Концерт на Соколов и Кабранова-Филипова на „Златна лира“


Во Музејот на македонската борба вечер од 20 часот концерт ќе одржат саксофонистот Лазар Соколов и пијанистката Емилија Кабранова-Филипова. Концертот е во рамки на фестивалот „Златна лира“ организиран од Сојузот на музичките уметници на Македонија (СМУМ). На програмата се дела од Болинг, Бужаровски, Лело, Пејовски, Молинели и Итуралде. Влезот за посетители е слободен.

Вечерва на КинеНова црногорскиот игран филм „Планета 7693“


Македонската премиера на црногорскиот игран филм „Планета 7693“ во режија на Гојко Беркуљан, ќе биде одржана вечер во киното Киноверзум во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода. Филмот ќе биде прикажан во рамките на официјалната програма на годинашното издание на Меѓународниот филмски фестивал КинеНова. Како што информира „Скопје филм студио“, „Планета 7693“ е […]

„М“ на Вардан Тозија победник на „Гримфест“ во Манчестер


Филмот „М“ на Вардан Тозија освои уште една голема награда, откако е прогласен за апсолутен победник на Интернационалниот филмски фестивал „Гримфест“ во Манчестер. Македонскиот филм, во продукција на Фокус Покус, ја имаше својата британска премиера на шестаесеттото издание на “Гримфест“, кој се вбројува во најзначајните жанровски компетитивни фестивали во Велика Британија. Одржан од 3-ти до […]

„Мислам дека треба да разговараме“ од Подгорица вечерва во Драмски театар на РУТА


Четвртата фестивалска вечер во Драмски е резервирана за гостите од Црна Гора. Градско позориште Подгорица со претставата „Мислам дека треба да разговараме“ настапува на фестивалот РУТА.  Инспирирани од познатиот филм на Ингмар Бергман „Сцени од брачниот живот“, авторката Драгана Трипковиќ и режисерот Данило Маруновиќ ја направиле претставата „Мислам дека треба да разговараме“ со која пред […]

Време е за џез – Настапот на Сесил Меклорин Салвант ја освои публиката


  Овогодинешниот 43 по ред Скопски џез фестивал уште на почетокот постави високи стандарди – со настапот на Сесил Меклорин Салвант, една од најдобрите џез вокалистки на денешницата, која ја освои публиката со своите гласовни можности и со интерпретацијата на оригинални џез композиции или преработки. Меклорин Салвант покажа дека гласот е всушност најдобриот инструмент – […]

Комеморација за Михаил Ренџов в понеделник во НУБ


НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје, заедно со Друштвото на писателите на Македонија и ПЕН центарот во Македонија, информираат дека на 21 октомври во 12 часот ќе се оддржи комеморација за писателот-великан Михаил Ренџов (1936-2024) во Центарот за култура и студии во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје. „Се проштеваме од еден од нашите великани, […]

Двојна изведба на „Дамата со камелии“ од Верди на 30 октомври и 2 ноември во НОБ


На 30 октомври и 2 ноември со почеток во 20  часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе  раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“.  Претставите ќе се изведат под диригентската палка на гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, […]

Финската современа кинематографија за прв пат пред македонската публика на МФФ Киненова 


  Традиционално МФФ Киненова претставува една кинематографија преку програмата „Фокус на…“ Оваа година тоа е за нас далечната, северна и студена земја, но според филмовите кои се прикажуваат на Киненова, прилично потентна кинематографија, финската, рече директорот на фестивалот Киненова, Небојша Јовановиќ при претставувањето на финската кинематографија на кое присуствуваше Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска […]

Елена Дончева, Непоклатливата


Јелена Лужина   Навидум кревка и фрагилна како оние русокоси грации на Ботичели (Botticelli); целоживотно дискретна и бесконечно трпелива; бесконфликтна и понизна до болка; работлива до немајкаде (а потоа и уште десетпати/стопати повеќе!);  креативна до вишните неба;  исполнителна и чесна до неверување…  …Елена Дончева како да не му припаѓа на времето и – особено – […]

Книжевна вечер во чест на академик Влада Урошевиќ


Книжевна вечер посветена на академик Влада Урошевиќ ќе организираат  „Литература.мк“ и издавачката куќа „Арс Ламина“ денеска од 19 часот во „Дајмонд мол“, со која ќе бидат одбележани 90 години од раѓањето на овој македонски поет, раскажувач, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар и преведувач и професор во пензија на Филолошкиот факултет на УКИМ. Настанот […]

Волшебните костими на Елена Дончева (галерија)


Како скапоцени камења на накитот на една префинета дама, така и театарските, оперските и балетските костими на Елена Дончева (1942, Скопје), вечерва, во Културно-информативниот центар – Скопје, во Салон Империјал 1 и 2,  светеа и ја маѓепсуваа скопската културна елита која во голем број дојде да ѝ оддаде почит на доајенот на македонската костимографија. Дончева […]

Работилница со Улрих Зајдл на „Киненова“: Јас не ја отсликувам стварноста, туку црпам од неа


  Во Кинотеката на Македонија денеска, во рамките на програмата на МФФ Киненова, се одржа работилница со истакнатиот австриски режисер, сценарист и продуцент Улрих Зајдл, годинашен лауреат на Фестивалот. -Мојот интерес беше насочен кон визуелната уметноста. Особено ме интересираа фотографијата и сликарството. Сакав на визуелен начин да ја пренесам мојата порака. Ме интересираше визуелното, а […]

Поетот Славе Ѓорго Димоски е добитник на државната награда „23 Октомври“


Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“ на седницата одржана на 4.10.2024 година донесе одлука за доделување на државната награда „23 Октомври“ за 2024 година за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Северна Македонија. […]

Ако во државата имаме нешто да промовираме, тоа е нематеријалното културно наследство


Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска се обрати на  настанот по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на нематеријалното културно наследство, при што ја истакна неговата вредност како духовно богатство на еден народ и сведок за неговиот идентитет и опстојување. Тој потсети дека за да се заштитат нематеријалните културни вредности од глобализацијата и од брзите општествени промени, УНЕСКО […]

„Целосно странци“ на Камерни 55 пандан на „Странци“ на Драмски вечерва на РУТА


Третата фестивалска вечер во Драмски, вечерва од 20 часот, е резервирана за гостите од Босна и Херцеговина. Со претставата „Целосно странци“ театарот „Камерни 55“ настапува на фестивалот РУТА.  Темелена на истоимениот филм на италијанскиот режисер Паоло Ѓеновезе ансамблот на Сараевскиот театар ја направи претставата минатата сезона и веќе се задоволни од одзивот на публиката за […]

Магијата на „Кармина бурана“ пак го воодушеви Скопје (фото)


„Кармина бурана“ на Карл Орф, синоќа, во полната сала до последно место во Националната опера и балет, повторно ја воодушеви домашната публика, која на нозе и со овации ги награди учесниците на спектаклот и за очи и за уши, на „средбата со страста, љубовта и животните радости, како и вечниот сон за среќата, владетелка на […]

Романските уметници со светска кариера, Дан и Лиа Пержовски донираа дела на МСУ и го збогатија музејскиот фонд 


Уметникот Дан Пержовски донираше две дела за колекцијата на Музејот на современа уметност во Скопје. Првото дело „Скопски столб“, site-specific цртеж на столб, создаден во согласност со просторот на музејот, а второто е компилација од 15 броеви на Newspaper/Artzine, серија на уметнички публикации (објавени помеѓу 2009-2022). Додека, уметницата Лиа Пержовски ја донираше инсталацијата под наслов „Сет за преживување (за преживување во денешниот свет)“, 2024. Оваа […]

Почнува 43. издание на Скопскиот џез фестивал, вечерва настапува славната џез пејачка Сесил Меклорин Салвант


Девет светски етаблирани состави од САД, Европа и Македонија ќе ја претстават својата музика на 43. издание на Скопскиот џез фестивал што почнува вечер, а ќе трае до 20 октомври. Организаторите наведуваат дека внимателно селектираната програма го следи императивот за одржување на високиот меѓународен рејтинг на фестивалот и традицијата тој да го претстави најдоброто од […]

Премиера на документарниот филм „Последниот каубој“ на Киненова


Документарниот филм „Последниот каубој“, по сценарио и во режија на Тадеј Чатер од Словенија, ќе биде премиерно прикажан вече во Домот на културата „Билјана Беличанец“, како дел од 9-тото издание на Меѓународниот филмски фестивал Киненова.  Филмот „Последниот каубој” ја раскажува приказната за Хари Џексон, бунтовникот, вечниот трагач по правдината и вистината и обожавателот на вестерни […]

Премиера на претставата „Бели ноќи“ во МНТ


Во Македонскиот народен театар вечер премиерно ќе биде прикажана претставата „Бели ноќи“, според делото на Ф.М.Достоевски, а во адаптација и режија на Звездана Ангеловска. Во оваа копродукција играат Ана Јовановска и Дамјан Цветановски. Како сценограф се потпишува Мартин Манев, костимограф е Роза Трјческа-Ристовска, а музиката е на Марјан Неќак. Како што најавија од МНТ, првата […]