Фетаи во завршен збор за „Монструм“: Обидот на одбраната за поврзување на случајот со структури на МВР е целосно неточна теза


Обидот на одбраната за поврзување на возилото „опел омега“ и целата операција со структури на МВР, е целосно неточна теза и од правно-фактички и од правно логички-аспект, изјави денеска обвинителката Фатиме Фетаи во завршни зборови за случајот „Монструм“. Според Фетаи, ваквите обиди целосно паѓаат со исказите на сведоците и изнесените докази во текот на постапката. […]

За насилство да одговараат момчињата што се закануваа на патници во автобус на ЈСП


Скопското обвинителство поднесе обвинение за двајцата насилници кои во автобус на ЈСП се закануваа дека ќе стават патници во киселина. Тие се обвинети дека на 5 ноември 2020 година, околу 17.30 часот, во автобус на ЈСП Скопје кој сообраќал на линијата бр. 7, грубо ги навредиле и ја загрозиле сигурноста на возачот и на патниците […]

Кривична против поранешен член на управен одбор на АД МЕПСО за несовесно работење


Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против поранешен член на Управниот одбор на АД МЕПСО за несовесно работење во службата, бидејќи како одговорен проект менаџер потпишала и потврдила прием и имплементација, а со тоа и овозможила плаќање на Бизнис информациски систем, набавен од Конзорциум Кинг ИЦТ ДООЕЛ Скопје и Кинг ИЦТ ДООЕЛ Загреб, иако […]

Казнети 358 лица за неносење маска


Регистрирани се 358 прекршоци по однос на мерката за носење лична заштита на лице, во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија. Министерството за внатрешни работи и во денешното соопштение апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.

Маж изгоре во пожар во кочанското село Грдовци


Во пожар што рано изутрнава избувна во куќа во кочанското село Грдовци, едно лице почина, а друго се здобило со повреди и е префрлено на лекување во Општата болница – Кочани. Со брза интервенција на екипа од Територијалната противпожарна единица од Кочани, пожарот е локализиран и спречено е проширување на огнот врз целиот објект.   […]

Ново рочиште за „Монструм“, странките ќе даваат завршни зборови


Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, на кое е предвидено странките да започнат со давање на завршните зборови. За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и […]

Музејот на ВМРО почнал со изградба пред да биде склучен Договор за тоа, потврди вештак во предметот „Тендери“


Израдбата на Музејот на ВМРО започнала пред да биде склучен договор за градба со изведувачот, потврди денеска во Кривичниот суд градежниот инженер Небојша Арсовски кој го изработил вештиот наод и мислење во 2017 година по налог на поранешното Специјално Јавно Обвинителство (СЈО) во предметот „Тендери“. На прашање на обвинителот Стевчо Донев, вештакот рече дека тоа […]

Жена со „мерцедес“ се забила во четири паркирани возила


  Во понеделникот, во 20.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ѓурчин Кокале“, во Скопје, патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(35) од Скопје, удрило во неколку паркирани патнички возила. Та удрила во „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на К.Ј.(33), „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.Н.(28), […]

Фатен крадец во маркет во село Марино


Во понеделникот сред бел ден, во 13.20 часот во маркет во село Марино, Скопско, полициски службеници го лишиле од слобода З.П.(60) од село Миладиновци, скопско, затоа што бил затекнат при извршување кражба во маркетот. Кај него биле пронајдени украдените предмети и биле вратени на сопственикот. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање […]

Судир на две патнички возила кај селото Длабочица, сообраќајот на патот Куманово-Крива Паланка-Деве Баир во прекин


Две патнички возила се судрија вечерва во атарот на селото Длабочица, кривопаланечко, поради што сообраќајот на патот Куманово – Крива Паланка- Деве Баир е целосно во прекин.   Од Секторот за внатрешни работи Куманово информираат дека сообраќајната несреќа се случила околу 20:20 часот, а сообраќајот на магистралниот пат Куманово- Крива Паланка – Деве Баир е […]

Мијалков: Никогаш не сум дал наредба за прислушување!


Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, денеска во првото сведочење за незаконското прислушвање, рече дека никогаш и никому не му дал наредба да врши преслушување. „Тоа не е точно, јас не сум имал можност и привилегија да давам такви наредби. Никогаш никому, ни писмено но усно, сум дал наредба да изврши какво било дејствие во […]

Полицијата казни пратеник бидејќи зборувал на телефон додека возел на патот Куманово-Скопје


Полициски службеници од СВР Скопје денеска му врачиле платен налог на пратеникот М.К., кој го прекршил Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата со тоа што зборувал на мобилен телефон додека го управувал своето возило на патот Куманово-Скопје, соопшти МВР. Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и […]

Една година од исчезнувањето на Марија Брзакова


Една година трае потрагата по исчезнатата Марија Брзакова (28) од селото Босилово, а од неа нема ниту трага, ниту глас. Таа исчезнала лани на 18 јануари, во утринските часови. Истрагата за нејзиното исчезнување ја води Основното јавно обвинителство во Струмица, кое има отворена предистражна постапка, но нема нови детали, а истата нема да биде затворена […]

Во Скопје 179 санкционирани возачи, 29 за брзо возење


 На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 179 мерки, од кои 29 за управување со брзина поголема од дозволената. Министерството за внатрешни работи во денешното соопштение наведува дека од вкупниот број, само 23 мерки се за возење без возачка дозвола, шест за нерегистрирани и технички неисправни возила, седум санкции […]

Повреден градежен работник, метален калап му паднал врз глава


Утрово, при изградба на зграда во Аеродром повреден е градежен работник.  Според очевидци, тој бил кранист, а врз главата му паднал метален калап за столбови. Повредениот е пренесен во болница, а ќе се истражува  што довело до несреќата и дали се почитуваат безедносните протоколи. Градежните работници во Македонија често страдаат поради непочитување на безбедносните мерки […]

Прилепчанец загина на лов на диви свињи во Мариово


Малд прилепчанец, бил погоден во лицето додека бил на лов на диви свињи со пријателите во Мариово. Според првичните информациите од МВР, денеска околу пладне во полициската станица во Прилеп било пријавено дека е ранет прилепчанец кој со своите пријатели бил на лов диви свињи во Мариово. Еден од групата ловџии, најверојатно по грешка, наместо […]

Малолетник се обидел да силува 27-годишна девојка во струшко


Малолетник од Струшко синоќа се обидел да силува 27-годишна девојка. Случајот во полиција го пријавил вујкото на девојката, а против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти СВР Охрид. – Во ОВР Струга, во 20 часот и 4 минути, 42-годишен жител на струшко село пријавил обид за обљуба од страна на малолетник врз негова 27-годишна […]

Приведен родител за запуштање и малтретирање на малолетно дете


Полицијата приведе 44-годишен родител од Скопје за запуштање и малтретирање на својата 16-годишна ќерка, откако по добиени сознанија и во присуство на претставници од „Меѓаши“ и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа било констатирано дека малолетничката била подолго време заклучувана во домот и не добивала соодветна нега од родителот. – На 15.01.2021 полициски службеници од Единицата […]

Затворен угостителски објект во тетовско, затекнати 29 гости по дозволеното работно време


Државниот пазарен инспекторат времено затвори угостителски објект во тетовско Горно Седларце откако синоќа во 21.30 часот во него биле затекнати 29 гости по дозволеното работно време, а полицијата го привела сопственикот, 41- годишниот Б.И. од ова село. -Сопственикот на угостителскиот објект бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот […]

Беровчанец глумел дека е киднапиран, изнудил 10.000 евра од таткото


– Дваесет и деветгодишник од беровското село Будинарци e лишен од слобода откако од својот татко изнудил 10 илјади евра преку лажна изјава за негово киднапирање. Полицијата го товари лицето М. П. (29) за сторено кривично дело „изнуда“. -Неговиот татко Д. П. (57) на ден 15 јануари 2021 година околу 18 часот во надворешната канцеларија […]