Фатено лице од Косово при извршување кражба од банкомат


Денеска, во 04.15 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово од слобода го лишиле косовскиот државјанин А.М.(41), затоа што бил фатен при обид за извршување на тешка кражба од банкомат на една банка на ул.„11 Октомври“. Во непосредна близина на местото било пронајдено патничко возило „фолксваген голф“, со  косовски национални ознаки. Во врска со […]

Организаторот на протестот за случајот „Монструм“, Ахмеди, на службен разговор во полициска станица


Организаторот на протестот за поддршка на обвинетите од случајот „Монструм“, Блерим Ахмеди е повикан на службен разговор во полициската станица Бит пазар, информираат од Министерството за внатрешни работи за МИА. Распитот е договорен за денеска во 12:00 часот. Имено, во МВР беше пријавено дека ќе се одржи мирен протест за случајот „Монструм“, но демонстрациите завршија […]

Игор Спасов бил уапсен во Софија поради семејно насилство


Игор Спасов бил приведен по пријава за семејно насилство, потврдија полициски извори за Бугарското национално радио, јави дописникот на МИА од Софија. За време на увидот од бугарската полиција било утврдено дека тој бил баран од Интерпол. Игор Спасов влегол во Бугарија од Турција пред извесно време. Бугарското Министерство за внатрешни работи за дописникот на […]

Бегалецот Игор Спасов е уапсен во софиската населба Младост по добиена дојава


Поранешниот полицаец Игор Спасов  осуден за убиството на Мартин Нешкоски, кој се бараше со меѓународна потерница, уапсен е вчера во поппладневните часови во  населбата Младост во Софија од страна на бугарската полиција по добиена дојава, јави Бугарското национално радио БНР, пренесува дописникот на МИА од Софија.   -Игор Спасов беше уапсен вчера во главниот град, […]

Во Софија уапсен Игор Спасов, осуден за убиството на Мартин Нешкоски


Игор Спасов осуден за убиството на Мартин Нешкоски е уапсен денеска во Софија.   -Известени сме од бугарските колеги дека по нашата распишана меѓународна потерница денеска е приведен Игор Спасов, изјави за МИА портпаролот на МВР Тони Ангеловски.   Спасов е осуден на 14 години затвор за убиството на Нешкоски што се случи на прославата […]

За протестот за „Монструм“ ќе има кривични и прекршочни пријави


Полицијата ќе поднесе и кривични и прекршочни пријави за учесниците на протестот во петокот, организиран за поддршка на обвинетите во случајот „Монструм“. Првиот човек на македонската полиција, Оливер Спасовски е дециден дека полицијата не постапува селективно, а одговорност мора да има за сите.  Спасовски ова го најави од собраниска говорница на дебата за измените во […]

Од скопјанка побарани 1.500 евра за да не бидат објавени нејзини фотографии


 Поднесена е кривична пријава против М.Б. (29) од Скопје, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „Уцена“. Според Министерството за внатрешни работи, пријавениот во периодот од 21 до 31 минатиот месец со намера да се стекне со противправна имотна корист ја уценувал А.Б. (32) од скопско и побарал 1500 евра за да не сподели нејзини […]

Казни за шест полициски службеници, за да не платат патарина користеле „флешери“ и легитимации


Изречени се 32 глоби за неплаќање патарина, а шест полициски службеници поминале наплатна станица без да платат, со злоупотреба на т.н „флешери“ и службена легитимација, информираат од Министерството за внатрешни работи. Глобите се изречени при засилената контрола за санкционирање на евентуални злоупотреби при наплатата на патарина на автопатиштата и неовластена употреба на т.н. „флешери“, што […]

Сведоци: ВМРО-ДПМНЕ немала официјален став за протестите на 27 април


 Судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година продолжува на 5 февруари, откако на денешното рочиште беа сослушани повеќе сведоци предложени од одбраната. Повеќе членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и членови и претседатели на општински и месни комитети на партијата во 2017 година, на денешното рочиште рекоа дека не […]

Продолжува судењето за организаторите на 27 април


 Со сослушување сведоци предложени од одбраната денеска во Основниот кривичен суд во Скопје треба да продолжи судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година. На денешното рочиште се повикани повеќе сведоци, предложени од одбраната на Спиро Ристовски. Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник […]

Претреси во кумановско, пронајдени 15 килограми дрога


Денеска Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опадни материи, во координација со Одделот за специјални операции, по преземени заеднички координирани мерки и активности, ги лиши од слобода А.С.(28) од с.Романовце, кумановско, Д.Ц.(30) и Д.И.(29), двајцата од Куманово, поради постоeње основи на сомнение дека сториле кривично дело недозволена трговија […]

Казнети 428 лица за неносење маска


Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 428 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со Ковид-19. 

Сообраќајка во Аеродром, повредени две лица


 Патничко моторно возило „опел вектра“ денеска во 15.05 часот на булевар „АСНОМ“ во Скопје удрило во две женски лица, кои се пренесени на скопските клиники. Како што информираат од МВР за МИА, во моментов полиција врши увид на местото на незгодата. 

Тепачки во Аеродром


  Во две одделни тепачки во скопски Аеродром, повредени се еден маж и една жена. Имено, во петокот, во 17.45 часот Д.П.А.(31) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Аеродром, по претходно недоразбирање околу сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот. Истиот ден, во 19.30 часот И.П.(34) од Скопје […]

Пријава за штипјанка која наместо да седи во самоизолација, пазарувала во маркет


Штипската полиција поднесе кривична пријава против жена на возраст од 72 години, со иницијали Д.И., поради сомнение за сторено кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. Како што информираат од МВР, на 13. декември минатата година пријавената постапила спротивно на решението за самоизолација, издадено од Државен санитарен и здравствен инспекторат и […]

МВР: 2020-та е година со најмал број загинати во сообраќајни незгоди


Како резултат на преземените активности на полицијата, 2020 година е со најниска бројка на жртви во сообраќајот во историјата на државата, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски. На прес-конференција во Струмица, Ангеловски рече дека возењето со поголема брзина од дозволената е најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици. -Мобилната единица за безбедност во […]

ОЈО поднесе обвинение против учесник во странска војска баран со потерница


Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по спроведена истражна постапка до Основниот кривичен суд достави обвинителен акт против дваесет и четиригодишниот И.Т. од Скопје, за сторено кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“ и побара да му се продолжи мерката притвор определена од судија […]

Малолетник повреден во пожар во куќа во Батинци


Во четвртокот, во 10.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Батинци, скопско, настанал пожар во куќата на Ш.М. од село Батинци. При тоа бил опожарен долниот кат и дел од горниот кат, а со изгореници се здобил 16-годишник, кој бил пренесен во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје. Пожарот бил […]

Избришана групата „Јавна соба“ на Телеграм


Избришана е групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм, потврдија за МИА од МВР. Претходно, премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски побараа од Телеграм да ја избрише групата „Јавна соба“, во спротивно ќе се разгледа можноста апликацијата да се блокира или да го ограничи нејзиното користење во земјава. Во меѓувреме, во […]

Неблагодарно е да се коментираат состојбите во „Монструм“, вели Јовески


За случајот „Монструм“ во овој момент е неблагодарно јас да зборувам со оглед на тоа дека предметот се наоѓа во една деликатна фаза, изјави денеска државниот јавен обвинител Љубомир Јовески на собраниската седница за пратенички прашања. Тој потсети дека јавниот обвинител пред неколку дена ги изнесе завршните зборови, а за десетина дена, како што рече, […]