Претепан малолетник заврши во болница во Кавадарци


На 20.02.2022 во 00.50 часот во Полициската станица Кавадарци, од Општа болница Кавадарци било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен малолетник од Росоман. Полициски службеници излегле на местото и во разговор со нив малолетникот изјавил дека на 19.02.2022 околу 23.30 часот, при излегување од угостителски објект во Градски парк во Кавадарци, бил физички …

Претепан малолетник заврши во болница во Кавадарци Read More »

Во Битола запечатени четири угостителски објекти заради гости без Ковид-сертификат


Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност во координација со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд ноќеска, меѓу 01:30 и 04:30 часот, спроведоа акциска контрола во четири ноќни клубови и кабареа во Битола. Притоа е констатирано дека 42 лица биле пуштени во четирите угостителски објекти без Ковид-сертификат и тие …

Во Битола запечатени четири угостителски објекти заради гости без Ковид-сертификат Read More »

Четири автобуси и две патнички возила вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација


Полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце и од Одделението за прекуграничен криминал Скопје при Регионалниот центар за гранични работи Север, вчера, при контрола утврдиле дека четири автобуси и две патнички возила вршеле меѓународен превоз на патници без да поседуваат соодветна документација. Од Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите …

Четири автобуси и две патнички возила вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација Read More »

Возач загина во сообраќајка на патот Ропотово-Прилеп


– Возач загина во сообраќајната несреќа што се случи денеска на патниот правец село Ропотово – Прилеп. Како што информираат од МВР, во полициската станица во Прилеп денеска околу 11:40 часот било пријавено дека на регионален патен правец с.Ропотово-Прилеп се случила сообраќајна несреќа меѓу товарно возило „ман“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.С. (33) …

Возач загина во сообраќајка на патот Ропотово-Прилеп Read More »

Поднесено обвинение против возачот кој ја усмрти девојката кај Сити Мол


По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. -Обвинетиот, на 20 јануари, како учесник во …

Поднесено обвинение против возачот кој ја усмрти девојката кај Сити Мол Read More »

Поради сообраќајна несреќа во прекин сообраќајот на патот Делчево – Македонска Каменица


Поради сообраќајна несреќа во моментов во прекин е сообраќајот на патот Делчево – Македонска Каменица. Според информации на дежурната служба на ЈП „Македонијапат“, несреќата се случила откако возило удрило во „ригола” на патот. Оттаму информираа дека застојот е поради тоа што возилото се наоѓа на коловозот. Очекуваат брза реакција со што за кратко време сообраќајот …

Поради сообраќајна несреќа во прекин сообраќајот на патот Делчево – Македонска Каменица Read More »

Судењето за „Шпански скали” продолжи со изведување докази од Обвинителството


Со изведување на материјални докази од Обвинителств ото денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжува судењето за случајот „Шпански скали”. Се изведуваат документи и известувања од Министерството за транспорт и врски, од општина Центар и од компанијата „Амадеус девелопмнет” ДООЕЛ – Скопје, а поврзани со одобрението за градба и банкарските гаранции. Случајот го води …

Судењето за „Шпански скали” продолжи со изведување докази од Обвинителството Read More »

Два пожара во едно деноноќие во општина Сопиште, почина старец, а повреден е пожарникар


Еден пожарникар од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје се здобил со повреди при гаснење пожар во текот на вчерашниот ден во село Сопиште, Скопско, а во друг пожар во истата општина најден е починат старец. Како што соопшти МВР, во СВР Скопје било пријавено дека пожарот настанал во куќа сопственост на А.Д.(63). Пожарот бил изгаснат …

Два пожара во едно деноноќие во општина Сопиште, почина старец, а повреден е пожарникар Read More »

Врховниот суд ja укинал пресудата за Панчевски поради сторени повреди на Законот за кривичната постапка


Врховниот суд на Република Северна Македонија по повод донесената пресуда по предметот за судијата Владимир Панчевски информира дека ja укинал пресудата на Апелацискиот суд Скопје, поради сторени повреди на одредбите на Законот за кривичната постапка во однос на неодржување на јавна седница пред Апелацискиот суд, иако тоа го барал обвинетиот во изјавената жалба. -Врховниот суд …

Врховниот суд ja укинал пресудата за Панчевски поради сторени повреди на Законот за кривичната постапка Read More »

Акциска контрола на 100 отпади, во повеќе од половината утврдени неправилности


Полицијата претходните два дена изврши контроли на 100 отпади на територијата на државата, од кои 62 во регистрирани правни субјекти, а 38 нерегистрирани, односно „диви отпади“. Во 27 регистрирани правни субјекти и во сите 38 нерегистрирани отпади утврдени се неправилности, за што ќе следат соодветни поднесоци од страна на МВР и Државниот инспекторат за животна …

Акциска контрола на 100 отпади, во повеќе од половината утврдени неправилности Read More »

Одбраната на Јанакиески бара ослободителна пресуда за „Топлик“


Ниту во обвинението, ниту од доказите не се покажа кои дејствија ги презел Миле Јанакиески и за кое кривично дело, пред кои органи и спротивно на која законска одредба, изјави во завршен збор за случајот „Топлик” бранителот на екс министерот Јанакиесеки, адвокат Еленко Миланов. Миланов на Судот му предложи да донесе ослободителна пресуда за Миле …

Одбраната на Јанакиески бара ослободителна пресуда за „Топлик“ Read More »

Избоден вработен во кафе бар во Тетово, напаѓачот приведен


 Вработен во тетовски кафе бар вчера навечер бил избоден од сограѓанин околу 19 часот, а полицијата за час и половина успела да го најде и приведе осомниченито напаѓач. Инцидентот се случил во кафе бар на улицата „ЈНА“. -Во 20 часот и 30 минути, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода 24-годишник  кој околу 19 часот …

Избоден вработен во кафе бар во Тетово, напаѓачот приведен Read More »

И пешаците на удар на полицијата, казнети 246 за недозволено преминување


 Во текот на вчерашниот ден во периодот од 9 до 13 часот во рамки на спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање прекршоци што ги прават пешаците, санкционирани се 246 пешаци. Од МВР денеска информираа дека санкционирани се 195 пешаци за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 27 …

И пешаците на удар на полицијата, казнети 246 за недозволено преминување Read More »

Во сообраќајката кај Прилеп загина 40-годишен маж, жена и дете се повредени


Во синоќешната сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Градско, во која едно лице загина, а две се повредени, докторот во Итна медицинска помош Кавадарци Ратко Грков утрово во изјава за МИА, информираше дека повредените се жена и дете на возраст околу 30 и 10 години, кои биле со видливи скршеници. -Возачот беше на околу 40 години, изваден …

Во сообраќајката кај Прилеп загина 40-годишен маж, жена и дете се повредени Read More »

Едно лице загина, две се повредени во сообраќајка на патот Прилеп-Градско


Вечерва во  17:55 часот на патот Прилеп-Градско, пријавено е дека се случила сообраќајна незгода, помеѓу ТМВ со полуприколка и ПМВ „голф“  управувано од Д. К. (1982) од Прилеп, кај кого во 19,30 часот е констатирана смрт, потврдија од Министерството за внатрешни работи.   Две лица со повреди се пренесени во Клинички центар во Скопје. Увидот …

Едно лице загина, две се повредени во сообраќајка на патот Прилеп-Градско Read More »

Поради сообраќајка целосно блокиран патот Прилеп-Градско


Сообраќајот на регионалниот пат Прилеп-Градско и обратно е во целосен прекин веќерва од 17.55 часот поради сообраќајна незгода кај ресторанот „Ловец“, информираат од Автомотозојузот на Македонија. Воедно, од таму најавуваат дека утре на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан, сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 11 и 14 часот во …

Поради сообраќајка целосно блокиран патот Прилеп-Градско Read More »

„Плацови на Водно“: Трајановски не го познава местото „Шербетница“ на Водно


 На поранешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски, не му е познатото местото викано „Шербетница“’, на Водно. Во својство на сведок Трајановски, денеска беше сослушан во случајот „Плацови на Водно“, при што посочи дека Никола Груевски, не побарал од него или преку друго лице урбанизација на парцели на Водно. – Не ми кажал дека има …

„Плацови на Водно“: Трајановски не го познава местото „Шербетница“ на Водно Read More »

Ограбен „Комуналец“ Прилеп


Во неделата, околу 16 часот на ул.„Трајко Николовски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Е.А.(39) и Е.Р.(35) од Прилеп. Тие се сомничат дека претходно, во кругот на терминалот на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ на ул.„Трајко Николовски“ во Прилеп, одзеле неколку предмети. Тие биле приведени во полициска станица, а предметите биле …

Ограбен „Комуналец“ Прилеп Read More »

Осум лица приведени во Кавадарци, еден објект запечатен (видео)


Полициски службеници во содејство со претставници на Државниот пазарен инспекторат и на Управата за јавни приходи вчера и денеска во раните утрински часови извршија акциска контрола во угостителски објекти во Кавадарци. Притоа еден угостителски објект е затворен, односно запечатен. При контролата, информираа од МВР, затекнати се 28 лица без ковид-сертификати, како и осум лица кои …

Осум лица приведени во Кавадарци, еден објект запечатен (видео) Read More »

Во Кочани 31 приведен, запечатени три угостителски објекти


Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи, заедно со припадници на Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи, во текот на ноќта извршија засилена акциска контрола во угостителски објекти на подрачјето на Кочани по однос на прекршувања на законските одредби од повеќе закони – Законот за заштита на населението од …

Во Кочани 31 приведен, запечатени три угостителски објекти Read More »