Драма во полициската станица во Драчево
Полицијата вчера спречила жена да се запали во полициската станица во Драчево, соопштија од МВР. Инцидентот се случил околу 23 часот кога во станицата дошла 40 годишна жена од Скопје. Таа рекла дека е во депресија и сака да си го одземе животот. Полицајците за да ја смират, во станицата го повикале и нејзиниот син. …