Ограбено казино во Аеродром


Вчера утрината бил пријавен грабеж на казино во скопски Аеродром. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (21.12.2025) во 07:42 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 07:30 часот во казино на подрачјето на општина Аеродром, едно лице со закана кон вработената одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на …

Ограбено казино во Аеродром Read More »

Странец осомничен за поседување оружје и напад на полицаец во Скопје


Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против американски државјанин со потекло од Нигерија. По повеќе преземени истражни дејствија во текот на вчерашниот ден, како што информира Јавното обвинителство, се обезбедија докази за основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. Против него е …

Странец осомничен за поседување оружје и напад на полицаец во Скопје Read More »

Нигериец со американски пасош нападнал полицаец во Градски парк


Вистинска драма се одвивала рано утрово пред познат угостителски објект во Градскиот парк во Скопје. Полицијата морала да интервенира и да приведе странски државјанин кој физички нападнал службено лице, а притоа бил вооружен.​Инц идентот се случил во 4:30 часот, кога забавата во паркот сè уште траела. ​Според СВР Скопје, лишен од слобода е 37-годишниот У.И.У. …

Нигериец со американски пасош нападнал полицаец во Градски парк Read More »

Двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајка на патот Белград – Ниш


Двајца државјани на Северна Македонија загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случила рано утрово на автопатот Белград – Ниш во Србија. Според информациите на српските медиуми, автомобилот во кој се превезувале излетал од патот. Несреќата се случила кај клучката Умчари.Според првичните и неофицијални информации, возилото марка „Сеат“ со германски регистарски ознаки изгубило контрола и …

Двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајка на патот Белград – Ниш Read More »

Педесет и шестгодишник во Битола обвинет за полов напад и телесна повреда на вонбрачна партнерка


Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 56-годишник осомничен за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 и кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 7 во врска со став 3 од Кривичниот законик. Како што соопшти ЈОРСМ, осомничениот, на 18 декември попладне, …

Педесет и шестгодишник во Битола обвинет за полов напад и телесна повреда на вонбрачна партнерка Read More »

МВР откри 155.000 парчиња пиротехника, три пати повеќе од лани


Над 155.000 парчиња пиротехнички средства се откриени годинава, што е трипати повеќе споредено со минатата 2024 година, истакна денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на показната вежба во центарот на Скопје, организирана од МВР во соработка со Црвениот крст и ученици од СУГС „Владо Тасевски“, каде преку реална симулација беа прикажани повреди од несоодветна …

МВР откри 155.000 парчиња пиротехника, три пати повеќе од лани Read More »

Банкарски работник од Битола менувал лимити на картичките на него и на фамилијата – овозможил да ќарат над 10.000 евра


Банкарски работник од Битола ќе одговара кривично поради злоупотреба на службената положба. СВР Битола поднесе кривична пријава против М.С.(35) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување’’. Како што се наведува во полицискиот билтен, тој, во својство на службено лице во банка во Битола, во неколку …

Банкарски работник од Битола менувал лимити на картичките на него и на фамилијата – овозможил да ќарат над 10.000 евра Read More »

Тешко повредена скопјанка – паднала кога закочил автобусот


Скопјанка е тешко повредена во автобус во Скопје.  – На 18.12.2025 во СВР Скопје, З.А.(61) од Скопје пријави дека на 25.11.2025 околу 08:45 часот во Скопје, додека се превезувала како патник во автобус, при кочење на автобусот паднала и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, известија од полицијата.  …

Тешко повредена скопјанка – паднала кога закочил автобусот Read More »

Кривична за 33 лица, 11 во притвор – переле пари преку набавки за ЕСМ Дистрибуција на топлина


Во текот на ноќта на 17 и 18.12. 2025 година, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, полициски службеници од Одделот за организиран и сериозен криминал спроведоа координирана акција на повеќе локации во Скопје и околината, како и во Куманово, Неготино, Велес, Пехчево, Пробиштип и Кочани. …

Кривична за 33 лица, 11 во притвор – переле пари преку набавки за ЕСМ Дистрибуција на топлина Read More »

Пет девојки од Желино претепале 19-годишна жителка на истото село


Тетовската полиција поднесе кривична пријава против пет жени од тетовското село Желино поради физички напад врз 19-годишна девојка од истото село. Како што се наведува во полицискиот билтен, СВР Тетово поднело кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од село Желино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. …

Пет девојки од Желино претепале 19-годишна жителка на истото село Read More »

Маж од Виница, со „пежо“ излетал од патот и загинал


На 16.12.2025 во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот. Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По …

Маж од Виница, со „пежо“ излетал од патот и загинал Read More »

Барале да им се исплати превоз на ученици од 250.000 евра, иако договор бил истечен


СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.З.(46) од Тетово и против правно лице –транспортно претпријатие од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ и „давање лажен исказ“. Во текот на септември и октомври 2024 година, пријавените, иако знаеле дека договорот за превоз на редовни ученици, склучен помеѓу пријавените и средно училиште …

Барале да им се исплати превоз на ученици од 250.000 евра, иако договор бил истечен Read More »

Велешанец осуден на затвор – на малолетното дете му дал електричен тротинет


Родител од Велес е осуден на условна казна затвор од три месеци затоа што му дал електричен тротинет на својот малолетен син, кој заедно со другар се повредил додека се возеле. Казната е алтернативна – затворот нема да се издржи доколку во наредната година не стори ново кривично дело. – Судот во Велес го прогласи …

Велешанец осуден на затвор – на малолетното дете му дал електричен тротинет Read More »

Тинејџерка од Скопје натепана од бившиот на автобуска постојка во Гази Баба


19-годишна девојка физички нападната од поранешното момче на автобуска постојка во Гази Баба. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (15.12.2025) во 16:30 часот во СВР Скопје, 19-годишна жена пријави дека на 14.12.2025 околу 19:10 часот на автобуската постојка на подрачјето на Гази Баба, била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер М.Ј.(29). Се преземаат …

Тинејџерка од Скопје натепана од бившиот на автобуска постојка во Гази Баба Read More »

Пожар во средишниот дел на Неготино


Претпладнево, изгоре куќа во пожар во строгиот центар на Неготино. Десетмина пожарникари со три противпожарни возила спречиле огнот да се прошири на густо населената околина, во која во опасност од пламените јазици биле уште неколку објекти. Некои од нив и биле опожарени. За среќа, не настрадал повозрасниот човек што живеел во куќата што изгорела во …

Пожар во средишниот дел на Неготино Read More »

Екс-градоначалникот на Демир Капија и екс-директор на КП „Бошава“ ќе одговараат поради загадување на животната средина


ОВР Неготино, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против Л.П.(42) од Демир Капија, П.Ј.(50) од Неготино, против општина Демир Капија и јавно претпријатие за комунални работи „Бошава“ од Демир Капија поради постоење основи за сомнение дека сториле кривично дело „загадување на животната средина и природата“ по член 218 од Кривичниот законик. Како што …

Екс-градоначалникот на Демир Капија и екс-директор на КП „Бошава“ ќе одговараат поради загадување на животната средина Read More »

(ФОТО) Фатени шверцери со стотици парчиња брендирана гардероба и алат на автопатот Табановце-Куманово


Спречен шверц и запленети 272 парчиња разновидна брендирана роба и 174 парчиња разновиден рачен алат без документација. Како што информираа од МВР, вчера (14.12.2025) на автопатот Табановце-Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при ОГРМ во два одвоени настани ги лишиле од слобода Б.И (38) од Куманово и Б.С (41) од Скопје. Полициските службеници, …

(ФОТО) Фатени шверцери со стотици парчиња брендирана гардероба и алат на автопатот Табановце-Куманово Read More »

Зошто е лишен од слобода поранешниот државен правобранител?


Полициски службеници по наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција го лишија од слобода Ф.С. поради сторено кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание.   Во периодот од октомври до 13.12.2025 година осомничениот примил вкупен износ од 50.000 евра за да посредува и да го искористи …

Зошто е лишен од слобода поранешниот државен правобранител? Read More »

Обвинителството бара постапка против пет малолетници за насилство во училишен двор во Сарај


Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка за вкупно пет деца во судир со законот, бидејќи презеле дејствија кои се предвидени како кривично дело – Насилство од член 386 од Кривичниот законик. Станува збор за малолетници, на возраст од по 14 и 15 …

Обвинителството бара постапка против пет малолетници за насилство во училишен двор во Сарај Read More »

Спречен увоз на над 26 тони пилешко месо од Бразил на граничниот премин Ќафасан


 Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на граничниот премин Ќафасан спречија увоз на над 26 тони замрзнат пилешки батак без коска поради неисполнување на условите за увоз. Станува збор за пратка со 2167 пакувања по 12 килограми замрзнато пилешко месо, која по донесеното Решение за забрана за увоз од официјалните ветеринари на …

Спречен увоз на над 26 тони пилешко месо од Бразил на граничниот премин Ќафасан Read More »