Синдикалци: Бараме скалесто покачување на платите по зголемувањето на минималната плата


Претседателот на ССМ Дарко Димовски во вечерашната емисија „24 анализа“ истакна дека минималната плата од 18.000 денари е голем успех и легитимно право е што бараат скалесто зголемување на сите останати плати, согласно порастот на минималната плата. – Тоа го нуди членот 8 од Законот за минимална плата. Преговараме со ресорните министерства, кој од каде […]

Битиќи: Не може со една алатка да се решаваат проблемите во целиот јавен сектор


Само сакам да се држиме до тоа што сме го договориле, порача вечерва вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во тв дебатата на ТВ24 со синдикалните претставници за скалестото зголемување на платите во јавниот сектор. Битиќи изрази жалење што за само три недели, откако почна руско-украинскиот конфликт, не важи она околу кое сите страни се […]

Ковачевски: Успешно ја менаџираме кризата, нема рестрикции, ниту намалено производство


Ние сме една од ретките држави во Југоисточна Европа која нема ниту еден ден рестрикција, намалено производство или проблем со снабдувањето, а и поскапувањето на струјата е најмало во регионот, рече вечерва генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски. Тешко е, рече Ковачевски, да се менаџира ситуацијата во криза која дополнително е обременета и со руско-украинскиот […]

Над 160 компании алармираат за проблеми поради кризата, најалармантно е во градежништвото


Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, денеска предупреди на состојбите во реалниот сектор, нагласувајќи дека од 160 компании добиваат се поалармантни и загрижувачки информации. Тој вели дека податоците ги обработуваат по што ќе ги проследат до јавниот сектор. За ваквите состојби станало збор и на седница на Управниот одбор на комората која […]

Колку чини час работа во Европа? Разликите се големи, од 7 евра во соседството, до 47 на север


Во 2021 година, просечните трошоци за работа на час се проценуваа на 29,1 евра во ЕУ и 32,8 евра во еврозоната, во споредба со 28,6 и 32,4 евра, соодветно, во 2020 година, објави Евростат. Најмалку во Бугарија, најмногу во Данска Просечните трошоци за работна сила по час прикриваат значителни јазови меѓу земјите-членки на ЕУ, при […]

Прво „Хајнекен“, а потоа и „Карлсберг“ објавија дека целосно ја напуштаат Русија


  Концернот за пиво „Карлсберг“ ќе ги продаде имотите во Руската Федерација и ќе го напушти рускиот пазар. Ова се вели во соопштението на компанијата. „Карлсберг“ рече дека „длабоко жали“ за последиците од оваа одлука за 8.400 руски вработени и нагласи дека додека не заврши продажбата на средствата, тие ќе продолжат да работат и ќе […]

Комисијата за финансирање и буџет: Наместо расправа за Предлог-законот за буџети, формирана работна група


Денешната седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет почна со процедурални забелешки, по што беше прекината. Материјалната расправа по законите не почна. Претседавачот на Комисијата Бојан Стојаноски образложи дека седницата е прекината бидејќи за Предлог-законот за буџети, којшто е во второ читање, има поднесено над 120 амандмани од политичките партии, а забелешки на законското […]

Индустриските производи за една година поскапеле 18,5 отсто


Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во февруари годинава се повисоки за 1,6 проценти на месечно и за 18,5 проценти на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика. Во февруари во споредба со јануари 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во групите Капитални производи за […]

Бензините и дизелот поскапуваат за 1,5 денари


Бензините БС-95 и БС-98, како и Еуродизелот (Д-Е V) од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денари за литар, а за три денари Екстра лесното масло за домаќинства, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Новата малопродажбна цена на литар ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 83,50 денари, а 85,5 денари на ЕУРОСУПЕР БС-98. Литар […]

Ковачевски: Поради солидарноста во регионот немаме недостиг на пченица во овој момент


Уште минатата година како земја започнавме со проекти во полето на енергетска транзиција и од традиционални извори на енергија да почнеме со производство на енергија од обновливи извори. Затоа бројни проекти во полето на соларната енергија веќе беа започнати, а еден од нив наскоро ќе биде пуштен во производство и поврзан на мрежата, порача претседателот […]

Путин не отстапува, бара рускиот гас да се плаќа во рубли


Рускиот претседател Владимир Путин на 31 март очекува извештај од владата, централната банка и Гаспром за примена на упатството за примена на рубљата за плаќање на гасот што се испорачува на „непријателските земји“, објави прес-службата на Кремљ. Владата на Руската Федерација, заедно со Банката на Русија и јавното акционерско друштво Гаспром, треба да примени сет […]

Раст на продажбата на возила на нови извори на енергија во Кина


Производството и продажбата на возила напојувани со нови извори на енергија во Кина драстично се зголеми во првите два месеца од оваа година и покрај пандемијата на коронавирусот, како и зголемените цени на суровините, се наведува во извештај на Кинеската академија за информации и комуникациски технологии. Според извештајот, „во јануари и февруари се произведени околу […]

Во четврток 42. сесија на Клубот на истражувачи на Народната банка


Во четврток ќе се одржи 42. сесија на Клубот на истражувачи на Народната банка. „Евроизација кај домаќинствата во Република Северна Македонија: Дали е блиску или далеку од оптималните нивоа?“ е темата на која ќе говорат Тања Јакимова, Милан Елисковски и Артина Беџети Бафтијари.  Сесијата ќе се одржи преку видеоконференциска врска, а ќе почне во 14 часот. По […]

Цените на нафтата паѓаат


Цените на нафтата денеска значително паднаа по наглото поскапување минатата недела. Трговците се загрижени за заклучувањето во Шангај, што може да доведе до пад на побарувачката за нафта во Кина, најголемиот увозник на нафта во светот. На лондонскиот пазар утрово цената на барелот падна за 2,6 отсто, на 117,50 долари, додека на американскиот пазар барелот […]

Каде руските олигарси ги кријат своите „црни пари“


Со децении, руските олигарси пренесуваа милијарди долари незаконски стекнати пари во странство, ставајќи ги во скриени компании за да се направи исклучително тешко да се следи. Сега, земјите ширум светот преземаат чекори за да ги пронајдат. Колку руски „црни пари“ има низ светот? Американскиот тинк-тенк Атлантскиот совет вели дека Русите имаат околу 1 билион долари […]

Ова е крајот на глобализацијата, вели првиот човек на финансиската империја „БлекРок“


Лари Финк, првиот човек на финансиската империја „БлекРок“ (најголемиот светски менаџер на средства), напиша во писмо до акционерите дека руската инвазија на Украина го менува светскиот поредок по Студената војна. „Руската инвазија го означува крајот на глобализацијата каква што ја знаеме во последните три децении. Нападот ја зголеми поларизацијата и екстремистичкото однесување што сè почесто […]

Лагард: ЕЦБ не очекува стагфлација во еврозоната


Европската централна банка (ЕЦБ) не очекува војната во Украина да ја турне еврозоната во стагфлација, дури и ако инфлацијата се зголеми поради високите цени на енергијата и забавувањето на растот, изјави претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард. „Податоците што ги добиваме не укажуваат на ризик од стагфлација“, рече Лагард во интервју за кипарскиот весник Filelefteros, што […]

Регулаторот ги повикува Французите да ја намалат потрошувачката на енергија


 Војната во Украина директно го постави прашањето за зависноста на европскиот континент од природниот гас од Русија. Претседателот на Комисијата за регулирање на енергијата , Жан-Франсоа Каренко, денеска ги повика сите Французи да штедат енергија уште сега, навестувајќи им го ризикот да се соочат со тензии во снабдувањето следната зима, јави дописникот на МИА. Во […]

Утре започнува етапната исплата на мартовски пензии, со дополнителни 1.000 денари финансиска поддршка


Од утре (29 март) започнува етапната исплата на мартовските пензии, кои се повисоки за 1.000 денари. Како што информираат од Министерството за труд и социјална политика, повеќе од 330 илјади пензионери ќе ги добијат дополнителните 1000 денари со исплатата на мартовската пензија преку договорената директна финансиска помош која ќе биде исплатена и во месеците април […]

Канада вети дека ќе им помогне на земјите да престанат да користат руска нафта


Канада –  Канада соопшти дека може да обезбеди повеќе нафта, гас и ураниум за да помогне во решавањето на глобалната енергетска криза, јави Би-Би-Си. Канадскиот министер за природни ресурси Џонатан Вилкинсон изјави дека многу земји се посветени „да помогнат колку што можеме во однос на надоместувањето на руската нафта и гас“. Четвртиот најголем производител на нафта […]