ММФ стартува итни програми на финансирање заради можноста од избивање немири


 

Во извештајот на Меѓународниот монетарен фонд „Фискалната политика од пандемија до војна“, челниците на оваа финансиска институција истакнуваат дека потребно е итно спроведување мерки на кредитирање на државите членки чиј БДП брзо опаѓа, инаку она што следи се општествени немири.

ММФ е отворен за можнсота за пружање итно финансирање на ранливите земји кои се соочуваат со прашања за сигурност на храна или дополнително финансирање во рамки на веќе постоечките програми за позавмување пари.

„Сигурноста на храната беше критично прашање на овонеделните состанови на членовите на ММФ и Светската банка, со дополнително финансирање кои им е потребно на некои земји, посебно на оние кои веќе се соочуваат со долг“, истакна Виктор Гаспар, директор на одделот за фискални прашања на ММФ.

Рече дека ако земјата веќе има програма од ММФ, може да се разгледа дополнително финансирање врзано за приоритетите за сигурност за храната, а во случај таква програма да не постои, или од некоја причина државата да не сака да ја користи таа можност, нудат и итно финансирање.

Руската инвазија на Украина створи криза покрај кризата со разорување на човечки животи и огромно незадување за глобалната економија.

„Нашиот извештај „Светски економски изгледи“, предвидува успорување на глобалниот раст за 3,6 отсто во 2022 година со 6,1 отсто во 2021 година. Ја сниживме нашата прогноза за 143 земји, што претставува 86 отсто од глобалниот БДП3, рече директорката на ММФ, Кристалина Георгиева.

Таа додаде дека инфлацијата стигнала до највисоко ниво забележано во последните неколку децении. Цените на храната вршат притисок на домаќинствата ширум светот, посебно на најсиромашните. Тое може да предизвикаат социјални немири.

Директорката на ММФ, исто така, истакна дека кризата со енергентите гги поттикна владите кон поголема определба за користење на чисти и обновливи извори на енергија, кои би овозможиле поголем степен на сигурност во кризни ситуации.