Две ученички прегазени на пешачки пред средното училиште во Штип


Две девојчиња на возраст од 15 и 16 години се прегазени на пешачки премин покрај Средното општинско училиште СОУ „Коле Нехтенин“-Штип. Според полицијата, денеска околу 7:30 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Гоце Делчев“ во Штип, патничко моторно возило „цитроен ц1“ со германски национални ознаки, управувано од Н.Б.(28) од Штип, удрило во две […]

Дисциплинска постапка за полицискиот службеник за објави на ФБ за нападите на Хамас врз Израел


 Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во Министерството за внатрешни работи постапува по случајот со полицискиот службеник А.С. и неговите објави на социјалната мрежа Фејсбук во врска со нападите на Хамас врз Израел, информираа денеска од МВР. Против него, најавија од МВР, ќе биде поведена дисциплинска постапка односно ќе следуваат соодветни санкции. […]

Три години затвор за кумановката која усмрти пешак кај МНТ – казната е под минимумот


Казна затвор под минимумот доби кумановката Гордана Филиповиќ, која усмрти пешак кој поминуваше на пешачки премин пред мостот „Гоце Делчев“ во Скопје. Судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ и изрече казна затвор од три години и пет години забрана за управување на моторно возило. Адвокатката на семејството на усмртениот Слободан Ангеловски, велат дека настрана од казната, ќе бидат […]

Од казнети 79 возачи на територијата на Гостивар, 23 без возачка


Во текот на вчерашниот ден во периодот од 17.00 до 21.00 часот Секторот за сообраќајни  работи  при Одделот за  униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спровеле акциска контрола на територијата на Гостивар, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата, […]

Татко пријавил обљуба врз малолетниот син од страна на 78-годишен сосед


 Скопјанец пријавил обљуба врз неговиот малолетен син од страна на сосед, соопшти Министерството за внатрешни работи. – Вчера во 16.30 часот во СВР Скопје, 56-годишник пријавил дека на 25 и на 30 септември, врз неговиот малолетен син била извршена обљуба од нивниот сосед со иницијали Д.П., на возраст од 78 години, се појаснува во соопштението. […]

(Видео) Пожарникар исчезнал при гаснење пожар во штипско, МВР и „Тигрите“ го пронашле


Денеска околу 12 часот и 30 минути, Министерството за внатрешни работи (МВР) добило известување од Центарот за управување со кризи (ЦУК) дека е исчезнат пожарникар кој бил ангажиран во гаснење на пожар во штипското село Селце. Како што соопшти полицијата, по добиеното известување, во потрага по пожарникарот се вклучиле хеликоптер Бел 412 од хеликоптерската единица […]

Истрага за 81 годишен маж кој вршел полови дејствија врз деветгодишно девојче


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, донел наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 81 година, осомничено за други полови дејствија спрема дете кое не наполнило 15 години, соопштија оттаму. „Осомничениот, искористил прилика во која деветгодишното девојче побарало од него услуга како нејзин сосед, ја повикал во својот дом во Кисела […]

Ја нападнала 55-годишната колешка додека биле на работа во Драчево


Вчера во полициската станица во Драчево било, 55 годишна жена пријавила дека била нападната од своја колешка. Инцидентот се случил на работно место, додека тие две работеле заедно во иста канцеларија. 27 годишната од засега непознати причини ја нападнала 55 годишната колешка од истата компанија во Драчево. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Приведена тетовчанка барана со потерница


Полициски службеници денеска уапсиле тетовчанка барана со потерница за издржување затворска казна од две години. -Полициски службеници од  Оперативен тим  потраги при СВР Скопје денеска во 12 часот на ул.„Џон Кенеди“ во Скопје ја лишија од слобода В.И.(40) од Тетово, која била барана со централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување […]

Маж загина, малолетник е тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп-Крушево


Битолчанец (46) смртно настрада во сообраќајна несреќа што се случила вчеравечер. Во сообраќајката тешко повреден е и малолетник. Како што информира полицијата, на 06.10.2023 во 21.05 часот било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Крушево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „киа“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(46) од Битола, и патничко моторно […]

Се бара притвор за старец (81) кој допирал 9-годишно девојче во Кисела Вода


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 81 година, осомничено за други полови дејствија спрема дете кое не наполнило 15 години. Осомничениот, искористил прилика во која 9-годишно девојче побарало од него услуга како нејзин сосед, ја повикал во својот дом во Кисела Вода и […]

Мечка смртно настрада кога во неа удри возило на патот Тетово – Јажинце


На регионалниот пат Тетово-Јажинце синоќа околу 21 часот се случила сообраќајна несреќа во која е усмртена мечка, а нема повредени луѓе. Несреќата се случила кај Доброште. -Вчеравечер (5 октомври) во 21 часот и 15 минути во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Јажинце-Тетово, во тетовско Доброште, патничко моторно возило „цитроен“ со скопски регистарски […]

Забрана за приближување и контакт за скопјанец кој му се заканувал на градоначалникот на Карпош и соседи


 Основното јавно обвинителство Скопје повело постапка против 60 годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело загрозување на сигурноста предвидено во член 144 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. Како што денеска информираа од Јавно обвинителство на Република Северна Македонија, на 4 октомври, осомничениот со […]

Се бара притвор за мажот кој и покрај забраната за приближување, ја претепа сопругата


Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 25-годишен скопјанец кој пред два дена ѝ се заканувал, а потоа и физички ја нападнал својата сопруга со која бил во бракоразводна постапка, а имал и судска забрана да контактира со неа и да ѝ се приближува. Како што соопштија денеска од Обвинителството, постапката против скопјанецот се води […]

За злоупотреба на ликовите на доктори за рекламирање чај, ОЈО издаде казнен налог


Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно физичко и едно правно лице, кои се обвинети за три кривични дела – Злоупотреба на лични податоци од член 149 од Кривичниот законик. Обвинетиот 34-годишник, како одговорно лице во правното лице, во периодот од ноември 2022 до април 2023 година, […]

На Бит Пазар приведен крадец баран со централна потерница


Денеска во 10.50 часот на ул.„383“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Е.(45) од Скопје. Како што информираа од МВР,  тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување на казна затвор од една година за сторено кривично […]

Приведен и вториот осомничен за пожарот во Старата скопска чаршија, определен притвор


По преземени мерки и активности, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера го лишиле од слобода Б.А.(18) од скопското село Студеничани, кој беше баран по централен распис. Како што соопшти МВР, Б.А. се сомничи дека на 28 август 2023 околу 4:00 часот на улица „Градиште“ во Старата скопска чаршија со малолетник […]

Вечерва приведен криумчар на мигранти, пронајдени 11 лица од Сирија


Денеска (02.10.2023) околу 19 часот на регионалниот пат Стојаково-Богданци, полициски службеници од РЦГР Југ- ПС за ГП и ГН Богородица го лишиле од слобода М.С. (63) од Скопје, кој во товарно моторно возило „ман“ со скопски регистерски таблички превезувал 11 мигранти од Сирија. Откако возилото било запрено, од страна на полициските службеници бил воочен бункер […]

Тетовец ги претепал сопругата и малолетниот син


Триесет и четиригодишна жителка на тетовско село Желино ноќеска во 1 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавила дека нејзиниот сопруг, 39-годишниот В.З. од истото село, околу 19 часот и 30 минути во семејниот дом физички ги нападнал неа и малолетниот син, извести СВР Тетово. Се расчистува и документира случајот.  

Се запалила кујна во стан во „Џеваир“ додека газдите не биле дома


Горела од кујна во една од кулите „Џеваир“, по што настанал пожар, соопштија од МВР. Ова се првичните информации од полицијата за интервенцијата во една од највисоките згради во Скопје. – На 01.10.2023 год во 16.45 часот било пријавено дека во стан од една од кулите „Џеваир“ настанал пожар во кујната, додека во него не […]