Настап на пијанистот Лука Дебарг од Франција во Филхармонија


Оркестарот на Македонската филхармонија вечер ќе одржи концерт насловен „Озвучени емоции“, на кој како солист ќе настапи пијанистот Лука Дебарг од Франција. Како што најавија од Филхармонија, на програмата се концертот за пијано и оркестар бр. 1 од Фредерик Шопен, симфонијата во три става и оркестарската суита од балетот „Жар птица“ од Игор Стравински. Диригентка […]

Работилница со аниматорите кои работеа на првиот долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на Гоце Цветановски


Во просториите на ЕУ хаус денеска во рамките на МФФ Киненова се одржа работилница со аниматорите кои работеа на првиот долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на Гоце Цветановски, со кој синоќа беше отворен фестивалот. Филип Трајковски, Берта Милевска, Сара Петковска и Горан Менков говореа за процесот на создавање на едно долгометражно анимирано дело. […]

Вечерва на РУТА во Драмски кабарето Концерт за лажици и гитара од Хрватска


Вечерва на фестивалот РУТА настапуваат гостите од Хрватска. Актерите  Никола Недиќ и Марио Јовев со кабарето – „Концерт за лажици и гитара“ работено под менторство на Раде Шербеџија и Ленка Удовички настапуваат веќе 9 години. Имаат над 100 изведби во Хрватска, а поради универзалноста на темите обработени во кабарето настапуваат во целиот регион на задоволство […]

„Машка солза“: Александар Поповски се здружи со Кирил Џајковски за нова претстава во Белград


На 12 октомври во Белград на големата сцена Љуба Тадиќ при ЈДП (Југословенско драмско позориште) премиерно се изведе претставата „Машка солза“ во режија на Александар Поповски, со музика на Кирил Џајковски. Се работи за текст заснован на 4 едночинки и еден расказ од Антон Павлович Чехов во која главните улоги ги толкуваат Воин Четковиќ, Сања […]

Современата македонска книжевност се претставува на Саемот на книгата во Франкфурт 2024


Претставувањето на современата македонска книжевност на најголемиот светски саем во областа на издаваштвото оваа година ќе биде под мотото „Одеци на минатото, гласови на иднината“. Нашата земја оваа година има промотивен штанд со големина од 32 квадратни метри, кој е сместен во четвртата хала за меѓународни учесници. Современата македонска книжевност ќе ја промовира делегација на […]

Кога се загрозени слободата на уметноста и на филмската уметност, човек мора да даде отпор 


Во времиња како овие, слободата на уметноста е загрозена. Во времиња како овие, загрозена е и слободата на филмската уметност. Но тоа не е сè. Во времиња како овие, следната генерација режисерки и режисерки понекогаш ја обзема страв. Тие не се плашат дека ќе потфрлат како режисерки и режисери, не, не се работи за таков […]

Книжевна вечер со италијанската писателка Дача Мараини


 По повод дваесет и четвртата Недела на италијанскиот јазик во светот, Амбасадата на Италија во Скопје и Катедрата за италијански јазик и книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ организираат виртуелна книжевна средба со реномираната писателка Дача Мараини. Најавено е обраќање на италијанскиот амбасадор во земјава, а разговорот со писателката Мараино ќе се реализира преку видео […]

„Концерт за лажици и гитара“ на театарот Улисис од Хрватска вечер во Драмски театар


 Кабарето „Концерт за лажици и гитара“ на театарот Улисис од Хрватска ќе биде изведена вечерва во рамки на третото издание на Меѓународниот фестивал РУТА во Драмскиот театар во Скопје. „Концерт за лажици и гитара“ е под менторство на Раде Шербеџија и Ленка Удовички. Настапуваат Никола Недиќ и Марио Јовев. Продукцијата е на театарот Улисис и […]

Во битолскиот театар премиера на монодрамата „Куфер.МК“


Актерката Соња Михајлова вечер во Битола на матичната сцена ќе ја одигра авторската монодрама „Куфер.МК“ во режија на Благој Мицевски. Станува збор за проект инспириран од личните искуства на Михајлова во театарот, почнувајќи од првите денови на штитиците што живот значат, се до нејзиното пензионирање. -Во текот на овие 40 години како актер сум доживеала […]

Концерт на мултиинструметалистката Бајса Арифовска во Филхармонија


Концертот „Балканско виножито“ на мултиинструметалистката Бајса Арифовска ќе биде  одржан вечер од 20 часот во Филхармонија.  Концерот е најавен како колаж на посовремен етно и и етно џез призвук во изведба на виртуози од регионов. На Бајса во малата сала на Филхармонија ќе ѝ се придружи и светски докажаниот и врвен инструменталист на кавал Недјалко […]

Концерт на Весна Ѓиновска Илкова и Кристина Светиева во Музеј на македонска борба


Во Музеј на македонска борба вечер од 20 часот ќе биде одржан концерт на Весна Ѓиновска Илкова – сопран и Кристина Светива – пијано. На програма се дела од Т. Прокопиев, Р. Аврамовски, С. Стојков, Т. Зографски, Т. Скаловски, С. Голабовски, Ј. Андреевска, Б. Светиев, А. Џамбазов. Весна Ѓиновска Илкова е водечки драмски сопран во […]

Тамара Котевска – Приказна за одгледувачите на ирваси и ловците на мамутски коски


Тамара Котевска и овој пат нѐ носи во еден нов чудесен свет, во далечниот Сибир во светот на племето Долгани, во светот на нивните митови и легенди кои си ги пренесуваат од генерација на генерација.Филмот  го прикажува конфликтот кој што се случува внатре меѓу племето кое живее во срцето на Сибир. Тоа е конфликт помеѓу […]

Распродадена „Кармина Бурана“ од Карл Орф за отварање на новата сезона на НОБ


Со изведба на моќната и возбудлива сценска кантата „Кармина бурана“ од германскиот композитор Карл Орф утревечер Националната опера и балет ќе ја отвори новата сезона. Билетите се веќе распродадени. На прес-конференцијата по повод отворањето на новата сезона за богатата програма што ќе следува на репертоарот на Операта и Балетот зборуваа Оливер Арсовски, в.д. директор на […]

„Костими“: Изложба на цртежи, колажи и костими од Елена Дончева во КИЦ


Во Културно-информативниот центар – Скопје, во Салон Империјал 1 и 2, на 17 октомври, во 20 часот ќе се отвори ретроспективната изложба на цртежи, колажи и костими од доајенот на македонската костимографија Елена Дончева, насловена „Костими“. Елена Дончева (1942) е еден од најплодните автори кога се има предвид професијата костимограф во Македонија. Дипломира 1967 г. […]

Саксофонистот Кирил Кузманов ja доби наградата за најдобар џез музичар за 2024


Саксофонистот Кирил Кузманов е годинашниот добитник на Наградата за најдобар џез музичар во Македонија, што традиционално ја доделува Скопскиот џез фестивал (СЏФ). Кузманов е вториот член на „Некст ту сајленс“ кој ја добива оваа награда, по клавијатуристот Филип Димишковски, а ќе му биде врачена пред концертот на групата на првиот ден на СЏФ на 17 […]

Драмски центар на регионалните врвни театри – „Хеда Габлер“ вечерва го отвора фестивалот РУТА 


Вечерва на сцената „Ристо Стефановски“ во Драмски театар Скопје во 20 часот се отвара третото издание на фестивалот РУТА. По свечената церемонија на отворањето, ансамблот на Драмски театар Скопје ќе ја изведе претставата „Хеда Габлер“. Претставата е работена по текст на Хенрик Ибзен. Режисер е Васил Христов, адаптацијата е на Викторија Рангелова – Петровска и […]

Режисерот Столе Попов, добитник на наградата „Живојин Жика Павловиќ“ за промоција на балканската кинематографија


Македонскиот режисер Стола Попов е годинашниот лауреат на почесната награда „Живојин Жика Павловиќ“ во Р.Србија за промоција на балканската кинематографија во светот. Оваа престижна награда ќе му биде врачена на годишното доделување на наградите за режисер на 17 октомври во Нови Сад. По повод оваа награда, на 16 октомври во 20:30 часот во Арена Синеплекс […]

Вечерва со црвен килим и проекција на филм почнува 9. издание на MФФ „Киненова“ 


  Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ вечерва ќе го започне своето 9. издание.  Во Киното Фросина, во Младинскиот културен центар, во 20 часот е црвениот тепих, а во 20.30 почнува церемонијата на свеченото отворање и проекција на филмот „Јон Вардар против Галаксијата“ во режија на Гоце Цветановски, кој е во официјалната селекција за награда на Фестивалот. […]

„Браво“ за Благој Нацоски и студентите на концертот во чест на Пучини во Филхармонија


Со долги овации и извици „браво“ беше награден настапот на нашиот најпознат тенор во светот, Благој Нацоски и најдобрите студенти на мастеркласот што тенорот го одржа на Факултетот за музичка уметност во Скопје, синоќа на концертот „„Пучини 100“ во Македонската филхармонија, во придружба на пијанистката Елена Атанасовска. Гала настанот за кој се бараше влезница повеќе […]