Стоечки овации за Симон Трпчески на концертот во Будимпешта


Маестро Симон Трпчески, одржа прекрасен концерт во Будимпешта со симфонискиот оркестар на Унгарското радио, под диригентската палка на италијанскиот диригент Рикардо Фрица. Тој го изведе Концертот за пијано и оркестар број 2 од Јоханес Брамс во првиот дел од вечерта, во свечената сала на музичката академија „Франц Лист“. „Се чувствувам прекрасно. Имав голема одговорност за оваа […]

Мики Манојловиќ му ја врачи на Столе Попов наградата за промоција на балканската кинематографија во светот


На манифестацијата „Годишни награди за режисерите“, која се одржа во Нови Сад, на истакнатиот македонски режисер Столе Попов му беше врачена наградата „Живојин Жика Павловиќ“ за промоција на балканската кинематографија во светот. Наградата му ја врачи легендарниот актер Предраг Мики Манојловиќ, откако воведно обраќање имаше Ненад Павловиќ, и самиот режисер по професија и син на […]

Ретроспективна изложба на Ибрахим Беди во Чифте амам на 28 октомври


Националната галерија на програмскиот календар го забележа понеделник, 28 октомври 2024 – ден за отворање на ретроспективната изложба на Ибрахим Беди. На изложбата во Чифте амам, со почеток во 20 ч, па се до 21 ноември 2024 ќе бидат изложени дела од сите творешки опуси и фази на Беди Ибрахим, од 80те години на минатиот век до […]

Гала француска филмска вечер со „Нешто малку поинакво“ во Синеплекс


По повод својата 50-годишнина, Францускиот институт во Скопје и Трговскиот центар Скопје организираат трета по ред гала француска филмска вечер под слоганот „Најдоброто од Франција”!, во Синеплекс, на 30 октомври, во 20 часот.  Присуството е со покана.  Проекција на најуспешниот филм во последните 10 години, за кој во Франција до сега се продадени 10 милиони […]

Моќна театарска РУТА


ЈЕЛЕНА ЛУЖИНА Благодарение на иницијативата која, за среќа, успешно се одржува и се развива веќе пет полни години, а номинално се нарекува Регионална унија на театри –  акроним РУТА – македонската театарска публика ја користи можноста да ѕирне во продукциите од некои поинакви и, многупати, естетички поразлични театарски практики. Регионални. Во овие скудни времиња кои […]

Министерот Љутков од Белград: Изложбата од „Вевчанските видувања“ е вистински мост за разбирање


Министерот за култура и туризам вчеравечер во галеријата „ОЗоне“ во Белград, во присуство на многубројни гости, меѓу кои и српскиот министер за култура Никола Селаковиќ, екселенции и претставници на македонската дијаспора, ја отвори изложбата „Мостови на уметноста: Вевчани – Белград“, која е во организација на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“. Изразувајќи задоволство што присуствува на отворањето на изложбата на дела од познатата „Вевчанска колонија“, министерот […]

Те „читам“ на твојот јазик, но на мојот те „разбирам“: Интервју со Анастасија Ѓурчинова, добитник на наградата „Драги“ за превод


-Суштината на преведувачките студии отсекогаш се водела околу тоа дали е подобро и поважно преводот да биде точен, верен на оригиналот, или да биде читлив, т.е. да звучи како да е напишан на „дојдовниот“ јазик.  Сметам дека идеално е да се постигне да се биде некаде на средината, т.е. преведеното дело да биде читливо и […]

„Остен“ ги соопшти наградените автори на ОСТЕН Биенале Скопје 2024


„Остен“ ги соопшти наградените автори на ОСТЕН Биенале Скопје 2024. Доделувањето е најавено за 6 февруари 2025 година во Чифте амам, кога ќе биде отворена и официјалната изложба на ОСТЕН Биенале 2024. Како што информира „Остен“, годинава пристигнале пријави од 273 уметници од 51 земји со 863 дела. Квалитативниот избор на уметниците со нивните дела […]

„Сѐ што погледнувам, затреперува. Таква е трепелива неговата поезија“: Комеморација за поетот-великан Михаил Ренџов


  Во инспиративна атмосфера, со звукот на окарина и единствена снимка со гласот на Михаил Ренџов од промоција посветена на Петар Т. Бошковски, денес, во НУБ “Св. Климент Охридски“, каде помина триесет години како советник за библиотекарство –  семејството, пријателите и културните дејци, се простија од авторот на неповторливите „Псалми“, „Јас. Елегии“, „Вечната бесконечната“… кој […]

Псалмите му беа Монблан, а сонетот му беше Монт Еверест


Си замина последниот голем лиричар од моите учители: Михаил Ренџов, драгиот Мише. Во книгата „Воскресението на читателот“, тој, Петре М. Андреевски и Анте Поповски ги прогласив за мое Свето Тројство во македонското лепословие. За него имам објавено околу стотина страници до сега, објави истакнатиот книжевник на ФБ, Венко Андоновски.  „Без него, македонскиот јазик, јазикот на […]

Гран при на „Киненова“ за „Жена-убиец“ на грчката режисерка Ева Натена 


Во Домот на културата „Билјана Беличанец“ синоќа, на последната фестивалска вечер,  во преполната сала во присуство на бројни филмски работници, уметници, актери, режисери, претставници на политичкиот и културниот живот на земјава и претставници на дипломатскиот кор беа доделени наградите на 9. издание на МФФ Киненова. „Гран при“ доби филмот „Жена-убиец“ на грчката режисерка Ева Натена, […]

Јанко Поповиќ Волариќ во Скопје: Многу ми е драго што постои Рајко Грлиќ на чии филмови може да го видиш граѓанството


  „На се’ ќе дојде крај“ на Рајко Грлиќ вечерва ќе го затвори 9. издание на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“. Филмот е копродукција меѓу Хрватска, Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Турција, Бугарија.  Макс Пинтер е успешен адвокат од Загреб, кој успева да ги отфрли обвиненијата против неговиот клиент за двојно убиство, богатиот […]

Рајко Грлиќ: Филмот не го менува светот, но можеби ќе ве поттикне да размислите за него


Со новиот филм на славниот режисер Рајко Грлиќ „На се ќе му дојде крај“  вечерва завршува деветтото издание на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ во Скопје. Ова е всушност и македонска премиера на филмот, љубовна приказна и крик за хрватската реалност, и по тој повод денес се одржува прес-конференција со хрватскиот актер Јанко Поповиќ Волариќ и […]

Промоција на „Вештица“ од Венко Андоновски на Саемот на книгата во Белград


  На 22 октомври, во 14 часот, во салата „Васко Попа“ на Белградскиот саем на книгата, ќе се одржи промоција на српското издание на романот Вештица на Венко Андоновски. По одличниот успех на бугарското издание на романот, Вештица доживува веќе трето издание на српски јазик. Првите две беа објавени во Бања Лука, во превод на […]

Со претставата „Иднина“ вечерва се затвора фестивалот РУТА во Драмски театар


 Со изведба на претставата „Иднина“ вечерва во Драмски театар се затвора третото издание на фестивалот РУТА во Скопје. Претставата „Иднина“ на режисерот Жига Дивјак е работена како копродукција на Местно гледалишче Љубљана и Београдско драмско позориште. – „Иднина“ е претстава која ја отсликува сложената мрежа на меѓусебни влијанија на се’ и сите околу нас, се […]

Роденденска вечер во чест на Влада Урошевиќ: Постојаното учење нѐ збогатува и ни ги обновува виталните сили


Со силен аплауз, многу емоции, солзи и смеа, во носталгичен и топол амбиент, вчеравечер во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, македонската книжевна и културна фела му оддаде почит на академик Влада Урошевиќ, во чест на неговиот 90. роденден. На старовремската книжевна вечер, со наслов „Вистинита, но не многу веројатна историја за проф. Урошевиќ, за факултетот покрај […]

Београдско драмско со „Швејк“ вечерва на РУТА во Драмски театар


Петтата фестивалска вечер на сцената Ристо Стефановски во Драмски гостува Београдско драмско позориште. Београдско драмско позориште годинава на РУТА доаѓа со претставата „Швејк“ работена по сатиричниот роман на чешкиот писател Јарослав Хашек. Режисер е Вељко Миќуновиќ, а улогите ги толкуваат актерите Озрен Грабариќ, Милутин Милошевиќ, Милутин Дапчевиќ, Милош Лазаров, Наташа Марковиќ, Бојана Стојковиќ, Ива Илинчиќ, […]

Литературна вечер посветена на академик Влада Урошевиќ во Москва


Литературна вечер посветена на современата македонска литература со посебен осврт на делото на академик Влада Урошевиќ, македонски поет, прозен автор, критичар, есеист, антологичар и преведувач по повод неговиот јубилеј – 90 години од раѓањето, вчера беше организирана во Москва. На литературната вечер организаторот Олга Панкина го претстави богатото творештвото на Влада Урошевиќ кое им е […]

Концерт на германскиот пијанист Лука Шестак во Филхармонија


 Германскиот пијанист Лука Шестак прв пат ќе настапи вечер во Македонска Филахармонија како дел од неговата европска турнеја. Во најавата за концертот, организиторот МГ Мјузик Продукција, наведува дека пијанистот и композитор Лука Шестак, е светски признат по својата виртуозност, комбинирајќи класична музика со џез, поп, блуз, фанк, хип-хоп и електронски стилови, со неверојатни 30+ милиони […]

Премиера на „Пијани –литургија zero“ на Пројковски во штипскиот Народен театар


 Претствата „Пијани –литургија zero“ на македонски режисер Дејан Пројковские ќе биде премиерно изведен вечер на сцената на Народниот театар во Штип (НТШ). Претставата со која Пројковски по осум години се враќа повторно на штипската сцена и соработува со актерите од НТШ, е работена по текстови на Иван Вирипаев, Фјодор Михајлович Достоевски и Омар Хајам. Сценографијата […]