Mакедонија избира претседател


Во земјава денеска се одржуваат седмите претседателски избори. Граѓаните ќе можат да гласаат за еден од седуммината кандидати: Стево Пендаровски поддржан од СДСМ, Гордана Силјановска Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Стевчо Јакимовски од ГРОМ, Билјана Ванковска поддржана од Левица, Бујар Османи од ДУИ, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Максим Димитриевски од ЗНАМ.  На 3.480 избирачки …

Mакедонија избира претседател Read More »

ДИК: Заврши гласањето во казнените установи, на болните и раселените, во дијаспората се уште се гласа


Вкупно 14-те гласачки места во казнено поправни установи каде своето гласачко право денеска можеа да го остварат 2 147 гласачи, се затворени, а одѕивот изнесува 64 проценти, соопшти вечерва Државната изборна комисија. -Гласањето таму течеше без проблеми, а до 19 часот, според информациите од избирачките одбори, гласаа 1 380 гласачи или 64 проценти од запишаните, …

ДИК: Заврши гласањето во казнените установи, на болните и раселените, во дијаспората се уште се гласа Read More »

Агелер порача граѓаните да гласаат за оној што ги одразува нивните соништа за иднината


  Амбасадорката на Соединетите Американски Држави Анџела Агелер на официјалниот Фејсбук профил на Амбасадата упати порака до граѓаните да излезат на гласање и да гласаат за кандидат кој ги одразува нивните очекувања за иднината. „Граѓаните и гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа тие гласачи… мора да гласаат. Тие …

Агелер порача граѓаните да гласаат за оној што ги одразува нивните соништа за иднината Read More »

Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски наљудувачи


 Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на Претседателските избори.  Како што е објавено на веб страницата на ДИК, заклучно до 19 април се акредитирани 342 домашни и 568 странски набљудувачи и преведувачи, од кои најбројни се од ОБСЕ/ОДИХР – 375. Од домашните најбројни ќе бидат набљудувачите на Здружението Здружението за …

Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски наљудувачи Read More »

Утре неработен ден заради изборите, инспекторите ќе ги контролираат бизнисите


Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавачи дека согласно Заклучокот на техничката влада , 24 април (среда) и 8 мај (среда) се неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија. Работодавачите во наведените денови не треба да извршуваат дејност со исклучок на оние работодавачи каде работните процесите заради својата природа не можат да …

Утре неработен ден заради изборите, инспекторите ќе ги контролираат бизнисите Read More »

Не е време ниту за гурабии, ниту за бисквити: Ковачевски загрижен за националистичката реторика


  Големиот излив на националистичките пораки последниве денови го загрижи претседателот на СДСМ, Димитар, Ковачевски, бидејќи овие избори се за европската иднина на Македонија. „Гледаме овие денови, а посебно вчера, дека веќе растат тензиите за изборите. И има причина за тоа. Овие избори се клучни за нашата иднина. Овие избори се глас за или против …

Не е време ниту за гурабии, ниту за бисквити: Ковачевски загрижен за националистичката реторика Read More »

Упатство за гласање на претседателските избори


Државната изборна комисија пред утрешните претседателски избори објави упатство за гласање на граѓаните. Во него во 18 точки се појаснуваат начинот и процесот на гласање на избирачките места. Во продолжение е целосното упатство на ДИК за гласање на претседателските избори: 1. Гласањето се врши лично на гласачките места во Република Северна Македонија и во ДКП/КК. …

Упатство за гласање на претседателските избори Read More »

Гласаат 6.935 болни, затвореници, лица во старските домови


Вкупно 6.935 болни и изнемоштени, затвореници во Казнено-поправните домови и лица во притвор, во старски домови и наши државјани во странство, можат да гласаат денеска, ден пред утрешните претседателски избори. Од ДИК за МИА информираа дека гласањето на овие лица е почнато навреме и тече без проблеми. Гласањето за претседател почна со 191 член на …

Гласаат 6.935 болни, затвореници, лица во старските домови Read More »

Гордана ја отвори, Стево ја затвори изборната арена во Битола


  БИТОЛА – Гордана Силјановска-Давкова ја отвори, а Стево Пендаровски ја затвори изборната арена за претседателските избори во Битола. Случајно или не, кандидатите на помалите политички партии поминаа и заминаа речиси нечујно на теренот во Битола. Во суштина сите седум кандидати, кратко се задржаа на битолската политичка сцена, и повторно впечатокот е дека битката е …

Гордана ја отвори, Стево ја затвори изборната арена во Битола Read More »

Мицкоски: ДУИ не смее да има пратеник во Тројката


  Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска од Лозово повика да не му се дозволи на ДУИ и Али Ахмети да имаат пратеник во Третата изборна единица, засилувајќи ги нападите против интегративците кои стануваат сѐ пожестоки во последните денови. „Народот се обединува околу желбата за промени и сега од нас зависи колкав ќе биде интензитетот на тие …

Мицкоски: ДУИ не смее да има пратеник во Тројката Read More »

Пендаровски упати апел до ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да ја намалат националистичката реторика


  Она што вчера го видовме на митингот на ДУИ и одговорот што го чувме од главната опозициска партија мислам дека е реторика што не ѝ е потребна во Македонија, порача попладнево од Демир Хисар кандидатот за претседтел Стево Пендаровски. Пендаровски упати апел до ДУИ и до Христијан Мицкоски да се воздржат од засилување на …

Пендаровски упати апел до ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да ја намалат националистичката реторика Read More »

ДИК: Не сме надлежни за известувањето на медиумите за време на молкот


Државната изборна комисија (ДИК) вечерва соопшти дека согласно Изборниот закон, не е надлежена за регулирање на известувањето на медиумите, и за тоа упатува кон Упатството од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. -Согласно чл.69 а од Изборниот закон, изборната кампања започнува 20 дена пред денот на изборите и во првиот и вториот круг на …

ДИК: Не сме надлежни за известувањето на медиумите за време на молкот Read More »

„Слоганот ‘Македонија повторно твоја’ е шовинистички“: Бујар Османи го нападна ВМРО-ДПМНЕ


  Нападите меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ добија на нов интензитет. Еден ден пред молкот за претседателските избори претседателскиот кандидат Бујар Османи го оцени слоганот на ВМРО-ДПМНЕ за парламентарните избори „Македонија повторно твоја“ како шовинистички. „Слоганите коишто за жал македонската опозиција ги има во оваа кампања се косат директно со членот 137 од Кривичниот законик. Слоганот …

„Слоганот ‘Македонија повторно твоја’ е шовинистички“: Бујар Османи го нападна ВМРО-ДПМНЕ Read More »

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право


Во канцеларијата на Народниот правобранител, задутре од 7 до 19 часот, на денот на одржување на првиот круг за избор на Претседател на државата, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.  Како што соопшти денеска Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линија,  граѓаните ќе можат …

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право Read More »

Мицкоски не ја затвора вратата за коалиција со ДУИ


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за МИА вели дека по 8 мај, денот на гласањето за парламентарните избори, коалицијата „Твоја Македонија“ ќе биде апсолутен победник. Смета дека ќе успеат да консолидираат 61 пратеник и додава дека за коалициски партнер го преферираат албанскиот опозициски блок. За евентуалното коалицирање со ДУИ нагласува дека оти во …

Мицкоски не ја затвора вратата за коалиција со ДУИ Read More »

Мицкоски тврди: Се подготвува заговор за изборите


  Без да понуди некој опиплив доказ туку потпирајќи се „информации што ги добивам во последно време“, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ тврди дека власта подготвувала сценарија за наводно изигрување на изборната волја на граѓаните. „Иако народот е определен и е јасно дека власта ја чека пораз, сакам да предупредувам дека  знаеме со кого си имаме работа. …

Мицкоски тврди: Се подготвува заговор за изборите Read More »

„ВМРО-ДПМНЕ не блефира. Нема да го почитува Преспанскиот договор“: Интервју со Бојан Маричиќ


  Бојан Маричиќ, вицепремиер, меѓународен секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, е сосема сигурен дека ВМРО-ДПМНЕ не блефира кога вели дека нема да го почитува Преспанскиот договор. Во разговорот за „Независен“ тој вели дека „нема потреба да се поништува Преспанскиот договор, доволно е да се престане да се почитува. Тоа ќе биде доволен аргумент …

„ВМРО-ДПМНЕ не блефира. Нема да го почитува Преспанскиот договор“: Интервју со Бојан Маричиќ Read More »

Битката меѓу Александар Николоски и Венко Филипче станува критична за кампањата


  Уште една „пресметка“ меѓу носителите во Четвртата изборна единица – Александар Николоски го обвинува Венко Филипче дека неврохирургот купил „ауди“ од 250 илјади евра и дека градел хациенда на Водно. Филипче ги отфрли тие наводи, велејќи дека Антикорупциската комисија одамна донела одлука дека нема таков имот и најави тужба за Николоски. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ …

Битката меѓу Александар Николоски и Венко Филипче станува критична за кампањата Read More »

Дебатата помина во кажување на познатите ставови на кандидатите


  Она што толку долго се очекуваше – претседателската дебата на сите седум кандидати – вечерва се одржа во студиото на Македонската телевизија, но таа помина без некоја поголема возбуда, без посериозни спротивставувања на аргументи, без искричења во размената на ставовите. Секој од кандидатите ги кажуваше познатите ставови споменати во нивните изборни програми, или во …

Дебатата помина во кажување на познатите ставови на кандидатите Read More »

Лидерите од коалицијата „Вреди” на средба со Курти


Претседателскиот кандидат на коалицијата „Вреди”, Арбен Таравари и лидерите на партиите кои ја сочинуваат коалицијата, Африм Гаши, Биљал Касами и Изет Меџити имале средба во Приштина со косовскиот премиер Албин Курти. – По големите, величествени собири со албанската дијаспора, дојдовме во Приштина поканети од премиерот на Косово Албин Курти. Неговата поддршка за нашата коалиција на …

Лидерите од коалицијата „Вреди” на средба со Курти Read More »