Малолетничка избегала од дома со партнерот откако тој се заканувал дека ќе им ја запали куќата


Малолетничка од Скопје избегала од дома, со партнерот, откако тој се заканил дека ќе има ја запали куќата. – На 12.11.2025 во 11:41 часот во СВР Скопје, Е.А.(47) од Скопје пријави дека околу 11:00 часот од пред семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, неговата малолетна ќерка заминала со Е.Д., со кого била …

Малолетничка избегала од дома со партнерот откако тој се заканувал дека ќе им ја запали куќата Read More »

Синот ја натепал мајката во Охрид


Мајка била нападната од својот син во Охрид, информираат од МВР. Вчера (12.11.2025) во 06:35 часот на улица „Јане Сандански“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија 24-годишник од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 50-годишна мајка. По целосно документирање на настанот ќе следува кривична пријава против сторителот.

МВР во петок ќе уништува гранати во Полицискиот центар во Ѓорче Петров


Министерството за внатрешни работи информира дека во петок ќе уништува гранати во Полицискиот центар во Ѓорче Петров. -Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека на 14.11.2025 во 07:00 часот во кругот на Полицискиот центар во Ѓорче Петров во Скопје ќе бидат уништени гранати, за кои според стручна анализа е утврдено дека не може да …

МВР во петок ќе уништува гранати во Полицискиот центар во Ѓорче Петров Read More »

Одложено судското рочиште за случајот со прегазениот пешак кај Паркот на Франкофонијата


Основниот кривичен суд Скопје го одложи денешното судско рочиште против 25-годишниот скопјанец Фатон Љури, обвинет дека на 1 јули, годинава управувајќи мотор „кавасаки“ без возачка дозвола, на пешачката патека на кејот на Вардар, во близина на Паркот на Франкофонијата, го прегазил 68-годишниот Југослав Николовски и потоа избегал од местото на настанот. Според одбраната, обвинетиот непосредно …

Одложено судското рочиште за случајот со прегазениот пешак кај Паркот на Франкофонијата Read More »

Полицаец од Аеродром и тројца соучесници украле кабли вредни 440.000 евра


Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против полициски службеник од Полициската станица Аеродром, осомничен дека заедно со тројца соизвршители учествувал во голема кражба на бакарни кабли во кругот на фабриката „Железара“ во Скопје. Од Обвинителството потврдуваат дека станува збор за тешка кражба извршена во повеќе наврати, со која била предизвикана огромна материјална штета. – Обезбедените …

Полицаец од Аеродром и тројца соучесници украле кабли вредни 440.000 евра Read More »

Се бара притвор за мајката која со тупаници го тепала својот шестмесечен син оти плачел


Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишна жена со престојувалиште во Ржаничино, осомничена за кривичното дело „Запуштање и малтретирање на дете“ според член 201 став 1 од Кривичниот законик.  Според обвинителството, на 9 ноември во вечерните часови, таа грубо ја запоставила својата мајчинска должност за грижа и воспитување, го запуштила …

Се бара притвор за мајката која со тупаници го тепала својот шестмесечен син оти плачел Read More »

Презентирани докази од ПИ мерки на судењето за „Геријатрија“


Со изведување материјални докази од Обвинителството денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за случајот „Геријатрија” за примање поткуп, против директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, Мухсин Арифи и Блерим Амити за примање награда за противзаконито влијание.  Во судница беа презентирани докази – фото и видео материјали прибавени со примена …

Презентирани докази од ПИ мерки на судењето за „Геријатрија“ Read More »

Благајничка во кавадаречкото комунално претпријатие за месец и пол украла над 9.000 евра


Кривична пријава против вработена во Јавно претпријатие за комунални работи Кавадарци за „проневера во службата” и „затајување”. Како што информираат од МВР, ОВР Кавадарци, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против В.Д.(48) од Кавадарци поради постоење на основано сомнение дека сторила кривични дела „проневера во службата” и „затајување”. Пријавената В.Д., вработена како благајник …

Благајничка во кавадаречкото комунално претпријатие за месец и пол украла над 9.000 евра Read More »

Мечка нападна маж кај село Рилево – со тешки повреди пренесен во Скопје


Вчера во атарот на село Рилево, општина Долнени, повозрасен маж бил нападнат од мечка околу 10 часот наутро, додека собирал печурки. Од нападот тој се здобил со тешки повреди. Откако бил забележан од ловџии, веднаш бил пренесен во прилепската болница, а поради сериозноста на повредите подоцна бил транспортиран во клиниките во Скопје. Жителите од Прилепскиот …

Мечка нападна маж кај село Рилево – со тешки повреди пренесен во Скопје Read More »

МВР опомена 150 граѓани кои зборувале на телефон додека поминувале на пешачки


Во периодот од 26.09.2025 до 07.11.годинава  полициските службеници од СВР Скопје издале вкупно 150 опомени за граѓаните. Согласно проценките, динамиката и степенот на информираност  и запознавање на граѓаните за измените во законската регулатива, во наредниот период се очекува отпочнување со изрекување на соодветни санкции, по целосното информирање на граѓаните за новите законски одредби.  Новите измени …

МВР опомена 150 граѓани кои зборувале на телефон додека поминувале на пешачки Read More »

Киднапирана жена од Дебарско, ја однеле во Струга и ја силувале


Две лица од Дебарскиот регион се лишени од слобода и против нив е поднесена кривична пријава за „грабнување“ и „полов напад и силување“, соопшти Министерството за внатрешни работи. „ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Л. (26) од селото Џепиште поради постоење основи на сомнение дека ги сторил кривичните дела грабнување и полов напад и силување, …

Киднапирана жена од Дебарско, ја однеле во Струга и ја силувале Read More »

Остатоци од човечко тело пронајдени во кавадаречко Сопот


Во ОВР – Кавадарци било пријавено дека во атар на кавадаречкото село Сопот биле пронајдени остатоци од човечко тело, информираа попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес.  Како што појаснија, случајот бил пријавен вчера во 16:40 часот. -Увид на местото бил извршен од јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР – Кавадарци …

Остатоци од човечко тело пронајдени во кавадаречко Сопот Read More »

И подмитувачот и подмитениот 30 дена во притвор за ИПАРД програмата


Судија на претходна постапка, по произнесување на петмината осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата, кои попладнево беа спроводени во Основниот кривичен суд Скопје, донесе решенија – мерка притвор од 30 дена за четворица од нив, а за едно лице мерка куќен притвор. Како што информираа од Кривиченза лицата Џ.Н., А.Ф., Ф.Ф. и И.С. …

И подмитувачот и подмитениот 30 дена во притвор за ИПАРД програмата Read More »

Радовишанка обвинета за лажно пријавување бомба во основно училиште


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје итно постапи по поднесената кривична пријава од МВР и врз основа на сите обезбедени докази поднесе обвинение против едно лице за кривично дело – Лажно пријавување на кривично дело по член 366 став 4 во врска со став 3 од Кривичниот законик, за лажно пријавување бомба во основно …

Радовишанка обвинета за лажно пријавување бомба во основно училиште Read More »

Му пукале во глава – Откриен еден од убијците на Ѓошев во Чашка


Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека бил соизвршител во кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик. На 5 ноември, во местото викано Поројница, во близина на земјениот пат од Чашка кон селото Бусилци, осомничениот заедно со уште …

Му пукале во глава – Откриен еден од убијците на Ѓошев во Чашка Read More »

Поставил бомба во автомобил на скопјанец заминат во Италија


Денеска (06.11.2025) во 02:41 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 01:00 часот, едно лице влегло во гаража од семејната куќа на Е.Р. на подрачјето на Бит Пазар, кој моментално е во Италија, а набргу потоа сопственикот добил порака со закана и со известување дека во неговото возило е поставена бомба. Полициски службеници излегоа …

Поставил бомба во автомобил на скопјанец заминат во Италија Read More »

Безживотно тело на девојка пронајдено меѓу згради во Тетово


 Безживотно тело на младо женско лице синоќа било пронајдено во Тетово, а Обвинителството денеска соопшти првична информација дека смртта не е резултат на кривично дело. Телото било пронајдено помеѓу зградите што се наоѓаат од спротива на Центарот за социјални работи во Тетово, кај Зелениот пазар. Од Јавното Обвинителство информираат дека дежурен јавен обвинител од Основното …

Безживотно тело на девојка пронајдено меѓу згради во Тетово Read More »

Возеле 100 км/ч повеќе од дозволеното – полицијата ги уапси


Во вторникот во 16:04 часот на магистралниот пат Битола-Ресен, на место викано Превалец, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Е.А.(47) од Битола. При контрола во сообраќајот со радар било констатирано дека управувал патничко возило „јагуар“ со битолски регистарски ознаки со брзина од 179 километри на час на место каде максимално дозволената брзина со …

Возеле 100 км/ч повеќе од дозволеното – полицијата ги уапси Read More »

Две лица загинаа во тешка сообраќајка на патот Прилеп – Росоман


Денеска околу 17 часот пријавена е сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила на патот А1 Прилеп – Росоман во близина на с. Радобил. Од несреќата пет лица се здобиле со повреди, од кои три се пренесени во болница во Прилеп, а две во болница во Кавадарци, а лекар констатирал смрт кај две лица. Од 18 …

Две лица загинаа во тешка сообраќајка на патот Прилеп – Росоман Read More »

ОЈО Скопје бара да му се одземат пасошите на возачот што усмрти велосипедист на булеварот „Гоце Делчев“


Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага против 37-годишниот скопјанец што вчера со автомобил „фолксваген пасат“ удри во велосипедистот Јорго Ќука (78) на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, кој по нанесените тешки телесни повреди го загуби животот. ОЈО Скопје бара Кривичниот суд во Скопје да му одреди мерки на претпазливост на осомничениот – одземање на македонскиот …

ОЈО Скопје бара да му се одземат пасошите на возачот што усмрти велосипедист на булеварот „Гоце Делчев“ Read More »