за култура и туризам Зоран Љутков информираше дека се во фаза на преземање на секторот за туризам од Министерство за економија и, како што рече, се надева дека до новата година ова ќе биде комплетно завршено и ќе настапат со програмски активности за 2025 година. Како што најави, има законски рок од пет години […]

Ќе го вратиме сјајот на Музејот на Северна Македонија, вели Љутков


 Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој денеска го посети Музејот на Република Северна Македонија и оствари средба со в. д. директорот на Музејот Борче Топуковски, информираше дека е изработен проект за темелна реконструкција на оваа установа. Како што посочи, во тек е постапката за добивање на одобрение за градба, со што веднаш би […]

ДПМ ги соопшти делата во потесен круг за неговите годишни награди


 Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) соопшти дека на конкурсот за  годишните награди за 2023 година се пријавиле вкупно 35 дела и ги соопшти тие што влегле во тесен избор за награда, а изборот ќе го направат жири-комисиите за секоја од наградите. ДПМ наведува дека во согласност со Деловникот за работа на жири-комисиите за доделување […]

Давкова ги прими македонистите во Охрид- бројот на лекторати треба да се зголеми


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во „Вила Билјана“ во Охрид, вчера ги прими македонистите од 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, соопштуваат од нејзиниот кабинет. – На средбата, претседателката Сиљановска Давкова беше информирана за реализацијата на тековните и планираните активности и содржини на 57. […]

„Господ, па Америка“ од Румена Бужаровска со свое босанско издание и промоција


Босанскиот издавач Buybook ја објави „Господ, па Америка“ од Румена Бужаровска. Во понеделник, на 19 август, од 20 ч., во дворот на босанскиот издавач, „Господ, па Америка“ ќе биде промовирана заедно со „Каде исчезнаа рибите“, нова стихозбирка од Тугомир Матиќ. Промотори ќе бидат Матеј Вребац и Шејла Џиндо. Преводот од англиски на босански јазик е […]

„Антево Перо“ за стихозбирката „Музеј на заборавот“ на Сашо Димоски


 Стихозбирката „Музеј на заборавот“ на Сашо Димоски е добитник на наградата „Антево Перо“ за 2024 година, која се доделува како исклучително признание за необјавен поетски ракопис. Жири-комисијата за доделување на наградата е во состав на претседателката проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска и членовите д-р Атина Цветаноска и Жорж Поповски. Наградата подразбира печатење на наградената стихозбирка […]

Вечер на ЕУ на „Охридско лето“ со Ками Тома на виолончело и Жулиен Брокал на пијано


Последната содржина на музичкиот дел од програмата на Фестивалот „Охридско лето“ е Вечерта на Европската унија, со концертот на виолончелистката Ками Тома и пијанистот Жулиен Брокал. Ками Тома е возбудлива челистка чија што ведра личност излегува на површина преку музиката што ја изведува. Ками верува дека музиката има моќ да ги спојува луѓето и да […]

Светска премиера на филмот „Убиј ги прво децата“ на 30. Сараевски филмски фестивал


 На 30. Сараевскиот филмски фестивал вечер во амфитеатарот Open Air ќе се одржи премиера на македонскиот долгометражен филм „Убиј ги прво децата“, по сценарио и во режија на Димитар Оровчанец.  Филмот, кој ќе се прикажува во официјалната програма, е комична приказна за тинејџерка-балерина, нејзиното лудо вљубено момче и неговиот налудничав најдобар другар со украден полициски […]

„Лет над кукавичкото гнездо“ – мрачна  хумористична сатира за поединецот во репресивен систем


Актерите од  Драмскиот театар Белград  вчера на драмскиот репертоар од фестивалот „Охридско лето“  ја одиграа театарската претстава „Лет над кукавичкото гнездо“. Претставата пишувана според романот на Кен Кесеј, а  режирана од Жанко Томиќ беше во знакот на големото враќање на актерот Драган Бјелогрлиќ на сцената на Белградскиот драмски театар.   Се работи  за мрачна хумористична сатира […]

Српска вечер на „Охридско лето“ со оперските солисти Љубица Вранеш – мецосопран и Драгољуб Баиќ – бас


Претпоследната вечер од музичкиот дел на „Охридско лето“ ќе мине во знакот на уметници од Србија, со концертот на мецосопранот Љубица Вранеш и басот Драгољуб Бајиќ, во придружба на пијанистката Наталија Мијаиловиќ. Мецосопранот Љубица Вранеш, солистка на Народниот театар во Белград, дипломирала на Факултетот за музичка уметност во Белград во класата на проф. Радмила Бакочевиќ […]

„Танцувајќи со Камара“ на Сандра Ѓоргиева вечер на „Македокс“


Премиерно на „Македокс“, вечерва во 22.30 часот во „Сули ан“, ќе бидe прикажан краткиот документарен филм „Танцувајќи со Камара“ на режисерката и монтажерка Сандра Ѓоргиева, информираат од нејзиниот тим. – Катарина Камара е кореографка и танчерка по современ танц од Португалија, која држи часови по танц на затвореници во затворот „Лињо“ во Лисабон. Нејзините силна […]

Француската вечер на „Охридско лето“ препознатлив симбол на културната сцена: Магичен концерт со пијанистката Софија Вајан


Реномираната француска пијанистка со богато музичко минато, Софија Вајан синоќа беше вистинско освежување за публиката на „Охридско лето“ одржувајќи концерт во рамки на традиционалната Француска вечер на фестивалот. Пијанистката Вајан, на подиумот во црквата „Света Софија“ изведе дека од Клара Шуман, Моцарт, Лист, Дебиси, Рамо и Шопен. Инаку, нејзиниот репертоар е широк и содржи дела […]

Драган Бјелогрлиќ на „Охридско лето“ : Појавите на масовно скратување на слободата во Србија, одеднаш повторно го оживуваат МекМарфи


Култната претстава „Лет над кукавичјото гнездо“ во изведба на бројна актерска екипа на Драмскиот театар од Белград вечерва за сладокусците на драмската програма на Фестивалот „Охридско лето“. Главниот лик во претставата Рендал МекМарфи го толкува актерот Драган Бјелогрлиќ,  добро познат на овие простори зад кого стојат бројни театарски и филмски улоги. За овој лик, од […]

Македонските лекторати во светот – интерес има, услови нема


Министерката за образование и наука Весна Јаневска, вчера, на отварањето на  57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Охрид, во присуство на пола државен врв, со опоменувачки тон, потцрта, дека е поразувачка реалноста што сега има помалку лекторати по македонски јазик во […]

Пола државен врв на отворањето на 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик 


Шеесет и пет семинаристи – македонисти од 17 земји од целиот свет, како и 81 учесник на Меѓународната научна конференција денеска ќе впловат во македонистиката, со учеството на 57. Издание на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ што наредните две седмици ќе се одржува во Охрид. Семинарот […]

Со високо кренати главици кромид во рацете отворен 15. МакеДокс“


Со традиционалниот поздрав, високо кренати главици кромид во рацете на целата екипа и сите волонтери што работат на фестивалот, синоќа во Куршумли ан беше отворено јубилејното 15-то издание на фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“. Со мото „Копање емоции низ времето“, фестивалот се одржува од 15 до 22 август во Куршумли ан, Музеј на Македонија, […]