Се запалила кујна во стан во „Џеваир“ додека газдите не биле дома


Фото: Б. Грданоски

Горела од кујна во една од кулите „Џеваир“, по што настанал пожар, соопштија од МВР.

Ова се првичните информации од полицијата за интервенцијата во една од највисоките згради во Скопје.

– На 01.10.2023 год во 16.45 часот било пријавено дека во стан од една од кулите „Џеваир“ настанал пожар во кујната, додека во него не биле сопствениците. Притоа, противпожарниот систем се активирал и го изгаснал пожарот. Повредени лица нема, а полициски службеници излегле на лице место – велат од МВР.