Улрих Зајдл и Гоце Цветановски: „Киненова“ наградува европски филмски режисери, но и поддржува македонска кинематографија


На денешната прес конференција на МФФ „Киненова“ во Јуроп Хаус присуствуваше годинешниот лауреат на наградата за животно дело, Улрих Зајдл, австриски режисер и Гоце Цветановски, чиј филм „Јон Вардар против Галаксијата“  ќе го отвори утре годинешното издание на Фестивалот. -Со нас денеска е еден од најинтересните филмски автори, сценарист, режисер и продуцент, Улрих Зајдл од […]

Драга Ирена, нема да те оставам да бидеш заборавена, рече Весна Ѓиновска-Илкова на комеморацијата во НОБ


Денес на големата сцена во Националната Опера и Балет се одржа комеморација во чест на прерано починатата оперска првенка Ирена Кавкалевска. Добитничка на многу награди, школувана во Македонија, Софиjа, Грац, Загреб, Кавкалевска дебитира на сцената на МОБ во 1996 година со улогата на Мадалена во „Риголето”. Настапувала на многу фестивали и оперски сцени, а незиниот […]

Најпопуларната џез-пејачка во светот, Сесил Меклорин Салвант од САД, го отвора 43. Скопје џез-фестивал


Супериорно најдобрата и најпопуларна џез-пејачка во светот, трикратната греми-лауреатка, Сесил Меклорин Салвант од САД, со својот блескав квартет, во кој, меѓу другите, членува и еден од водечките американски џез-пијанисти – Саливан Фортнер, на 17 октомври (НОБ, 20 ч.), го отвора 43. издание на „Скопје џез-фестивал“. Во рамките на фестивалот, кој ќе се одржува во македонската […]

Ќе ја изградиме Универзална на легален начин, повтори Љутков


 Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, на денешната прес- конференција, на која информираше за резултатите во областа на културата и туризмот во првите 100 дена од мандатот на новата Влада, рече дека е задоволен од сработеното и дека изминатиот период бил полн со  предизвици, но и со значајни успеси. „Искрено, задоволен сум од сработеното досега и што […]

Радиото „Џез ФМ“ почна нова програма и онлајн-стриминг


Најстарото и единствено македонско радио посветено на промоција на џез-музиката, „Џез ФМ“, стартува со нова програма и онлајн-стриминг. Новата програмска концепција почна со емитување деновиве, на добро познатата фреквенција 100,8 мегахерци, а отсега и онлајн на jazzfm.mk. Се воведуваат нови емисии во утринските и пладневните чесови, со нови водители.  – Се стремиме кон претставување нови перспективи […]

„Озвучени емоции“ – концерт на Лука Дебарг во Филхармонија, еден од најдобрите пијанисти на денешнината


Овој четврток, во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт насловен „Озвучени емоции“ на кој како солист ќе настапи еден од најдобрите пијанисти на денешнината – Лука Дебарг од Франција. На програмата се Концертот за пијано и оркестар бр. 1 од Фредерик Шопен, Симфонијата во три става и оркестарската суита од балетот „Жар […]

Старовремска книжевна вечер во чест на 90. роденден на Влада Урошевиќ


Во чест на 90. роденден на големиот македонски поет, раскажувач, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар и преведувач Влада Урошевиќ, на 18 октомври  (петок), со почеток во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ ќе се одржи „старовремска“ книжевна вечер.  Со настанот насловен „Вистинита но не многу веројатна историја за проф. Урошевиќ за факултетот покрај Вардар […]

Фестивалот Лумиер неочекувано стана центар на филмската елита


Лион – Шеснаесеттото издание на филмскиот фестивал Лумиер започна во висок стил, со блескава постава на ѕвезди како Бенисио дел Торо, Тим Бартон, Моника Белучи и Ванеса Паради, плус високите режисери Коста-Гаврас и Џузепе Торнаторе кои го красат црвениот тепих во Лион.  Белучи, која е во градот за да го претстави новиот документарен филм за […]

Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“


Во Скопје денеска ќе се одржат отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, а на самата манифестација ќе бидат промовирани нивните најнови изданија. Како што најавија од Институтот, обраќања ќе имаат директорка на Институтот, Елена Јованова-Грујовска, министерка за образование и наука Весна Јаневска и академик Катица Ќулавкова.

Предавање на Игор Радев во ДПМ


Во Друштвото на писателите на Македонија денеска синологот Игор Радев ќе одржи предавање на тема „Класичниот кинески поет како дејствувачко лице на историјата“.  -Првиот именуван поет на европската култура е Хомер, слепиот бард, кој пее за војни, јунаци, градови и држави, но не учествува во нив: токму физичкиот хендикеп – слепоста, небаре служи како симбол […]

Изложба на живи статуи во Скопје


Изложба на живи статуи под мотото „Која си ти? А која сакаш да бидеш?“, проект воден од Весна Николовска, со поддршка од тимот на Театроск, ќе се одржи денеска во Скопје. Преку свеж и креативен пристап, оваа изложба, како што најавува организаторот, ќе ја претстави жената во различни социјални улоги, поврзувајќи ја темата со животните […]

Улхих Зајдл: Мојот престој во Скопје на „Киненова“ ќе го искористам да гледам македонски филмови


Австрискиот режисер Улрих Зајдл годинава доаѓа на МФФ Киненова кој се одржува во Скопје од 16 до 20 октомври. Роден е во Виена, Австрија во 1952 година. Студирал филм на Филмската академија во Виена. Неговиот краток документарен филм ТОПКАТА (1982) за малку ќе довел до негово исфрлање од филмското училиште, како поради „морално и етички […]

Од Благој Нацоски до Дача Мараини: Недела на италијанскиот јазик во Скопје и во Штип


  Од 14 до 29 октомври 2024 година, во Северна Македонија ќе се одржи XXIV издание на Неделата на италијанскиот јазик во светот (SLIM), посветено оваа година на темата „Италијанскиот јазик и книгата: светот меѓу редови“. Неслучаен избор, во многу важна година за италијанското издаваштво, во која Италија беше поканета како почесен гостин на престижни меѓународни настани како што се Саемот […]

Како Хан Канг го освои Нобеловиот комитет за литература?


Хан Канг (53), јужнокорејска авторка, е добитничка на Нобеловата награда за литература за 2024 година, а таа е и првата добитничка на оваа престижна награда од Јужна Кореја, како што соопшти вчера Шведската кралска академија. Прозата на Хан Канг во својата иновативност и метафоричност ја открива кревкоста на човечкиот живот, душата и телото, умирањето и […]

Триумфално враќање на Ана Дурловски на сцената: Бисовите на јубилејниот концерт во Филхармонија немаа крај


Кога во една вечер на сцената ќе се спојат композитор со два Оскари (Ерих Корнголд), сопранистка со префинет глас и харизма која ја освои публиката и во „Метрополитен“ во Њујорк (Ана Дурловски) и диригент кој диригирал заедно со славниот маестро Лорин Мазел (Јерухам Шаровски) тоа значи врв на уметничко доживување, музичка катарза и ерупција на […]

Ова се земјите со најмногу Нобеловци за литература


Стокхолм – Нобеловата награда за литература е една од 5-те Нобелови награди воспоставени од Алфред Нобел, познат хемичар, инженер и иноватор со силни интереси за литература, драма, како и за филантропска и дипломатска работа. Тој го остави најголемиот дел од своето богатство за да ги финансира Нобеловите награди. Нобеловата награда за литература досега ја добиле […]

Драмски театар Скопје со „Кармен“ на фестивал во Бугарија


Со монодрамата „Кармен“, Драмскиот театар Скопје денеска ќе учествува на театарскиот фестивал „Сава Огњанов“ во Русе, Бугарија. На фестивалот настапуваат познати театарски куќи и музичари од неколку земји. Учеството на Биљана Драгичевиќ Пројковска со монодрамата „Кармен“ е нивен петти меѓународен настап со оваа претстава, по гостувањата на фестивалот РУТА во Сараево, Македонското културно лето во […]

Промоција на албумот „Ruh“ на групата „Next to silence“ во сабота


Во пресрет на 43. Скопски џез фестивал кој ќе се оддржи од 17 до 20 октомври, организаторите повикуваат на загревање на слушачка промоција на новото ЦД издание на „SJF Records“, албумот „Ruh“ на групата „Next to silence“, на 12 октомври, сабота во 20 часот во АудиоКултура. „Next to silence“ се Кирил Кузманов – саксофон, Ади Имери – гитара, Филип Димишковски – клавијатури, Драган Стојковски – […]